Page 25 of 75
Вовед25
За да ја активирате функцијата со
копчињата на инфозабавниот
систем, изберете го следново:
■ Притиснете го копчето MENU
■ Притискајте ги копчињата R и S
за да ја изберете опцијата Јачина
на радиото на екранот
■ Притискајте ги копчињата _ и 6
за ги вклучите или исклучите
функциите Јачина на радиото -
Вкл. ограничување или Јачина на
радиото - Искл. ограничување .
Јачина на радиото- Вкл.
ограничување :
■ ако претходното ниво на јачината е еднакво или повисоко
од претходно одредената
максимална вредност или
еднакво или помало од
претходно одредената
минимална вредност, радиото ќе
се вклучува со таа макс./мин.
јачина
■ ако нивото на јачината е меѓу претходно одредените
вредности за мин./макс., ќе се
продолжи со претходната јачинаЈачина на радиото- Искл.
ограничување :
радиото ќе се вклучува со јачината што ја имало пред исклучувањето
Page 26 of 75

26РадиоРадиоУпотреба..................................... 26
Пребарување станици ...............27
Списоци за автоматско
зачувување ................................. 28
Радио податочен систем
(RDS) ........................................... 29Употреба
Радио прием
На радио приемот може да му
пречи грчење, бучава,
изобличување или губење на
приемот поради:
■ промените во растојанието од предавателот
■ повеќекратниот прием поради одбивањето
■ засенувањето
Копчиња за контрола - Радио со ЦД-плеер: Најважните копчиња за контрола
на радиото се:
■ ON/OFF : Вклучување/
исклучување, контрола на
јачината, функција за
стишување/исклучување на
стишувањето
■ SRC : Активирање на радиото
■ _ или 6: Пребарување станици■ BAND : Менување на брановата
должина, автоматско
зачувување на станиците
(Autostore)
■ AUDIO : Поставки за активирање
на изборникот за аудио (басови,
високи, баланс, напред-назад,
гласност)
■ Station buttons 1...6 : Копчиња за
претходно поставени станици
■ MENU : Напредни функции на
изборникот (менување AF,
сообраќајни информации,
регионален режим) 3 29
Активирање на радиото
Вклучете го вртливото копче ON/
OFF , а потоа притиснете го копчето
SRC за да го смените изворот на
звук на радио.
Ќе се прима станицата што е
претходно избрана.
Одбирање на брановата
должина
Притиснете го копчето BAND
повеќепати за да се избере
саканата бранова должина.
Page 27 of 75

Радио27
Следниве избрани брановидолжини ќе се прикажат на
екранот:
■ AM : прикажува AM
■ FM : се прикажува како FM1, FM2
или FMT
Ќе се прима претходно избраната
станица на таа бранова должина.
Копчиња за контрола - Радио со ЦД/МР3-плеер:
Најважните копчиња за контрола
на радиото се:
■ m / ON/OFF : Вклучување /
исклучување на напојувањето
■ FM : Избор на брановата
должина FM / Автоматско
зачувување станици (Autostore)
■ AM : Избор на средна бранова
должина
■ MUTE : Пуштање / исклучување
на гласот (Стишување/
паузирање)■ AUDIO : Поставки за активирање
на изборникот за аудио (басови,
високи, баланс, напред-назад,
гласност, одложување на звукот,
еквалајзер)
■ MENU : Менување AF,
сообраќајни информации,
регионален режим, јачина
според брзината, исклучено
радио, системско ресетирање
■ _ / 6: Режим за автоматско
пребарување радио станици
■ R / S : Режим за рачно
пребарување радио станици
(фреквенција, име на станица,
број на меморирана станица)
■ Station buttons 1...6 : Копчиња за
претходно поставени станици
Активирање на радиото
Притиснете го копчето ON/OFF, а
потоа притиснете го копчето AM
или FM за да го смените изворот на
звук на радио.
Ќе се прима станицата што е
претходно избрана.Одбирање на брановата
должина
Притискајте го копчето AM или FM
повеќепати за да ја изберете
саканата бранова должина.
Следниве избрани бранови
должини ќе се прикажат на
екранот:
■ AM : прикажува AM1 или AM2
■ FM : прикажува FM1, FM2 или
FMA
Ќе се прима претходно избраната
станица на таа бранова должина.
Пребарување станици Автоматско пребарување на
станици
Радио со ЦД-плеер:
Накратко притиснете го копчето _
или 6 за пребарување на следната
станица со прием во актуелната
бранова должина.
Page 28 of 75

28Радио
Ако не се најде ниедна станица,
пребарувањето продолжува
додека _ или 6 не се притисне
повторно.
Радио со ЦД/МР3-плеер:
Накратко притиснете го копчето _
или 6 за пребарување на следната
станица со прием во актуелната
бранова должина.
Притиснете го и држете го копчето
_ или 6 за да ја побарате саканата
фреквенција. Кога ќе се отпушти
копчето, почнува автоматско
пребарување на следната станица
со прием и таа се репродуцира
автоматски.
Рачно пребарување на
станици
Радио со ЦД-плеер:
Притиснете го копчето _ или 6 на
инфозабавниот систем.
■ Притискајте кратко и повеќепати :
за да почнете рачно
пребарување на следната
станица за која има прием■ Притиснете и држете : за да
почнете брзо пребарување во
саканата насока
■ Отпуштете : местењето ќе сопре
и инфозабавниот систем ќе ја
прикаже фреквенцијата на
моменталната станица
Радио со ЦД/МР3-плеер:
Притискајте го копчето R или S на
инфозабавниот систем.
■ Притискајте кратко и повеќепати :
за да почнете рачно
пребарување на следната
станица за која има прием
■ Притиснете и држете : за да
почнете брзо пребарување во
саканата насока
■ Отпуштете : местењето ќе сопре
и инфозабавниот систем ќе ја
прикаже фреквенцијата на
моменталната станицаСписоци за автоматско
зачувување
Функција за автоматско
зачувување
Радио со ЦД-плеер:
Брановата должина FM е поделена
на: FM1 , FM2 и FMT ; Приемното
подрачје FMT е резервирано за
станиците што се зачувани
автоматски со функцијата
Autostore .
Оваа функција ви овозможува да
поставувате и повикувате радио
станици што претходно сте ги
зачувале во фреквентното
подрачје FMT.
За да ја активирате функцијата
Autostore , притиснете го и држете
го копчето BAND на
инфозабавниот систем додека не чуете сигнал за потврда. Радиото
автоматски ќе зачува 6 станици со
најјак сигнал по надолен редослед
на интензитетот во подрачјето
FMT .
Page 29 of 75

Радио29
За време на автоматското
меморирање, на екранот ќе трепка
FM Astore .
Со активирање на функцијата
Autostore се откажуваат претходно
зачуваните станици во подрачјето
FMT .
Забелешка
Зависно од јачината на сигналот, можно е да се зачуваат помалку
од 6 станици.
За да зачувате само една станица,
изберете ги брановата должина
( AM , FM1 , FM2 ) и станицата, па
притиснете го саканото копче 1...6 на инфозабавниот систем додека
не се чуе сигнал што потврдува
дека станицата е меморирана на
тоа копче.
Може да се меморираат вкупно
6 станици на една бранова
должина.
За да одите на станица, изберете ја саканата бранова должина, потоа
накратко притиснете го копчето на
саканата станица 1...6.Радио со ЦД/МР3-плеер:
Брановата должина FM е поделена
на: FM1 , FM2 и FMA ; Приемното
подрачје FMA е резервирано за
станиците што се зачувани
автоматски со функцијата
Autostore .
Оваа функција ви овозможува да повикувате радио станици што
претходно сте ги зачувале во
фреквентното подрачје FMA.
За да ја активирате функцијата
Autostore , притиснете го и држете
го копчето FM на инфозабавниот
систем додека не чуете сигнал за
потврда. Со оваа функција,
радиото автоматски ги зачувува 6-
те станици со најјак сигнал по
надолен редослед во подрачјето
FMA .
За време на автоматското
меморирање, на екранот ќе трепка
Autostore .
Со активирање на функцијата Autostore се откажуваат претходно
зачуваните станици во подрачјето
FMA .Рачно зачувување на станици
За да зачувате само една станица,
изберете ја брановата должина
AM или FM и станицата, па
притиснете го саканото копче 1...6 на инфозабавниот систем додека
не се чуе сигнал што потврдува дека станицата е меморирана на
тоа копче.
Може да се меморираат вкупно
6 станици за една бранова
должина.
Отповикување на станица
Изберете ја саканата бранова
должина AM или FM, потоа кратко
притиснете го копчето на саканата станица копчето 1...6 за да одите
на зачуваната станица.
Радио податочен систем(RDS)
Предности на RDS
RDS е услуга за FM-станици што ви
помага да ја најдете саканата
станица и обезбедува беспрекорен прием. RDS шифрира дигитални
Page 30 of 75

30Радио
информации што се емитуваат
дополнително со програмата на
радиото FM и вклучуваат, на пр.,
име на станицата, сообраќајни
информации и радио текст.
Кога е активно RDS:
■ Името на програмата на избраната станица се појавувана екранот наместо нејзината
фреквенција
■ При автоматското пребарување станици, инфозабавниот систем
мести само станици со RDS
■ Инфозабавниот систем секогаш ја мести фреквенцијата што има
најдобар прием на избраната
станица со помош на
Алтернативна фреквенција (AF ).
Функции RDS
Во рамките на RDS се следниве
информативни полиња:
■ AF : Алтернативни фреквенции
■ TA : Сообраќајни соопштенија
■ TP : Сообраќајни програми
■ REG : Регионални програми
■ EON : Подобрена друга мрежаИсто така, во RDS е вградена и
функцијата Прием на тревоги за
итни случаи . Оваа функција се
активира автоматски и не може да
се исклучи.
Вклучување и исклучување
на RDS
Радио со ЦД-плеер:
За да ја активирате функцијата
RDS , користете ги следниве
копчиња на инфозабавниот
систем:
1. MENU : Притискајте го
повеќепати додека на екранот
не се покаже AF.
2. _ / 6: Притиснете за да ја
изберете опцијата AF ON
(ВКЛ.) или AF OFF (ИСКЛ.) .
Кога е активно RDS, на екранот ќе
се прикаже AF.Радио со ЦД/МР3-плеер:
За да ја активирате функцијата
RDS , користете ги следниве
копчиња на инфозабавниот
систем:
1. MENU : Притиснете
2. R / S : Притискајте додека на
екранот не се
прикаже Менување AF
3. _ / 6: Притиснете за да ја
изберете опцијата Менување
AF ON (ВКЛ.) или Менување AF
OFF (ИСКЛ.)
Кога е активно RDS, на екранот ќе
се прикаже AF.
Режим на алтернативни
фреквенции (AF)
Кога е активна функцијата AF,
радиото автоматски ја мести
станицата со најјак сигнал што ја емитува истата програма. Додека
возите, може да ја слушате истата
станица без менување на
фреквенцијата додека
преминувате зони.
Page 31 of 75

Радио31
Ако функцијата Менување AF е
активна и радиото не може да ја
прима наместената станица,
радиото ќе активира автоматско
пребарување при кое на екранот ќе
се прикаже Пребарување FM .
Функцијата Менување AF може да
се активира само за брановата
должина FM.
Режим на сообраќајни
соопштенија (TA)
Некои станици на брановата
должина FM емитуваат
информации за условите на
сообраќајот.
За да ја активирате функцијата TA
на аудио системот Радио со ЦД-
плеер , користете ги следниве
копчиња на инфозабавниот
систем:
1. MENU : Притискајте го
повеќепати додека на екранот
не се покаже AF.
2. _ / 6: Притиснете за да ја
изберете опцијата TA ON
(ВКЛ.) или TA OFF (ИСКЛ.) .Кога е активно RDS, на екранот
ќе се прикаже TA.
За да ја активирате функцијата TA
на аудио системот Радио со ЦД/
МР3-плеер , користете ги следниве
копчиња на инфозабавниот
систем:
1. MENU : Притиснете
2. R / S : Притискајте додека на
екранот не се
прикаже Сообраќајни
информации
3. _ / 6: Притиснете за да ја
изберете опцијата Сообраќајни
информации ON (ВКЛ.) или
Сообраќајни информации OFF
(ИСКЛ.)
Кога е активно RDS, на екранот
ќе се прикаже ТА.Кога е активна функцијата TA,
можно е следново:
■ Пребарување само станици RDS што емитуваат на
брановата должина FM и
емитуваат сообраќајни
информации
■ Прием на сообраќајни информации иако се користи ЦД-
то / плеерот за медиуми
■ Прием на сообраќајни информации со претходно
определена минимална јачина,
дури и кога јачината на радиото
е исклучена
Кога е активна функцијата TA и ЦД-
то / плеерот за медиуми е во режим
стишување/пауза, функцијата
стишување/пауза ќе се поништи и
ќе почне автоматско местење на
станица што емитува сообраќајни
информации.
Функцијата стишување/пауза ќе
продолжи на крајот на
сообраќајното соопштение.
Page 32 of 75

32Радио
Кога ќе дојде сообраќајно
соопштение, јачината може да е поголема од нормалната.
Нормалната јачина ќе продолжи на крајот на сообраќајното
соопштение.
Режим за сообраќајни програми
(TP)
Функцијата TP овозможува
корисникот да ги наоѓа само оние
станици што редовно емитуваат
сообраќајни соопштенија 1)
.
Кога е активна оваа функција, на
екранот ќе се прикаже TP.
Во некои земји има радио станици што не емитуваат сообраќајни
информации дури и кога е активна
функцијата TP.
Регионален режим (REG)
Понекогаш некои станици RDS
емитуваат регионално различни
програми на различни
фреквенции.За да ја активирате функцијата
REG на аудио системот Радио со
ЦД-плеер , користете ги следниве
копчиња на инфозабавниот
систем:
1. MENU : Притискајте го
повеќепати додека на екранот
не се покаже REG.
2. _ / 6: Притиснете за да ја
изберете опцијата REG ON
(ВКЛ.) или REG OFF (ИСКЛ.) .
За да ја активирате функцијата
Регионално на аудио системот
Радио со ЦД/МР3-плеер , користете
ги следниве копчиња на
инфозабавниот систем:
1. MENU : Притиснете
2. R / S : Притискајте додека не се
прикаже Регионално на екранот
3. _ / 6: Притиснете за да ја
изберете
опцијата РегионалноON (ВКЛ.)
или РегионалноOFF (ИСКЛ.) .Кога е вклучен режимот REG, се
земаат предвид само
фреквенциите на моментната
станица со RDS со иста регионална
програма.
Ако режимот REG е исклучен, се
земаат предвид само
фреквенциите на моментната
станица со RDS со различна
регионална програма.
Режим на подобрена друга мрежа
(EON)
Функцијата EON овозможува
приемникот автоматски да ги следи
другите мрежи или станици со
сообраќајни програми и
привремено да ја намести таа
станица.
Оваа функција работи само кога е
активна функцијата TA.
Прием на тревоги за итни случаи
Во режимот RDS радиото е
поставено да прима соопштенија
за итни случаи во случај на
исклучителни околности или1) Само Радио со ЦД/МР3-плеер .