42USB приклучок
■ Конфигурирајте го iPod да секористи како надворешен диск.
Видете во упатството за
употреба на iPod
■ Ако конфигурацијата е направена на компјутер Apple,
конфигурирајте го на компјутер
со Windows
■ Сочувајте ги песните како звучни
записи компатибилни со
инфозабавниот систем
Овие операции нема да ги намалат
квалитетот на звукот или
употребливоста на песните на
iPod.
Репродукција на
зачувани аудио папки
Плеерот за медиуми открива кога
ќе се поврзе аудио уред USB на
портата USB и се создава
библиотека што се прикажува
автоматски кога ќе се вклучи
палењето.Плеерот за медиуми има само
една библиотека. Кога ќе се вметне нов уред USB, се создава нова
библиотека што ја заменува
постојната.
Штом ќе се поврзе, може да се
користат само контролите на
воланот, контролите на
инфозабавниот систем и
говорните команди за да се ракува
со надворешниот аудио уред.
Контроли на инфозабавниот
систем 3 8.
Контроли на воланот 3 8.
Систем за препознавање глас
3 46.
Работа на екранот
Листајте ги опциите на
изборниците на екранот и
потврдувајте го изборот со
копчињата на контролите на
воланот:
■ Притискајте го R или S за да ги
листате опциите на изборникот.
■ Притискајте го SRC/OK за
потврда на изборите.Промените се зачувуваат и се
излегува од изборниците
автоматски по кусо време.
Почнување репродукција
За да го смените изворот на звук во плеер за медиуми:
■ Притиснете го копчето MEDIA на
Инфозабавниот систем.
- или -
■ Притиснете го копчето SRC/OK
повеќепати на контролите на
воланот.
Кога е активен плеерот на
медиуми, репродукцијата почнува
автоматско кога е вклучена
автоматската репродукција.
Забелешка
Се препорачува функцијата за
автоматска репродукција да е
вклучена, така што звучните
записи ќе се репродуцираат
автоматски кога ќе се вклучи
палењето.
56ТелефонТелефонОпшти информации...................56
Поврзување ................................ 58
Поврзување Bluetooth ................58
Итен повик .................................. 61
Ракување .................................... 62
Мобилни телефони и ЦБ
радио опрема ............................. 70Општи информации
Системот за телефонирање без
раце, заснован врз технологијата
Windows Mobile , е личен
телематски систем што му
овозможува на корисникот да ги
користи уредите за комуникација и
забава и е посебно конструиран за користење во возила.
Системот ви овозможува да
разговарате на мобилен телефон
преку микрофонот и звучниците на возилото, како и да ракувате со
најважните функции на мобилниот
телефон преку контролните
копчиња на воланот или со говорна интеракција со инфозабавниот
систем.
За да можете да го користите
системот за телефонирање без раце, мобилниот телефон мора да
биде поврзан со него преку
Bluetooth 3 58.
Забелешка
Не сите функции на системот за
телефонирање без раце се
поддржани од секој мобилентелефон. Можните телефонски
функции зависат од релевантниот
мобилен телефон и операторот.
Видете во упатството за ракување
во прирачникот на вашиот
мобилен телефон или
посоветувајте се со својот
оператор.
Важни информации за
ракувањето и безбедноста на сообраќајот9 Предупредување
Употребата на системот за
телефонирање без употреба на
рацете додека возите може да
биде опасна зашто вашата
концентрација се намалува кога телефонирате. Паркирајте го
возилото пред да го користите
системот за телефонирање без
употреба на рацете.
Следете ги прописите на
земјата во која возите.