Page 177 of 281

Возење и ракување175Режим за товарење кг
Возможно е да се користи режимот
за товарење и во рачен и во
автоматски режим. И во двата
случаја шаблоните за менување на
брзините се приспособуваат
автоматски кон носењето на
зголемен товар.
Активирање
Притиснете kg. Контролната
сијаличка kg се покажува на
екранот на менувачот. Менувачот
потоа ќе одбира оптимизирани
шаблони за менување брзини.
Деактивирање
Режимот за товарење се исклучува со:
● притиснете kg повторно
● исклучување на палењето
Збоднување Ако педалот за гас е притиснатпреку отпорната точка, менувачот
се префрлува во помала брзина
зависно од брзината на моторот.
За забрзување целата моќност на
моторот стои на располагање.
Ако брзината на моторот е
преголема, менувачот се
префрлува во поголема брзина,
дури во рачниот режим. Без
збоднувањето ова автоматско
менување не настанува во
механичкиот режим.
Дефект
Во случај на дефект, контролната
сијаличка W се покажува на
екранот на менувачот. Може да се
продолжи со возењето под услов
возилото да се вози внимателно и
со предвидување.Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Прекин на напојувањето Куплунгот не се ослободува ако
има прекин на напојувањето кога
се става во брзина. Возилото не може да се помрдне.
Ако е акумулаторот испразнет,
запалете го возилото користејќи
кабли за палење 3 245.
Ако причината за прекинот на
напојувањето не е испразнет
акумулатор, побарајте помош од
автомеханичар.
Ако не може да се стави во лер, возилото смее да се влече само така што погонските тркала треба
да бидат кренати од земјата
3 247.
Влечење на возилото 3 247.
Page 178 of 281

176Возење и ракувањеСопирачки
Системот на сопирачки се состои од две независни кола за
сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање, возилото се уште може да се сопре
со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога ќе го притиснете педалот за
сопирачките цврсто. Значително
повеќе сила треба да користите за
тоа. Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од
автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува штом
педалот за сопирачките ќе се
притисне еднаш или двапати.
Дејството на сопирањето не е
намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка R 3 110.Систем за деблокирање
на сопирачките
Системот за деблокирање на
сопирачките (ABS) ги спречува
тркалата да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото осанува управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на
процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го педалот за сопирачките целосно
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз
педалот.
Контролна сијаличка u 3 111.
Дефект Ако контролните сијалички u и j
се палат со пораките CHECK ABS
(ПРОВЕРЕТЕ ГО ABS) и CHECKESP (ПРОВЕРЕТЕ ГО ESP) на
Информативниот центар за
возачот, има дефект во ABS-от.
Системот на сопирачки останува
функционален, но без регулирање
од ABS.9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Ако контролните сијалички u, j ,
R и C светат, ABS и ESC се
деактивирани и пораката BRAKING
FAULT (ДЕФЕКТ НА
СОПИРАЧКИТЕ) се покажува на
Информативниот центар за
возачот. Побарајте помош од
автомеханичар.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Page 179 of 281

Возење и ракување177Сопирачка за паркирање9Предупредување
Секогаш затегнувајте ја рачната
сопирачка цврсто без да
ракувате со копчето за
ослободување, и на удолнини
или угорнини затегнете ја
истата колку е можно поцврсто.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
спуштете ја рачката целосно.
За да се намалат работните
сили на сопирачка за
паркирање, истовремено
ослободете ја педалата на
сопирачката.
Контролна сијаличка R 3 110.
Паркирање 3 158.
Повлекувачка сопирачка за
паркирање
Зависно од возилото, сопирачката
за паркирање се повлекува во
хоризонална позиција дури и кога
сопирачката за паркирање е
подигната.
За да ја ослободите сопирачката за паркирање, притиснете го копчето
за ослободување и повлечете ја
рачката малку нагоре, па вратете ја
во хоризонтална положба.
За да ја затегнете сопирачката за
паркирање, повлечете ја рачката
нагоре, па отпуштете ја. Рачката се
враќа во хоризонтална положба.
Серво кочење
Ако педалот за сопирачките се
нагазне брзо и силно,
максималната сила на сопирањето автоматски се применува (целосно сопирање).
Одржувајте постојан притисок врз
педалот на сопирачката се додека
постои потреба од целосно
сопирање. Максималната сила на
сопирањето автоматски се
намалува кога се отпушта педалот
за сопирачките.
Серво кочењето не е достапно за
време на Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 155.
Page 180 of 281

178Возење и ракувањеПомош при поаѓање наугорници
Системот помага да се спречинесакано движење кога се вози по
стрмнини.
При ослободување на педалата на
сопирачката при запирање на
закосени површини (со менувачот
во брзина или рикверц),
сопирачките остануваат активни за дополнителни 2 секунди.
Сопирачките се отпуштаат
автоматски штом возилото ќе
почне да забрзува.Внимание
Помошта при поаѓање на угорници не може целосно да го спречи движењето на возилото
во сите ситуации (екстремно
стрмни делови од патот, итн.).
Ако е потребно, притиснете ја
педалата на сопирачката за да
спречите движење на возилото
наназад.
Помошта при поаѓање по
нагорнини не е активна за време
на Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 155.Системи за контрола
на возењето
Систем за контрола на пролизгувањето
Системот за контрола на
пролизгувањето (TC) е составен
дел од електронската контрола на
стабилноста (ESC) која ја
подобрува стабилноста на
возењето кога е потребно, без
оглед на видот на површината на
патот или прилепувањето на
гумите, така што спречува
пролизгување на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да
пролизгуваат, излезната сила на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу пролизгува се сопира
поединечно. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини на коловозот.
TC функционира штом палењето е вклучено и контролната сијаличка
b се гасне во групата инструменти.
Page 181 of 281

Возење и ракување179Се појавува и соодветна порака на
Информативниот центар за
возачот 3 115.
Кога TC е активно, b трепка.9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 111.
Помош за стабилноста на
приколката 3 199.
Подобрена функција на
пролизгување
Ако е потребно, ако има меко тло,
кал или патот е покриен со снег,
може да се исклучи системот за
контрола на пролизгувањето (TC)
за да се зајакне тракцијата:
Притиснете Ø на таблата со
инструменти.
Контролната сијаличка Ø свети на
групата инструменти и соодветна
порака се појавува на
Информативниот центар за
возачот 3 115.
Кога брзината на возилото ќе
достигне 50 км/ч, системот
автоматски преминува од
подобрена функција на
пролизгување на работа на
контрола на пролизгување.
Контролната сијаличка Ø во
групата инструменти се гаси.
TC повторно се активира со
повторно притискање на Ø.
Контролната сијаличка Ø се гаси.
Page 182 of 281

180Возење и ракувањеTC исто така се активира повторно
следниот пат кога ќе се вклучи
палењето.
Дефект
Ако системот забележи дефект,
контролната сијаличка b 3 111
постојано свети заедно со j
3 110 во групата инструменти и
соодветна порака се појавува во
Информативниот центар за
возачот 3 115.
Системот за контрола на
пролизгувањето (ТС) не работи.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Пораки за возилото 3 116.
Електронска контрола на стабилноста
Електронската контрола на
стабилноста (ESC) ја подобрува
стабилноста при возењето кога е
потребно, без оглед на видот на
површината на патот или
прилепувањето на гумите. Го
спречува и шлајфувањето на
погонските тркала.Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење / нагло
свртување), излезната сила на
моторот се намалува и тркалата се закочуваат посебно. Тоа
значително ја подобрува
стабилноста при возење на
возилото на лизгави површини на
коловозот.
ESC почнува да работи штом
палењето ќе се вклучи и
контролната сијаличка b се
исклучи во групата инструменти.
Се појавува и соодветна порака на Информативниот центар за
возачот 3 115.
Кога се активира ESC, b трепка.9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 111.
Помош за стабилноста на
приколката 3 199.
Подобрена функција на
пролизгување
Ако е потребно, ако има меко тло,
кал или патот е покриен со снег,
ESC може да се деактивира за да
се намали пролизгувањето:
Притиснете Ø на таблата со
инструменти.
Контролната сијаличка Ø свети на
групата инструменти и соодветна
порака се појавува на
Информативниот центар за
возачот 3 115.
Page 183 of 281

Возење и ракување181Кога брзината на возилото ќе
достигне 50 км/ч, системот
автоматски преминува од
подобрена функција на
пролизгување на работа на ESC.
Контролната сијаличка Ø во
групата инструменти се гаси.
ESC повторно се активира со
повторно притискање на Ø.
Контролната сијаличка Ø се гаси.
ESC исто така се активира
повторно следниот пат кога ќе се
вклучи палењето.
Контрола на вртежниот момент
на влечењето на моторот
Системот за контрола на
вртежниот момент на влечењето
на моторот е интегрална функција
на ESC. Кога се става во помала
брзина на лизгави површини,
брзината на моторот и вртежниот
момент се зголемуваат за да се
спречи заклучување на погонските
тркала при нагло забавување.Дефект
Ако системот забележи дефект,
контролната сијаличка b 3 111
постојано свети заедно со j
3 110 во групата инструменти и
соодветна порака се појавува во
Информативниот центар за
возачот 3 115.
ESC не функционира. Нека Ви ја
отстрани причината на дефектот
автомеханичар.
Пораки за возилото 3 116.
Задна оска со ограничено лизгање
Возилата со погон на задните
тркала може да се опремени со
заден диференцијал со автоматско
заклучување којшто автоматски го
контролира вртежниот момент на
секое задно тркало, го подобрува
триењето на мека подлога, кал или
подлоги прекриени со снег.9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Кога брзината на возилото ќе
стигне до 30 км/ч или кога задните
тркала ќе се вратат на подлоги со
нормално триење, на пример
асфалтирани патишта, системот
автоматски се деактивира, а
понекогаш при тоа се слуша и
бучава (но тоа не влијае врз
однесувањето на возилото).
Системот може да се деактивира и
рачно штом ќе се создадат услови
за нормално триење со кратко
ослободување на педалата за гас.
Page 184 of 281

182Возење и ракувањеСистеми за помош навозачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат вниманието на возачот.
Возачот има целосна
одговорност кога го вози
возилото.
Кога се користат системите за
помош за возачот, секогаш
внимавајте на моменталната
сообраќајна ситуација.
Контрола на патувањето
Контролата на патувањето може
да сними и задржи брзини од
30 км/ч и нагоре. Може да дојде до
отстапувања од снимените брзини кога се вози по угорници или
удолнини. Зачуваната брзина ќе
трепка на информативниот центар
за возачот 3 115.
Од безбедносни причини
контролата на патувањето не може
да се активира се додека еднаш не
се искористи педалата за
сопирање.
Не ја користете контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се задржува постајана брзина.
Со автоматизираниот рачен
менувач, контролата на
патувањето активирајте ја само во
автоматски режим.
Контролните сијалички m и U
3 114.
Вклучување на системотПритиснете m, контролната
сијаличка U се пали зелена во
групата инструменти.
Контролата на патувањето сега е
во режимот за готовност и на
Информативниот центар за
возачот се појавува соодветна
порака.
Забрзувајте се до саканата брзина
и притиснете < или ]. Актуелната
брзина сега се зачувува и се
задржува и педалот за гас може да
се отпушти.