Page 49 of 147

Препознавање говор49Внесување адреса за дестинации
во странство
Ако сакате да внесете адреса на
дестинација што се наоѓа во друга
земја преку говорниот внес, треба
да го смените јазикот на
инфоекранот во јазикот на другата
земја.
На пример, доколку екранот е
моментално поставен на англиски
и сакате да внесите име на град
лоциран во Франција, треба да
смените јазикот на приказ на
француски.
За менување на јазикот за приказ,
видете „Јазик“ во поглавјето
„Системски поставки“ 3 20.Редослед за внесување за
адресите на дестинациите
Редоследот по којшто деловите на
една адреса треба да се внесат со
користење на системот за
препознавање говор зависи од
земјата каде што се наоѓа
дестинацијата.Ако системот за препознавање
говор го одбие внесувањето на
адресата, повторете ја наредбата
со различен редослед на деловите
од адресата.
Апликација за пренесување на
гласот
Апликацијата за пренесување на гласот на инфозабавниот систем
овозможува пристап до наредбите
за препознавање говор на вашиот
смартфон.
Апликација за пренесување на
гласот е достапна преку
апликациите за проекција на
телефонот Apple CarPlay и Android
Auto 3 33.
Користење Вградена функција за
препознавање говор
Активирање на контролата на
гласот
Забелешка
Препознавањето говор не е
достапно за време на повик.Активирање преку копчето w на
воланот
Притиснете w на воланот.
Аудио системот се стишува,
говорна порака ви кажува да
кажете наредба, а изборниците за
помош со најважните достапни
команди се прикажуваат на
екранот.
Штом препознавањето говор е
подготвено за говорен внес, се
слуша писок.
Сега може да кажете говорна
наредба за да вклучите некоја
функција на системот (пр. пуштање
претходно поставена
радиостаница).
Прилагодување на гласноста на
говорните потсетници
Притиснете го копчето за гласност
на воланот нагоре (зголемување
на гласноста) À или надолу
(намалување на гласноста) Á.
Прекинување говорен потсетник Како искусен корисник, може да
прекинете говорен потсетник со
кусо притискање на w на воланот.
Page 50 of 147

50Препознавање говорИли може да речете „Постави го
режимот за дијалог како експерт“.
Веднаш се слуша писок и
наредбата може да се каже без
чекање.
Откажување дијалошка низа
За да откажете дијалошка низа и да го деактивирате препознавањето
на говорот, притиснете v на
воланот.
Ако не изговорите наредба
одреден временски период или ако изговорите наредби кои системот
не ги препознава, дијалошката
низа автоматски се откажува.
Работа со говорни наредби
Следете ги упатствата од
говорните насоки и оние
прикажани на екранот.За најдобри резултати:
● Слушнете го говорниот потсетник и почекајте писок
пред да кажете наредба или да одговорите.
● Кажете „Помош“ или прочитајте ги командите
наведени како пример на
екранот.
● Говорниот потсетник може да се прекине со повторно
притискање на w.
● Почекајте го сигналот и потоа природно изговорете ја
наредбата, ниту пребрзо, ниту
пребавно.
Апликација за пренесување на
гласот
Активирање на контролата на
гласот
Притиснете и задржете s на
воланот додека не започне
сесијата за препознавање говор.Прилагодување на гласноста на
говорните потсетници
Свртете m на контролната плоча
или притиснете го копчето за
гласност на воланот нагоре
(зголемување на гласноста) À
или надолу (намалување на
гласноста) Á.
Деактивирање на функцијата за
препознавање говор
Притиснете го v на воланот.
Сесијата за препознавање говор е
завршена.
Page 51 of 147

Телефон51ТелефонОпшти информации...................51
Поврзување Bluetooth ................52
Итен повик .................................. 54
Ракување .................................... 54
Мобилни телефони и ЦБ
радио опрема ............................. 57Општи информации
Порталот за мобилен телефон Ви
дава можност да водите разговори
на мобилен телефон преку
микрофон, и звучниците во
возилото, исто така и да ракувате
со најважните функции на
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем во
возилото. За да можете да го
користете телефонскиот портал,
мобилниот телефон мора да е поврзан со инфозабавниот ситем
преку Bluetooth.
Не сите функции за Телефон се
поддржани од секој мобилен
телефон. Употребливите функции
на телефонот зависат од
односниот мобилен телефон и
операторот. Повеќе информации
за ова можат да се најдат во
упатствата за ракување за
мобилниот телефон или може да
се распрашате кај операторот.Важни инфорамции за
ракувањето и безбедноста на
сообраќајот9 Предупредување
Мобилните телефони имаат
дејства врз Вашата средина. Од оваа причина се подготвиле
безбедносни прописи и
директиви. Треба да бидете
запознати со поврзаните
директиви пред да ја користите
функцијата за телефон.
9 Предупредување
Употребата на уредот за
разговор без раце додека
возите може да биде опасна
зашто Вашата концентрација се намалува кога телефонирате.
Паркирајте го Вашето возило
пред да го користите уредот за
Page 52 of 147

52Телефонразговор без раце. Почитувајте
ги условите на државата во
којашто се наоѓате во моментов.
Не заборавајте да ги следитепосебните прописи кои важат во конкретни предели и секогаш
исклучувајте го мобилниот
телефон ако употребата на
мобилни телефони е забранета, ако мобилниот телефон
предизвикува пречење или ако
дојде до опасни ситуации.
Bluetooth
Телефонскиот портал е
сертифициран од Bluetooth Special Interest Group (SIG).
Повеќе информации за
спецификацијата можат да се
најдат на интернет на
http://www.bluetooth.com.
Поврзување Bluetooth
Bluetooth е радиостандард за
безжично поврзување на мобилни
телефони, паметни телефони или
други уреди.
Спојување уред
Во текот на процесот на спојување,
се врши размена на PIN-кодови
помеѓу уредот со Bluetooth и
Инфозабавниот систем и
поврзувањето уреди со Bluetooth
со Инфозабавниот систем.
Важни информации ● Два споени уреди преку Bluetooth истовремено можат
да се поврзат со
Инфозабавниот систем. Еден
уред во режим без раце,
другиот во режим за
пренесување аудио -
погледнете го описот за
поставките на профилот за
Bluetooth подолу.
Но, двата уреди не можат
истовремено да се користат во
режим без раце.
● Спојувањето треба да се изврши само еднаш, освен ако
уредот не се избрише од
списокот на споени уреди. Ако
уредот бил поврзан претходно,Инфозабавниот систем ја
воспоставува врската
автоматски.
● Работата на Bluetooth значително ја троши
батеријата на уредот. Затоа
поврзете го уредот со USB
приклучокот за да се полни.
Спојување нов уред 1. Активирање на функцијата Bluetooth на уредот со
Bluetooth. За повеќе
информации видете во
упатството за употреба на
уредот со Bluetooth.
2. Ако веќе е поврзан друг уред со Bluetooth:
Притиснете v, изберете
OPTIONS (ОПЦИИ) , изберете
Bluetooth connection
(Поврзување Bluetooth) , па
допрете o Search (Пребарај) .
Ако не е поврзан ниту еден уред со Bluetooth:
Притиснете v, па допрете
Bluetooth search (Пребарување Bluetooth) .
Page 53 of 147

Телефон53Се врши пребарување за сите
уреди со Bluetooth во блиската
околина.
3. Од прикажаниот список, изберете го уредот со Bluetooth
што сакате да го споите.
4. Потврдете го спојувањето: ● Ако е поддржано SSP (безбедно едноставно
спојување):
Потврдете ја пораката на
Инфозабавниот систем и на уредот со Bluetooth.
● Ако не е поддржано SSP (безбедно едноставно
спојување):
На Инфозабавниот систем: се прикажува порака што
бара да внесете PIN-код на
уредот со Bluetooth.
На уредот со Bluetooth:
внесете го PIN-кодот и
потврдете го внесеното.
5. Активирајте ги функциите што сакате да ги извршува споениотпаметен телефон и потврдете
ги поставките. Може да ги
промените овие поставки напрофилот за Bluetooth во секое
време, видете подолу.
Инфозабавниот систем и
уредот се споени.
6. Телефонскиот именик се презема автоматски на
Инфозабавниот систем. Во
зависност од телефонот,
Инфозабавниот систем мора да
има дозвола за пристапување
до телефонскиот именик. Ако е
потребно, потврдете ги
пораките прикажани на уредот
со Bluetooth.
Ако функцијата не е поддржана
од уредот со Bluetooth, се
прикажува соодветна порака.
Операции на споени уреди Притиснете v, изберете OPTIONS
(ОПЦИИ) , па изберете Bluetooth
connection (Поврзување Bluetooth) .
Се прикажува список на сите спарени уреди.
Менување на поставките на
профилот за Bluetooth
Допрете † до саканиот споен уред.Активирајте ги или деактивирајте
ги поставките на профилот според
ваша желба и потврдете ги
поставките.
Поврзување споен уред
Уредите кои се споени, но не се
поврзани, се означени со —.
Изберете го саканиот уред за да го поврзете.
Откачување уред
Уредот што е поврзан во моментот е означен со “.
Изберете го уредот за да ја
прекинете врската.
Бришење споен уред Допрете e во горниот лев агол од
екранот за да се прикажат иконите
e до секој споен уред.
Допрете e до уредот со Bluetooth
што сакате да го избришете и
потврдете ја прикажаната порака.
Page 54 of 147

54ТелефонИтен повик9Предупредување
Воспоставувањето на врската
не може да се гарантира во сите
ситуации. Затоа немојте да се потпрете исклучиво врз
мобилен телефон кога се
работи за мошне битна
комуникација (на пр. итен
медицински случај).
Во некои мрежи може да биде
неопходно за важечка SIM
картичка да се вметне правилно во мобилниот телефон.
9 Предупредување
Имајте на ум дека можете да се
јавувате и да примате повици со мобилниот телефон ако истиот
е во подрачје со услуги со
доволно силен сигнал. При
извесни околности, не може да
се започнат повици за итни
случаи на сите мрежи за
мобилни телефони; можно е тие
да не можат да се започнат кога
не се активни извесни услуги на мрежата и/или телефонски
функции. Можете да се
распрашате за тоа кај
опслужувачите на локалната
мрежа.
Бројот за јавување во итни
случаи може да биде поинаков
зависно од регионот и
државата. Ве молиме да се
распрашате однапред за
правилниот број за јавување во
итни случаи за соодветниот
регион.
Јавување во случај на опасност
Вртете го бројот за итни повици (на пр. 112 ).
Телефонската врска со центарот
за повици во случаи на опасност се воспоставува.
Одговорете кога персоналот од
службата Ве праша за опасноста.
9 Предупредување
Не го завршувајте повикот
додека од Вас не се побара да
го сторите тоа од страна на
центарот за повици за итни
случаи.
Ракување
Штом ќе се воспостави врска
преку Bluetooth помеѓу вашиот
мобилен телефон и
Инфозабавниот систем, можете да
ракувате со многу функции на
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем.
Забелешка
Во режимот за слободни раце,
ракувањето со мобилниот
телефон и натаму е можно, на пр. за примање повик или местење на
гласноста.
По воспоставувањето на врската
помеѓу мобилниот телефон и
Инфозабавниот систем,
податоците од мобилниот телефон
му се предаваат на
Page 55 of 147

Телефон55Инфозабавниот систем. Тоа може
да потрае, зависно од мобилниот телефон и количеството податоци
што треба да се пренесат. За тоа
време, ракувањето со мобилниот
телефон преку Инфозабавниот
систем е можно само до одредена
мерка.
Забелешка
Не секој мобилен телефон ги
поддржува сите функции на
порталот за телефон. Затоа,
можни се отстапувања од опсегот
на функции опишани во
продолжение.
Главен изборник за телефонот
Притиснете v за да се прикаже
главниот изборник за телефонот.
Забелешка
Главниот изборник за телефонот
е достапен само ако е поврзан
мобилен телефон со
Инфозабавниот систем преку
Bluetooth. За детален опис 3 52.
Многу функции на мобилниот
телефон сега може да се
контролираат преку главниот
изборник за телефонот (и сродните подизборници), како и преку
контролите за телефонот на
воланот.
Почнување телефонски повик
Внесување телефонски број
Внесете телефонски број со
тастатурата во главниот изборник
за телефонот.
Како што се внесуваат цифри,
соодветните ставки од списокот на
контакти се прикажуваат по
азбучен редослед.
Допрете ја саканата ставка од
списокот за да започнете
телефонски повик.
Page 56 of 147

56ТелефонКористење на списокот со контактиСписокот на контакти ги содржи
сите ставки од телефонскиот
именик од поврзаниот уред преку
Bluetooth и сите контакти од
системот за навигација.
Изберете Contacts (Контакти) , па
изберете го саканиот тип на
списокот.Пребарување за контакти
За да се префрлате помеѓу
<подредени по име> и <подредени по презиме>, допрете ï.
За да лизгате низ списокот,
допрете некоја буква од лентата за лизгање, H или I.За да пребарате за контакт преку
тастатурата, допрете Search
(Пребарај) .Измена или бришење контакт
Изберете ð до контактот, па
изберете ја саканата опција.
Ако сакате да додадете
фотографија на контактот:
Поврзете USB-уред со саканата
фотографија на него со USB-
приклучокот 3 30, допрете ја
рамката за фотографија и
изберете ја саканата фотографија.
Потврдете го изборот за да ја
преземете избраната фотографија во системот.
Користење на историјата на
повици
Се регистрираат сите дојдовни,
појдовни и пропуштени повици.
Изберете Calls (Повици) , па
изберете го саканиот список.
Изберете ја саканата ставка од
списокот за да започнете повик.
Дојдовен телефонски повик
Ако е активен режим за аудио, на
пр. режим за радио или USB, при
дојдовниот повик, соодветниот извор на звук ќе се стиши и ќе
остане стишен додека не заврши
повикот.
Се прикажува порака со
телефонскиот број или името на
повикувачот.
За да одговорите на повикот,
допрете v.
За да го одбиете повикот, допрете
@ .