Page 137 of 229

Возење и ракување135Зависно од верзијата, 9 ќе светне
како алтернатива ако нема
контролна сијаличка Æ. Може да се
прикаже соодветна
предупредувачка порака, на
пример Start&Stop unavailable
(Сопирање-поаѓање не е
достапно) , и во Информативниот
центар за возачот 3 102.
Општо предупредување 9 3 92.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Паркирање9 Предупредување
● Не го паркирајте возилото
врз лесно запалива
површина. Високата
температура на издувниот
систем може да ја запали
површината.
● Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка без да го
притиснете копчето за
ослободување. Затегнувајте
ја колку е можно поцврсто на
удолници или угорници.
Притиснете ја педалата за кочење истовремено за да се
намалат работните сили.
● Изгаснете го моторот.
● Ако возилото е на рамна површина или на нагорнина,
ставете во прва брзина пред
да го исклучите палењето. Ако возилото е на угорница,
свртете ги предните тркала
од работ на тротоарот.
Ако возилото е на надолнина, ставете во рикверц пред даго исклучите палењето.
Свртете ги предните тркала
кон работ на тротоарот.
● Затворете ги прозорците.
● Свртете го клучот за палење во положба 0 и извадете го од
прекинувачот за палење.
Завртете го воланот додека
не се почувствува дека
бравата на воланот се
заглавила.● Заклучете го возилото 3 24.
● Активирајте го системот за заштита од кражба 3 30.
● Вентилаторите на ладилникот може да работат и по
гаснењето на моторот 3 161.Внимание
По возење со голема брзина на
моторот или при големо
оптоварување на моторот,
оставете го моторот да работи
кусо време со мало
оптоварување или во лер околу
30 секунди пред да го изгаснете
за да го заштитите
турбополначот.
Забелешка
Во случај на сообраќајка со
отворање на воздушните
перничиња моторот се гасне
автоматски ако возилото застане
за извесно време.
Page 138 of 229

136Возење и ракувањеИздувни гасови од
моторот9 Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Ако издувни гасови навлегуваат во внатрешноста на возилото,
отворете ги прозорците. Нека Ви ја елиминира причината на
дефектот автомеханичар.
Избегнувајте да возите со
отворен товарен простор, инаку
издувните гасови можат да
навлезат во возилото.
Филтер за дизелски
честички
Системот на филтерот за дизелски честички ги филтрира штетните
честички на саѓи од издувните
гасови. Системот содржи функција
на самочистење која работи
автоматски за време на возењето
без известување. Филтерот се
чисти со изгорување на честичките
од саѓи периодично на висока
температура. Овој процес се
одвива автоматски при
определени услови за возење и може да потрае до 25 минути.
Обично се потребни 15 минути.
Autostop не е достапно и
потрошувачката на гориво може да биде поголема за тоа време.
Испуштањето на миризби и чад за
време на овој процес е нормално.
При извесни услови на возењето,
на пр. кратки растојанија, системот
не може сам да се исчисти
автоматски.
Ако постои потреба од чистење на
филтерот и ако претходните
услови на возењето не овозможиле
автоматско чистење, тоа ќе се
означи со контролната сијаличка
% . Зависно од верзијата, може да
се појави предупредувачка порака
и во Информативниот центар за возачот 3 102.
Контролната сијаликча % свети
кога филтерот за дизелски
честички е полн. Почнете го
чистењето што е можно поскоро за
да се избегне оштетување на
моторот.
Page 139 of 229

Возење и ракување137Процес на чистење
За да се активира чистењето,
продолжете со возењето,
одржувајте брзина на моторот над
2000 вртежи во минута. Сменете во помала брзина ако е потребно.
Тогаш почнува чистењето на
филтерот за дизелски честички.Внимание
Ако процесот на чистењето е
прекинат, има ризик од
предизвикување на тешко
оштетување на моторот.
Чистењето се одвива најбрзо при големи брзини и оптовареност на
моторот.
Контролната сијаличка % се гаси
штом ќе заврши самочистењето.
Катализатор
Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.
Внимание
Класи на гориво пионакви од
оние наброени на страниците
3 151, 3 207 може да го
оштетат катализаторот или
електронските компоненти.
Бензинот кој не се игорил ќе се
прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
избегнувајте ги прекумерното
работење со стартерот,
испразнувањето на
резервоарот за гориво и
палењето на возилото со
туркање или влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичаени проблеми,
причината за дефектот треба да ја
отстрани автомеханичар колку е
можно поскоро. Во хаварии, со
возењето може да се продолжи за
кратко време, одржувајќи се
брзината на возилото и вртежите
на моторот на ниско ниво.
Рачен менувач
За да активирате рикверц, кога
возилото е во мирување, почекајте три секунди откако ќе го
притиснете куплунгот, повлечете
го прстенот на рачката на
менувачот нагоре и ставете во
рикверц.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер,
отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го; потоа повторете го
ставањето во рикверц.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Page 140 of 229

138Возење и ракувањеКога ракувате со него, притиснете
го куплунгот целосно. Не одморајте
ја ногата на педалот.Внимание
Непрепорачливо е да се вози со раката легната на рачката наменувачот.
Кога се препорачува менување
брзина за да се подобри горивната
економичност, контролната
сијаличка [ или Ò ќе светне во
Информативниот центар за
возачот.
Контролна сијаличка за менување
брзини 3 95.
Систем за сопирање-поаѓање
3 132.
Автоматизиран рачен
менувач
Автоматскиот рачен менувач
(МТА) овозможува рачно (рачен
режим) или автоматско менување
на брзините (автоматски режим), и
двете со автоматска контрола на
кумплунгот.
Екран на менувачот
Ги покажува режимот и
моменталната брзина.
Палење на моторот
Нагазнете ја педалата на
сопирачката кога го палите
моторот.
Ако не се притисне педалата за сопирачките, се слуша
предупредувачка мелодија 3 108 и
моторот не може да се стартува.
Во зависност од верзијата, може да
се прикаже соодветна
предупредувачка порака, на
пример Depress brake pedal
(Притиснете ја педалата на
сопирачките) , и во
Информативниот центар за
возачот 3 102.
Забелешка
Гласноста на предупредувачкиот
тон може да се прилагоди и преку Информативниот центар за
возачот 3 102.
Кога педалата на сопирачка е
нагазната, менувачот автоматски
се префрлува во N (лер) и може да
се запали моторот. Може да
настапи кратко задоцнување.
Page 141 of 229

Возење и ракување139AutostopЗа време на Autostop, ако рачката
на менувачот е во положба N,
изберете друга брзина, инаку
отпуштете ја педалата на
сопирачката или ставете ја рачката во +, – или R за да овозможите
автоматско повторно палење на
моторот.
Систем за сопирање-поаѓање
3 132.
Рачка на менувачотСекогаш придвижувајте ја рачката
на менувачот во соодветната
насока до каде што може да оди.
Забелешка
Не држете ја рачката на
менувачот во средишна положба.
Ако некоја брзина не е целосно
активирана, тоа може да
предизвика дефект, а во
Информативниот центар за
возачот може да се прикаже
порака за предупредување.
Вратете ја рачката на менувачот
во средишната положба. По
кратко време, во
Информативниот центар за
возачот ќе се прикаже N и
системот повторно ќе работи
нормално.
Информативен центар за возачот
3 102.
Откако ќе изберете A/M, + или - и ќе
ја отпуштите рачката на
менувачот, рачката автоматски се
враќа во средишната положба.N:лерo:положба за возењеA/M:префрлување помеѓу
автоматскиот и рачниот
режим
Екранот на менувачот
покажува AUTO кога е во
автоматски режим.R:рикверц
Ставајте во рикверц само
кога возилото е во
мирување. Екранот на
менувачот покажува „R“ кога
е ставено во рикверц.+:менување во поголема
брзина–:менување во помала брзинаВнимание
Не е препорачливо да се вози со раката легната на рачката наменувачот.
Поаѓање
При палењето на моторот
нагазнете ја педалата на
сопирачката и поместете ја
рачката на менувачот кон + за да се
стави во прва брзина. Ставете во
Page 142 of 229

140Возење и ракувањепоголема или помала брзина со
ставање на рачката на менувачот
во + или -.
Брзините може да се
прескокнуваат со придвижување
на рачката на менувачот повеќе
пати во кратки временски
интервали.
Возачот се предупредува за
неправилно избирање брзина со предупредувачки тон заедно со
порака на Информативниот центар за возачот 3 102. Системот се
враќа во помала брзина, избирајќи
ја најсоодветната брзина
автоматски.
Ако се избере R, се активира
рикверц. Возилото почнува да се
движи штом ќе се отпушти
педалата на сопирачката. За брзо
поаѓање, отпуштете ја педалата на
сопирачка и давајте гас веднаш по
ставањето во брзина.
Поместете ја рачката на менувачот кон A/M за да вклучите автоматски
режим, менувачот автоматски менува брзини, зависно од
условите на возењето.За да го вклучите рачниот режим,
поместете ја рачката на менувачот
кон A/M. Моменталната брзина ќе
се појави на екранот на менувачот.
Застанување на возилото Во автоматски или рачен режим,
првата брзина е ставена и
куплунгот е отпуштен кога
возилото се запира. Во R,
рикверцот останува активен.
Кога возилото стои, ако моторот е
вклучен и брзината е вклучена;
предупредувачки мелодии се
вклучуваат и во одредени ситуации
менувачот автоматски се
променува во N.
Кога застанувате на стрмнини,
затегнете ја сопирачката за
паркирање или притиснете ја
педалата на сопирачката. За да се
спречи прегревањето на
квачилото, може да се огласи
повремен предупредувачки тон
како опомена да ја притиснете
педалата на сопирачка или да ја
затегнете сопирачката за
паркирање.Изгаснете го моторот ако
застанувате за подолго, на пр. во
сообраќајни метежи.
Моторно кочење
Автоматски режим
Кога се вози по удолнини,
автоматскиот менувач не се
префрлува во поголеми брзини додека не се достигне релативно
голема брзина на моторот.
Благовремено се префрлува во
помала брзина кога се сопира.
Рачен режим
За да се искористи дејството на моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по удолнини.
Page 143 of 229

Возење и ракување141Нишање на возилотоНишањето на автомобилот е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал, снег или
дупка. Ставајте ја рачката на
менувачот меѓу R и A/M (или меѓу
+ и -) повеќепати, истовремено
благо притискајќи ја педалата за
гас. Не турирајте го моторот и
избегнувајте нагли забрзувања.
Паркирање
Затегнете ја рачната сопирачка.
Останува најпоследно избраната
брзина (видете на екранот на
менувачот) активирана.Внимание
Не го оставајте возилото со
менувачот во позиција N.
Кога палењето е вклучено,
предупредувачки тон се огласува
кога возилото е паркирано ако
менувачот е сеуште во N.
Кога палењето е исклучено,
менувачот веќе не реагира на
движењата на рачката на
менувачот.
Рачен режим
Ако брзината на моторот е
премала, менувачот автоматски се
менува во помала брзина.
Во рачниот режим не се остварува
автоматско префрлување во
поголема брзина при поголем број
на вртежи на моторот. Ако
брзината на моторот е преголема, менувачот се префрлува во
поголема брзина само преку
збоднување 3 141.
Кога се препорачува менување
брзина за да се подобри горивната економичност, контролната
сијаличка [ или Ò ќе светне во
Информативниот центар за
возачот 3 95.Електронски програми за
возењето
Еко режим E
Кога е вклучен автоматскиот
режим, Еко режимот може да се
избере за да се намали
потрошувачката на гориво.
Еко режимот ја избира
најсоодветната брзина зависно од
брзината на возилото, брзината на
моторот и интензитетот со кој се
притиска гасот.
Page 144 of 229

142Возење и ракувањеАктивирање
Притиснете E на куќиштето на
рачката на менувачот.
Контролната сијаличка E се
појавува на екранот на менувачот
за да го покаже активирањето.
Деактивирање
Еко режимот се исклучува со:
● притиснете E повторно
● префрлање во рачен режим
За да се заштити менувачот при
крајно високи температури на
квачилото, може да се огласи
испрекинат предупредувачки тон.
Во такви случаи, притиснете ја
педалата на сопирачката, ставете
во N и активирајте ја сопирачката
за паркирање за да се овозможи
куплунгот да се излади.
Збоднување
Ако педалот за гас е нагазнат преку отпорната точка, зависно од
брзината на моторот менувачот се
префрлува во помала брзина. За
забрзување целата моќност на
моторот стои на располагање.Ако брзината на моторот е
преголема, менувачот се
префрлува во поголема брзина,
дури во рачниот режим. Без
збоднувањето ова автоматско
менување не настанува во
механичкиот режим.
Дефект
Во случај на дефект, контролната
сијаличка s се покажува на
екранот на менувачот.
Може да се продолжи со возењето, под услов возилото да се вози
внимателно и со предвидување.
Може да се појави
предупредувачка порака на
Информативиот центар за возачот
заедно со предупредувачки тон
3 108.
Забелешка
Гласноста на предупредувачкиот
тон може да се прилагоди и преку
Информативниот центар за
возачот 3 102.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.