Page 137 of 259

Возење и ракување135● Брзината на возилото е над0 км/ч.
● Контролната сијаличка A, W
или C свети во групата
инструменти.
За да се зголеми или намали
степенот на брзото возење во лер, посоветувајте се со
автомеханичар.
Забелешка
Кога е активирана функцијата за
брзо мирување, системот за
сопирање-поаѓање автоматски е
деактивиран.
Систем за сопирање-поаѓање 3 135.
Исклучување на
пребрзувањето
Доводот на гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзувањето, т.е. кога возилото
се вози во некоја брзина но
педалот за гас е отпуштен.Систем за сопирање-
поаѓање
Системот за сопирање-поаѓање
помага да се заштеди гориво и да
се намали испуштањето издувни
гасови. Кога дозволуваат условите,
го исклучува моторот штом
возилото е во мала брзина или е
сопрено, на пр. на семафор или во
сообраќаен метеж. Го пали
моторот автоматски штом ќе се
отпушти куплунгот. Сензорот за
акумулаторот обезбедува Autostop
да се врши само ако акумулаторот
е доволно полн за повторно
палење.
Активирање Системот за сопирање-поаѓање е
достапен штом ќе се запали
моторот, возилото ќе појде и
условите како што се опишани
подолу во овој дел се исполнети.Деактивирање
Исклучете го системот за
сопирање-поаѓање со притискање на Î. На исклучувањето укажува
постојаното светење на ЛЕД
сијаличката во копчето.
Забелешка
Кога е активирана функцијата за
брзо мирување, системот за
сопирање-поаѓање автоматски е
деактивиран и не може да биде
реактивиран со притискање Î.
LED во копчето се осветлува за да
ја прикаже деактивацијата и
Page 138 of 259

136Возење и ракувањесоодветна порака се појавува во
Информативниот центар за
возачот (DIC) 3 100.
Контрола на брзината во лер
3 134.
Autostop
Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено, активирајте го
Autostop на следниов начин:
● притиснете ја педалата за куплунг
● ставете ја рачката на менувачот во лер (рачен
менувач) или N
(автоматизиран рачен
менувач)
● отпуштете ја педалата за куплунг
Моторот ќе се изгасне, а палењето ќе остане вклучено ако се
исполнети бараните услови.
Autostop е означен кога Ï свети
зелено во групата инструменти.
За време на Autostop, греењето,
серво управувањето и сопирачките
функционираат. Меѓутоа, помошта
за сопирање не е достапна 3 154.
Услови за Autostop
Системот за сопирање-поаѓање
проверува дали е исполнет секој од следните услови, инаку ќе се
попречи Autostop и контролната
сијаличка \ ќе свети во групата
инструменти.
● системот за сопирање- поаѓање не е рачно исклучен
● багажникот е целосно затворен
● возачката врата е затворена или безбедносниот ремен на
возачот е прицврстен
● акумулаторот е доволно наполнет и е во добра состојба
● моторот е загреан
● температурата на течноста за ладење на моторот не е
превисока
● околната температура не е прениска
● функцијата за одмрзнување не
е вклучена
● системот за контрола на климатизацијата не го
попречува Autostop
● вакуумот на сопирачката е доволен
● функцијата за самочистење на филтерот за дизелски честичкине е вклучен
● возилото е поместено од последното Autostop
Page 139 of 259

Возење и ракување137Инаку, Autostop е попречено.
Autostop може да стане недостапно
ако околната температура е околу
точката на мрзнење.
Одредени поставки на системот за
контрола на климатизацијата може
исто така да го попречат Autostop. Видете во поглавјето за контрола
на климатизацијата за повеќе
информации 3 116.
Веднаш по возење по автопат,
Autostop може да биде попречено.
Autostop може да се попречи
привремено ако акумулаторот бил
повторно наполнет од надворешен
извор.
Разработување на новото возило
3 133.
Заштита на акумулаторот од
празнење
За да обезбедите сигурно палење
на моторот, вградени се неколку
функции за заштита од празнење
на акумулаторот како дел од
системот за сопирање-поаѓање.Повторно палење на моторот
од страна на возачот
Притиснете ја педалата на
куплунгот за повторно палење на
моторот.
Ако рачката на менувачот е
поместена од лер (рачен менувач)
или од N (автоматизиран рачен
менувач) или другите услови не се
исполнети, почнете да го користите клучот за палење.
Зелената контролна сијаличка Ï
ќе се изгасне во групата
инструменти кога моторот ќе се
запали повторно.
Ако рачката на менувачот е
поместена од лер (рачен менувач)
или од N (автоматизиран рачен
менувач) пред претходно да се
притисне кумплунгот, нема да
дојде до рестартирање.Повторно палење на моторот
од страна на системот за
сопирање-поаѓање
Рачката на менувачот мора да
биде во лер (рачен менувач) или во
N (автоматизиран рачен менувач)
за да се овозможи автоматско
рестартирање.
Ако еден од следниве услови се
појави за време на Autostop,
моторот ќе се запали повторно
автоматски од страна на системот
за сопирање-поаѓање.
Контролната сијаличка Ï ќе свети
зелено во групата инструменти при автоматско повторно палење на
моторот.
● системот за сопирање- поаѓање е исклучен рачно
● багажникот е отворен
● безбедносниот ремен на возачот е одврзан и е отворенавозачката врата
● температурата на моторот е прениска
● акумулаторот е испразнет
Page 140 of 259

138Возење и ракување● вакуумот на сопирачката не едоволен
● возилото почнува да се движи
● функцијата за одмрзнување е вклучена
● системот за контрола на климатизацијата бара палењена моторот
● претходно определеното време е надминато
Ако некој електричен уред, како
пренослив ЦД-плеер, е поврзан со
штекер, може да се забележи кусо
опаѓање на напонот за време на
повторното палење.
Ако е активен инфозабавниот
систем, звукот на аудиото може
накусо да се намали или прекине
при повторното палење.
Предупредувачки мелодии 3 102.
Дефект Ако контролната сијаличка Ï свети
жолто, има дефект во системот за
сопирање-поаѓање 3 99.
Соодветна порака исто така се
појавува во DIC 3 100. Побарајте
помош од автомеханичар.Паркирање9 Предупредување
● Не го паркирајте возилото
врз лесно запалива
површина. Високата
температура на издувниот
систем може да ја запали
површината.
● Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка без да го
притиснете копчето за
ослободување. Затегнувајте
ја колку е можно поцврсто на
удолници или угорници.
Притиснете ја педалата на сопирачката истовремено за
да се намали работната
сила.
● Изгаснете го моторот.
● Ако возилото е на рамнина или нагорнина, ставете во
прва брзина. Ако возилото е
на угорница, свртете ги
предните тркала од работ на
тротоарот.
Ако возилото е на надолнина,
ставете во рикверц. Свртете
ги предните тркала кон работ на тротоарот.
● Затворете ги прозорците.
● Свртете го клучот за палење во положба 0 и извадете го.
Завртете го воланот додека
не се почувствува дека
бравата на воланот се
заглавила.
Заклучете го возилото 3 24 и
активирајте ги системот за заштита од кражба 3 34 и системот за
тревожење при кражба 3 35.
Воздушна амортизација Работи автоматски кога се вози
возилото. Системот за воздушна
амортизација постојано ја
прилагодува висината на
движењето според оптовареноста
на возилото.
Page 141 of 259

Возење и ракување139Внимание
Да се обезбеди безбедно
функционирање на системот за
воздушно потпирање, не треба
да се надмине максимално
дозволената бруто тежината на
возилото. Погледнете ја
идентификациската табличка
3 226 или документите на
возилото.
За повеќе информации за системот
за воздушна амортизација, видете
во приложеното упатство за
ракување.
Главен прекинувач
Внимание
Системот за воздушна
амортизација мора да се
исклучи кога возилото се влече, се пали со кабли, се крева од
тлото или се превезува.
Не исклучувајте го системот за
воздушна амортизација додека
возите.
Палење на возилото со кабли
3 213, Влечење на возилото
3 216.
Главниот прекинувач се наоѓа на
столбот на вратата.
Вклучете го за да се овозможи
ракување и прилагодување на системот за воздушна
амортизација.
Далечински управувач
Кога е потребно поголемо
растојание од тлото или подобрен
пристап на возилото,
амортизацијата може да се крене
или спушти со далечинскиот
управувач.
Внимание
Осигурете се дека има доволно
простор и дека нема други
пречки кога се нагодува
висината на суспензијата.
Page 142 of 259

140Возење и ракувањеУредот на далечинскиот управувач
е магнетен и може да биде
фиксиран за кој било метален дел
на возилото или да се чува во
неговиот држач.
Кога работи моторот, притиснете
го соодветното копче 2 секунди за да ја дотерате висината на
амортизацијата. Контролната
сијаличка ќе трепка повремено
додека трае дотерувањето на
висината и свети постојано кога е
завршено.
Ако палењето е вклучено со
неработење на моторот, висина на амортизација може само да биде
намалена.
Забелешка
Постапувајте претпазливо,
штитете го од влага и високи
температури и избегнувајте
непотребно користење.
Претходно програмирани поставки
Висината на амортизацијата се
дотерува на една од трите
претходно програмирани положби.l:спуштена положбаk:нормална положбаj:крената положбаВнимание
Ако при подигање или
спуштање се открие пречка,
висината на суспензијата се
враќа во нормална позиција по
пауза. Ова не гарантира
операција без оштетување.
Обезбедување на доволен
простор и тргнување на
пречките е одговорност на
возачот.
Рачни поставки
Рачното дотерување може да се
врши само кога возилото не се
движи.
Изберете со притискање h за
2 секунди, а потоа R за кревање
или S за спуштање.
За да излезете, притиснете некое
од копчињата за претходни
програми.
Забелешка
Откривањето на пречките не е
можно при рачното дотерување.
Кога некоја мала брзина е
надмината или кога палењето е
исклучено, прилагодување на
висината автоматски се
деактивира и висината на
амортизација се враќа во
нормалната положба.
Сервисен режим Кога возилото е во мирување,
притиснете i за 5 секунди да се
стави возилото во сервисен режим. Контролната сијаличка ќе светне.
Кога е активиран сервисниот
режим, главниот прекинувач на
воздушната амортизација мора да
е исклучен.
За да излезете од сервисниот
режим, повторно притиснете i
околу 5 секунди.
Page 143 of 259

Возење и ракување141ДефектАко се открие дефект, i ќе трепка
повремено. Ако се активира
сервисен режим и има дефект, h,
S и R ќе трепкаат истовремено.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.Издувни гасови од
моторот9 Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Ако издувни гасови навлегуваат во внатрешноста на возилото,
отворете ги прозорците. Нека Ви ја елиминира причината на
дефектот автомеханичар.
Избегнувајте да возите со
отворен товарен простор, инаку
издувните гасови можат да
навлезат во возилото.
Филтер за дизелски
честички
Системот на филтерот за дизлски
честички ги филтрира штетните
честички од саѓи од издувните
гасови. Системот содржи функција
на самочистење која работи
автоматски за време на возењето
без известување.
Филтерот се чисти со изгорување на честичките од саѓи периодично на висока температура. Овој
процес се одвива автоматски
според поставени услови за
возење. Autostop не е достапно и
потрошувачката на гориво може да биде поголема за тоа време.
Испуштањето на миризби и чад за
време на овој процес е нормално.
Во извесни услови за возење, на
пр. кратки растојанија, системот не
може сам да се исчисти
автоматски.
Ако постои потреба од чистење на
филтерот и ако претходните
услови на возењето не овозможиле
автоматско чистење, на тоа ќе
укаже светење на контролната
сијаличка A 3 95. Побарајте
помош од автомеханичар веднаш.
Page 144 of 259

142Возење и ракувањеВнимание
Ако процесот на чистењето е
прекинат, има ризик од
предизвикување на тешко
оштетување на моторот.
Чистењето е побрзо при големи
брзини и оптовареност на моторот.
Катализатор
Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.
Внимание
Класите на масла поинакви од
оние наброени на страница
3 168, 3 228 може да го
оштетат катализаторот или
електронските компоненти.
Бензинот кој не се изгорил ќе се прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
избегнувајте ги прекумерната
употреба на стартерот,
празнењето на резервоарот за
гориво докрај и палењето на
моторот со туркање или
влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичајни проблеми, нека Ви ја елиминира причината на дефектот
автомеханичар колку е можно
поскоро. Во хаварии, со возењето
може да се продолжи за кратко време, држејќи ја брзината на
возилото и вртежите на моторот на
ниско ниво.
Ако контролната сијаличка Z
трепка, дозволените гранични
вредности за испуштање може да
бидат пречекорени. Подигнете ја
ногата од педалот за гас
додека Z не престане да трепка и
не свети постојано. Контактирајте
со автомеханичар веднаш.
Контролно светло за
неисправности 3 95.
AdBlue
Општи информации Селективното каталитичко
намалување ( BlueInjection) е метод
на значително намалување на
азотните оксиди во издувните
емисии. Тоа се постигнува со
инјектирање издувна течност од
дизел (DEF) во издувниот систем.
Ознаката на употребената DEF е
AdBlue Ⓡ. Тоа е нетоксична,
незапалива, безбојна течност без
мирис што се состои од 32% уреа и
68% вода.
Забелешка
AdBlue Ⓡ е регистрирана трговска
марка на Verband der
Automobilindustrie e.V. (VDA).9 Предупредување
Избегнувајте контакт на очите и
кожата со AdBlue.
Во случај на контакт со очите
или кожата, исплакнете со вода.