Page 129 of 229

Контрола на климатизацијата127Одржување
Довод на воздухот
Доводот за воздух пред
шофершајбната во моторниот
простор мора да се чува чист за да
се овозможи доводот на воздухот.
Извадете ги лисјата, нечистотијата
или снегот.
Филтер за полен
Филтерот за полен ги отстранува
правта, саѓите, поленот и спорите
од воздухот што влегува во
возилото преку доводот за воздух.
Обично работење на
климатизацијата
За да се обезбедат постојано
ефикасни перформанси, ладењето мора да се вклучува неколку
минути еднаш месечно, без оглед на времето и годишната доба. Не е
возможно ракувањето со ладењето кога надворешната температура е
прениска.
Сервис За оптимални перформанси на
ладењето, се препорачува ситемот
за контрола на климатизацијата да
се проверува годишно, почнувајќи три години по првата регистрација
на возилото, заедно со следниве:
● тестирање на функционалноста и притисокот
● функционалноста на греењето
● проверка за протекување
● проверка на погонските ремени
● чистење на одводот на кондензаторот и испарувачот
● проверка на перформанситеЗабелешка
Средството за ладење R-134а
содржи флуорирани стакленички
гасови со потенцијал за глобално
затоплување од 1430.
Системот за климатизација е
наполнет со 0,45 кг и има
еквивалент на CO 2 од 0,644 тони.
Page 130 of 229

128Возење и ракувањеВозење и
ракувањеПрактични совети за возење ..129
Контрола над возилото .........129
Управување ............................ 129
Поаѓање и ракување ................129
Разработување на новото возило .................................... 129
Положби на прекинувачот за палење .................................. 130
Палење на моторот ...............130
Исклучување на возилото .....131
Исклучување на пребрзувањето .....................132
Систем за сопирање- поаѓање ................................. 132
Паркирање ............................. 135
Издувни гасови од моторот .....136
Филтер за дизелски честички ................................ 136
Катализатор ........................... 137
Рачен менувач ......................... 137
Автоматизиран рачен менувач ..................................... 138
Екран на менувачот ...............138Палење на моторот ...............138
Рачка на менувачот ...............139
Рачен режим .......................... 141
Електронски програми за возењето ............................... 141
Дефект .................................... 142
Сопирачки ................................. 143
Систем за деблокирање на сопирачките .......................... 143
Сопирачка за паркирање ......144
Серво кочење ......................... 144
Помош при поаѓање на угорници ................................ 144
Системи за контрола на
возењето ................................... 145
Систем за контрола на пролизгувањето ....................145
Електронска контрола на стабилноста .......................... 146
Системи за помош на возачот 147 Контрола на патувањето .......147
Помош за паркирање ............149
Гориво ....................................... 151
Гориво за бензински мотори . 151
Гориво за мотори на дизел ...152
Гориво за работење со природен гас ......................... 152Полнење гориво ..................... 153
Потрошувачка на гориво - CO 2-испуштање
...................155
Кука за приколки ......................157
Општи информации ...............157
Возни карактеристики, совети за влечење ............................ 157
Влечење на приколка ............157
Page 131 of 229

Возење и ракување129Практични совети за
возење
Контрола над возилото
Не возете со изгаснат мотор
(освен за време на Autostop)
Многу уреди нема да
функционираат во таква ситуација
(на пр. серво уредот на
сопирачките, електронското
управување). Таквото возење е
опасно за Вас и за други. Сите
системи работат за време на
Autostop, но може да има
контролирано намалување на
серво управувањето, а брзината на
возилото ќе се намали.
Систем за сопирање-поаѓање
3 132.
Педали За да се обезбеди непречен од на
педалите, не смее да има
подлошки во пределот на
педалите.Користете само патосници кои се
вклопуваат добро и се
зацврстуваат од држачите на
страната на возачот.
Возење по удолнини Ставете во брзина кога возите по
удолнина за да имате доволен
притисок за сопирачките.
Управување
Ако се изгуби помошта за
хидраулично управување бидејќи
моторот сопрел или поради дефект
на системот, со возилото може да
се управува, но може да треба
поголем напор.Внимание
Не оставајте го воланот
блокиран кога возилото е во
мирување, тоа може да ја
оштети пумпата за серво
управување.
Поаѓање и ракување
Разработување на новотовозило
Не сопирајте непотребно силно
при првите неколку патувања.
За време на првото возење може
да се јави чад поради
испарувањето на восокот и
маслото од системот за издувни
гасови. Паркирајте го возилото на
отворено место за некое време по првото возење и не ги вдишувајте
пареите.
За време на периодот за
разработување потрошувачката на
гориво и моторно масло може да
биде поголема.
Освен тоа, постапката за чистење
на филтерот за дизелски честички
може да се врши почесто. Филтер
за дизелски честички 3 136.
Автостоп може да се попречи за да се овозможи полнење на
акумулаторот. Систем за
сопирање-поаѓање 3 132.
Page 132 of 229
130Возење и ракувањеПоложби на прекинувачотза палење
Свртете го клучот:0:исклучено палење:
Некои функции остануваат
активни додека не се извади
клучот или не се отворивозачката врата, под услов
палењето да било вклучено
претходно1:вклучено палење, заклучениот
волан е ослободен.
Контролните сијалички светат
и може да се ракува со
повеќето електрични функции.
Предзагревање на дизел
моторот.2:стартување на моторот:
Отпуштете го клучот откако ќе
почне стартувањето
Заклучување на воланот
Извадете го клучот од
прекинувачот за палење и вртете
го воланот додека да се заглави.
Палење на моторот
Свртете го клучот во положбата 1 и
малку помрднете го воланот за да
се ослободи заклучениот волан.
Рачен менувач: нагазнете ги
педалите на куплунгот и
сопирачките.
Автоматизиран рачен менувач:
притиснете ја педалата за
сопирачките; менувачот
автоматски се префрлува во N
(лер)
Не нагазнувајте го педалот за гас.
Page 133 of 229

Возење и ракување131Дизел мотори: свртете го клучот во
положбата 1 за предзагревање
додека не се изгасне контролната
сијаличка !.
Свртете го клучот накратко во
положбата 2 и отпуштете го.
Пред повторно да го запалите или
за да го изгаснете моторот, вратете го клучот во положбата 0.
Autostop За време на Autostop, моторот
може да се запали повторно
автоматски со притискање на
педалата на куплунгот.
Возилата со автоматизиран рачен
менувач (MTA): Ставете во брзина
за напред, отпуштете ја педалата
на сопирачките или ставете ја
рачката на +, – или R за да вклучите
автоматско повторно палење.
Систем за сопирање-поаѓање
3 132.Палење на моторот при ниски
температури
Палењето на моторот без
дополнителни грејачи е можно до
-25 °C за мотори на дизел и до
-30 °C за бензинските мотори.
Потребно е моторно масло со
правилна вискозност, правилно
гориво, редовно извршени сервиси
и доволно наполнет акумулатор.
Загревање на турбо мотор По палењето, достапниот вртежен
момент на моторот може да биде
ограничен за краток временски
период, особено кога
температурата на моторот е ниска.
Ограничувањето овозможува
системот за подмачкување
целосно да го заштити моторот.Исклучување на возилото
Систем за прекин на дотокот на
гориво
Во случај на судар со одредена
тежина, се прекинува дотокот на
горивото и моторот се исклучува
автоматски, поради безбедносни
причини.
Контролната сијаличка 9 свети ако
прекинувачот за прекин на
горивото е вклучен и, во зависност
од верзијата, соодветна
предупредувачка порака може да
се појави во Информативниот
центар за возачот 3 102.
Контролната сијаличка за општо
предупредување 9 3 92.
Забелешка
Освен тоа, возилото автоматски се отклучува и се палат
предупредувачки трепкачи и
внатрешните светла.
Свртете го клучот за палење во
положба 0 за да спречите
празнење на акумулаторот од
возилото и веднаш побарајте
помош од сервисер. Возилото
Page 134 of 229

132Возење и ракувањетреба да се провери да не истекува
гориво во моторниот простор, под
возилото и блиску до резервоарот.
За да го ресетирате системот за
прекин на дотокот на гориво и да
овозможите возилото да се вози:
1. Свртете го клучот за палење во
положба 1 3 130.
2. Активирајте го десниот трепкач 3 114.
3. Исклучете го десниот трепкач.
4. Активирајте го докрај левиот трепкач.
5. Исклучете го левиот трепкач.
6. Повторете ги чекорите 2, 3, 4 и 5.
7. Свртете го клучот за палење во
положба 0.9 Опасност
Ако ви замириса на гориво во
возилото, или има истекување
гориво, веднаш поправете ја
причината за тоа на сервис. Не
ресетирајте го системот за
прекин на дотокот на гориво за
да спречите опасност од пожар.
Пораки за горивниот систем 3 109.
Исклучување на пребрзувањето
Доводот на гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзувањето, т.е. кога возилото
се вози во некоја брзина, но
педалата за гас е отпуштена.
Во зависност од условите за
возење, исклучувањето на
пребрзувањето може да се
деактивира.
Систем за сопирање- поаѓање
Системот за сопирање-поаѓање
помага да се заштеди гориво и да
се намали испуштањето издувни
гасови. Кога дозволуваат условите, го исклучува моторот штом
возилото е во мала брзина или е
сопрено, на пр. на семафор или во
сообраќаен метеж. Го пали
моторот автоматски штом ќе се
отпушти куплунгот.
Сензорот за акумулаторот
обезбедува Autostop да се врши
само ако акумулаторот е доволно
полн за повторно палење.
Активирање Системот за сопирање-поаѓање е
достапен штом ќе се запали
моторот, возилото ќе појде и
условите како што се опишани
подолу во овој дел се исполнети.
Деактивирање
Page 135 of 229

Возење и ракување133Деактивирајте го системот за
сопирање-поаѓање рачно со
притискање ^ во централната
конзола. LED-от во копчето
светнува за да се потврди
деактивирањето.
Во зависност од верзијата, може да
се прикаже соодветна порака, на
пример Start&Stop disconnected
( Прекината е врската со сопирање-
поаѓање) , и во Информативниот
центар за возачот 3 102.
Autostop Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено, вклучете го Autostop на следниов начин:
● Притиснете ја педалата за куплунг
● Ставете ја рачката во лер
● Отпуштете ја педалата за куплунг
Моторот ќе се изгасне, а палењето
останува вклучено.
На Autostop укажува трепкање на
контролната сијаличка ^ на
информативниот центар за
возачот 3 102.
За време на Autostop, греењето,
серво управувањето и сопирачките
функционираат.
Внимание
Серво управувањето може да се намали за време на Autostop.
Услови за Autostop
Системот за сопирање-поаѓање проверува дали се исполнети ситеуслови. Инаку, Autostop е
попречено.
● системот за сопирање- поаѓање не е рачно исклучен
● багажникот е целосно затворен
● возачката врата е затворена и безбедносниот ремен на
возачот е прицврстен
● акумулаторот е доволно наполнет и е во добра состојба
● моторот е загреан
● температурата на течноста за ладење на моторот не е
превисока
● температурата на издувните гасови од моторот не е
превисока, на пр. по возење со големо оптоварување на
моторот
● околната температура не е прениска
Page 136 of 229

134Возење и ракување● системот за контрола наклиматизацијата дозволува
Autostop
● функцијата за самочистење на филтерот за дизелски честичкине е вклучен
● возилото е поместено од последното Autostop
● вакуумот на сопирачката е доволен
● бришачите на шофершајбната не работат со голема брзина
● не е избран рикверц
● греењето на задното стакло не
работи
Околна температура блиску до
точката на мрзнење може да го
попречи Autostop.
За возила со автоматизиран рачен
менувач, Autostop може да се
потисне додека не се достигне брзина од околу 10 км/ч.
Веднаш по возењето по автопат,
Autostop може да биде попречено.
Разработување на новото возило
3 129.Заштита на акумулаторот од
празнење
За да обезбедите сигурно палење
на моторот, вградени се неколку
функции за заштита од празнење
на акумулаторот како дел од
системот за сопирање-поаѓање.
Повторно палење на моторот Рачен менувач
Рачката на менувачот треба да биде во лер за да се овозможи
автоматско повторно палење.
Притиснете ја педалата на
куплунгот за повторно палење на
моторот.
Автоматизиран рачен менувач
Ако рачката на менувачот е во
положба N, изберете друга брзина,
инаку отпуштете ја педалата на
сопирачката или ставете ја рачката на +, – или R за да овозможите
автоматско повторно палење.
Ако некој електричен уред, на пр.
преносен ЦД-плеер, е поврзан со
штекер, може да се забележи кусо
опаѓање на напонот за време на
повторното палење.Повторно палење на моторот
со клучот
Кога ќе се појави некоја од
следниве околности за време на Autostop, моторот треба повторно
да се запали рачно со клучот.
● безбедносниот ремен на возачот е одврзан и е отворена
возачката врата
● поминале три минути откако моторот бил исклучен
Во тој случај, контролната
сијаличка ^ трепка во
Информативниот центар за
возачот заедно со
предупредувачка мелодија. Во
зависност од верзијата, може да се прикаже соодветна
предупредувачка порака и во
Информативниот центар за
возачот 3 102.
Дефект
Ако контролната сијаличка Æ свети
во групата инструменти, има
дефект во системот за сопирање-
поаѓање 3 100.