Page 209 of 281

Нега на возилото207капакот цврсто. Нека Ви ја провериконцентрацијата на антифризот и
нека Ви ја отстрани причината на
губење на течноста за ладење
автомеханичар.
Ако е потребно значително
количество на течност за ладење,
ќе треба да се исцеди заглавениот воздух од системот за ладење.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Течност за серво
управувањеВнимание
Многу мали загадувања може да предизвикат оштетување на
системот за управување и
неправилна работа. Не
дозволувајте загадувачи да
дојдат во допир со делот што
доаѓа во допир со течноста на
капачето на резервоаротили да
навлезат во резервоарот.
Нивото на течноста обично не
треба да се проверува. Во случај на невообичаен звук при
управувањето или ако серво
управувањето реагира
невообичаено, побарајте помош во
сервис.
Зависно од возилото, резервоарот
за течноста за серво управување
може да е сместен во просторот за моторот (Тип А) или под лакот на
предното тркало, зад трим панелот
(Тип Б).
Тип ААко нивото на течноста во
резервоарот падне под ознаката
MINI , посоветувајте се со
автомеханичар.
Тип B
Ако нивото на течноста во
резервоарот падне под ознаката
MIN , посоветувајте се со
автомеханичар.
Page 210 of 281

208Нега на возилотоТечност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество течност
за миење на шофершајбната која
содржи антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Користењето течност за миење
што содржи изопропанол може
да ги оштети надворешните
ламби.
Сопирачки
Во случај на минимална дебелина
на плочките за сопирање, за време на сопирањето се слуша цвичење.
Можно е да се продолжи со
возењето, но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките колку е
можно поскоро.
Штом се ставени нови пакните, не
сопирајте непотребно силно на
првите неколку патувања.
Течност за сопирачките
9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Нивото на течноста за сопирачките
мора да биде помеѓу ознаките MIN
и MAX .
Кога дотурате, уверете се дека течноста е сосема чиста бидејќи
загадената течност за сопирачките може да доведе до неисправности
во системот на сопирачки. Нека Ви
ја отстрани причината на губењето
на течноста а сопирачките
автомеханичар.
Користете само такви течности за
сопирачките кои се одобрени за
Вашето возило.
Течност за сопирачките и за
куплунгот 3 255.
Page 211 of 281

Нега на возилото209Акумулатор
Клемата за палење со кабли се наоѓа во просторот за моторот.
Палење со кабли 3 245.
Акумулаторот на возилото не се сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки
растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Контролната сијаличка p
светнува ако има дефект на
системот за полнење. Запрете,
исклучете го моторот и побарајте помош од автомеханичар.
Систем за полнење 3 109.Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирање на возилото подолго од четири седмици може да доведе до
празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од
акумулаторот на возилото.9 Опасност
Уверете се дека палењето е
целосно исклучено (возилото не смее да биде во Autostop), пред
да го поврзете или исклучите акумулаторот.
Систем за сопирање-поаѓање
3 155.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 130.
Пристап до акумулаторот
Акумулаторот се наоѓа, зад плоча
во прагот на предната лева врата.
Извадете ја плочата за пристап кон акумулаторот.
Замена на акумулаторот Акумулаторот секогаш треба да се
заменува со акумулатор од ист тип.
Побарајте помош од
автомеханичар за да ви го заменат
акумулаторот.
Систем за сопирање-поаѓање
3 155.
Page 212 of 281

210Нега на возилотоПолнење на акумулаторот9Предупредување
Кај возила со систем за
сопирање-поаѓање, уверете се
дека потенцијалот на
полнењето не надминува
14,6 V кога се користи полнач за батерија. Во спротивно, може да
се оштети батеријата на
возилото.
9 Опасност
Обезбедете соодветно
проветрување кога го полните акумулаторот. Постои ризик одексплозија ако гасовите што се
произведуваат за време на
полнењето се остават да се
насоберат!
Палење со кабли 3 245.
Етикета за предупредување
Значење на симболите:
● Забранети се искри, отворен пламен или пушење.
● Секогаш штитете ги очите. Експлозивните гасови може дапредизвикаат слепило или
повреда.
● Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
● Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може
да предизвика слепило или
тешки изгореници.
● Видете во Сопственичкиот прирачник за повеќе
информации.
● Во близина на акумулаторот може да има експлозивен гас.
Дополнителен акумулатор
Во зависност од помошната
опрема на возилото, одредени
модели може да имаат
дополнителен акумулатор
монтиран под десното предно
седиште.
Page 213 of 281

Нега на возилото211Забелешка
Дополнителниот акумулатор
автоматски се поврзува со
главниот акумулатор на возилото
само кога моторот работи. Нема
потреба рачно да го исклучувате
пред да го исклучите главниот
акумулатор на возилото или пред да го палите возилото со кабли.
Терминалите се направени за дополнителни електрични
потрошувачи до максимум 50 A.
Палење со кабли 3 245.
Филтер за дизел горивоИсцедете ја наталожената вода од
филтерот за дизел гориво при
секое менување на моторното масло.
Ставете сад под куќиштето на
филтерот. Олабавете ги
избраздените шрафови на капакот
на филтерот и на долниот дел од
филтерот со приближно едно
вртење за да ја исцедите водата.
Филтерот е исцеден штом дизел
горивото ќе се појави од
избраздениот шраф одоздола.
Стегнете ги двата шрафа
повторно.
Проверувајте го филтерот за дизел гориво почесто ако возилото е
изложено на екстремни работни
услови.Цедење на системот со
дизел гориво
Ако резервоарот за гориво се
испразнил докрај, ќе треба да се
проветри или исцеди системот за
дизел гориво.
Page 214 of 281

212Нега на возилотоНаполнете го резервоарот со
гориво и постапете на следниот
начин:
1. Ставете соодветен сад под шрафот за испуштање на
филтерот за гориво за да се
собере горивото.
2. Разлабавете го шрафот за испуштање (означен со
стрелка) со едно вртење.
3. Рачно ракувајте со вградената пумпа за снабдување полека и
рамномерно додека во
горивото коешто излегува преку разлабавениот шраф за
испуштање нема воздушни
меури.
4. Затегнете го шрафот за испуштање повторно.
Со возила без вградена пумпа за
снабдување, наполнете го
резервоарот со гориво и постапете на следниот начин:Внимание
Не вртете го клучот за палење
во положба 3 пред да почне
постапката за цедење.
Положби на прекинувачот за
палење 3 152.
1. Свртете го клучот за палење во
положба 2 и задржете го
5 секунди.
2. Свртете го клучот во положба 1 и почекајте 3 секунди.
3. Повторете ги чекорите 1 и 2 повеќе пати.
4. Свртете го клучот во положба 3, па вратете го во 0.
Ако моторот не може да се запали
по повеќе обиди за цедење на
системот за дизел гориво,
побарајте помош од
автомеханичар.
Замена на четкичките на
бришачите
Четкички на бришачите на
шофершајбната
Ако е потребно, користете го
прекинувачот под предните
фарови за да стигнете до
бришачот за шофершајбната.
Подигнете ја рачката на бришачот,
притиснете ја спојката за држење
кон рачката на бришачот и
откачете ја четкичката на
бришачот.
Page 215 of 281
Нега на возилото213Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на
рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот
внимателно.Замена на сијалиците
Уверете се дека палењето е
целосно исклучено (возилото не
смее да биде во Autostop 3 155 ), па
исклучете го соодветниот
прекинувач или затворете ги
вратите.
Држете ги новите сијалици само кај
базата. Не допирајте го стаклото на
сијалицата со голи раце.
Користете го само истиот вид на
сијалица за замена.
Проверка на ламбите
По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и проверете ги светлата.
Вршење работа 3 203.Предни фарови
Предните фарови имаат посебни
системи за долго светло 1 и средно
светло 2.
Page 216 of 281
214Нега на возилотоДолго светло
1. Извадете го заштитниот капакна предните фарови.
2. Одвојте го кабел штекерот од фасонката.
3. Ослободете ја спојката со пружина и повлечете ја
фасонката од куќиштето на
фарот.
4. Извадете ја сијаличката од фасонката и сменете ја за нова.
5. Ставете ја фасонката во куќиштето фарот.
6. Прицврстете ја со спојката со пружина и прицврстете го кабел
штекерот на фасонката.
7. Ставете го заштитниот капак на
предниот фар.
Средно светло
1. Извадете го заштитниот капак на предните фарови.
2. Одвојте го кабел штекерот од фасонката.
3. Завртете го држачот на сијалицата обратно од правец
на стрелките на часовникот за
да се ослободи.
4. Извлечете го држачот на сијалицата од куќиштето на
рефлекторот.