Page 33 of 123
Радио33
Радио текст
Ако е активирана оваа функција, се
прикажуваат дополнителни
информации за програмата што се
прима во моментот или за
музичкиот запис што се
репродуцира, како насловот,
изведувачот, видот музика,
вестите или сообраќајните
соопштенија.
За да се покажат или скријат
информациите, поставете го Radio
text (Радио-текст) на On (Вкл.) или
Off (Искл.) .
Slide Show (Слајдови)
Ако е активирана оваа функција, се прикажуваат дополнителни
информации за програмата што се
прима во моментот или музичкиот
запис што се репродуцира, во
облик на слики, графики или куси
видео записи.
За да ги покажете или скриете овие слики, графики или видео записи,
поставете го Slide Show
(Слајдови) на On (Вкл.) или Off
(Искл.) .
Page 34 of 123

34Надворешни уредиНадворешни уредиОпшти информации...................34
Репродукција на звук .................37
Прикажување слики ...................41
Репродукција на филмови .........43
Користење апликации за
паметни телефони .....................46Општи информации
Во средишната конзола, под
контролите на климатизацијата,
има приклучоци AUX и USB за
поврзување надворешни извори на звучни податоци.
Внимание
Не менувајте ја опремата за
додатоци USB на приклучокот
USB. Топлината што се
произведува може да
предизвика проблеми со
перформансите или да го
оштети инфозабавниот систем.
Ако може да се конфигурира,
сменете ги поставките на
опремата, на пр. на паметниот телефон, така што
поврзувањето USB ќе се
користи само за пренесување
податоци, а не за полнење.
Забелешка
Приклучоците секогаш треба да
бидат чисти и суви.
Влез AUX Може да се приклучи, на пр., iPod
или друг дополнителен уред во
приклучокот AUX.
Кога ќе се приклучи во
приклучокот AUX, аудио сигналот
на дополнителниот уред се
пренесува преку звучниците на
Инфозабавниот систем.
Поставките за гласноста и тонот
може да се прилагодуваат преку
Инфозабавниот систем. Со сите
Page 35 of 123

Надворешни уреди35
други контролни функции треба дасе ракува преку дополнителниот
уред.
Поврзување уред
За да го приклучите
дополнителниот уред во влезниот
приклучок AUX на Инфозабавниот систем, употребете некој од
следниве кабли:
3-полен за извор на звук, 4-полен
за извор на филм.1=Лев аудио сигнал2=Десен аудио сигнал3=Вземјување4=Видео сигналФункција за звук од AUX
Инфозабавниот систем може да
пушта музички фајлови содржани
на дополнителни уреди како
паметни телефони или производи
iPod/iPhone.
Функција за филм од AUX
Инфозабавниот систем може да
пушта филмски фајлови содржани на дополнителни уреди како
паметни телефони или производи
iPod/iPhone.
Забелешка
За да ја користите функцијата за
филмови со iPod/iPhone, поврзете
го уредот со приклучокот AUX. Не
може да се воспостави постојана
врска преку приклучокот USB.
Приклучок за USB Во приклучокот USB може да се
приклучат МП3-плеер, диск USB,
SD-картичка (преку приклучок/
адаптер за USB), iPod или паметен
телефон.Кога се поврзани со приклучокот
USB, со разни функциите на
уредите може да се ракува преку
контролите и изборниците на
Инфозабавниот систем.
Забелешка
Инфозабавниот систем не ги
поддржува сите модели на МП3-
плеери, USB-дискови, SD-
картички, модели на iPod или
паметни телефони.
Поврзување/откачување уред
Приклучете го уредот USB или iPod
во приклучокот USB. За iPod,
користете го соодветниот кабел за
поврзување. Музичката функција
почнува автоматски.
Забелешка
Ако се поврзе уред USB или iPod
што не може да се прочита, ќе се појави соодветна порака за
грешка и Инфозабавниот систем
автоматски ќе се префрли на
претходната функција.
Page 36 of 123

36Надворешни уреди
За да ја прекинете врската на
уредот USB или iPod-от, изберете
друга функција, а потоа извадете ја меморијата USB.Внимание
Не откачувајте го уредот за
време на репродукција. Така
може да се оштети уредот или
Инфозабавниот систем.
Функција за звук од USB
Инфозабавниот систем може да
пушта музички фајлови содржани
на мемории USB ili производи iPod/
iPhone.
Функција за слики од USB
Инфозабавниот систем може да
прикажува слики содржани на
меморија USB.
Функција за филмови од USB
Инфозабавниот систем може да
прикажува филмови содржани на
меморија USB.
Забелешка
За да ја користите функцијата за
филмови со iPod/iPhone, поврзете
го уредот со приклучокот AUX. Не
може да се воспостави постојана
врска преку приклучокот USB.
Bluetooth Изворите на звук со вклучен
Bluetooth (на пр. музички мобилни
телефони, МП3-плеери со
Bluetooth итн.) што ги поддржуваат профилите за музика A2DP и
AVRCP за Bluetooth може да се
поврзат безжично со
Инфозабавниот систем.
Поврзување уред
Побарајте детален опис за
поврзување Bluetooth 3 51.
Функција за звук од Bluetooth
Инфозабавниот систем може да
пушта музички фајлови содржани
на уреди Bluetooth како паметни
телефони или производи iPod/
iPhone.Поддршка за апликации за
паметни телефони Функцијата Apps (Апликации) на
Инфозабавниот систем
овозможува пристап до одобрени
апликации за паметни телефони.
Инфозабавниот систем одобрува
ажурирања за апликациите штом
станат достапни.
Пред да може да се ракува со
одобрена апликација со
контролите и изборниците на
Инфозабавниот систем, односната апликација треба да се инсталира
на паметниот телефон.
Следете ги упатствата на
паметниот телефон кога
инсталирате одобрена апликација.
Формати на фајлови и папки
Максималниот капацитет на уред
поддржан од Инфозабавниот
систем е 2500 музички фајлови,
2500 сликовни фајлови 250
филмски фајлови, 2500 папки и 10 степени на структура на папки.
Page 37 of 123

Надворешни уреди37
Поддржани се само уреди
форматирани со систем на
фајлови FAT16/FAT32.
Забелешка
Некои фајлови може да не се
репродуцираат правилно.
Причината може да биде
различен формат на снимање или состојбата на фајлот.
Фајлови од продавниците на
интернет што се со управување на
дигиталните права не можат да се репродуцираат.
Инфозабавниот систем може да ги репродуцира следните аудио,
сликовни и филмски фајлови
зачувани на надворешни уреди.
Аудио фајлови
Аудио фајлови што можат да се
репродуцираат
се .mp3, .wma, .ogg и .wav.
Кога се репродуцира фајл со
ознаки ID3, Инфозабавниот систем
може да прикаже информации за,
на пр., насловот на песната и
изведувачот.Сликовни фајлови
Фајлови со слики што можат да се
прикажат се .jpg, .bmp, .png и .gif.
Фајловите .jpg треба да се со
ширина од 64 до 5000 пиксели и
висина од 64 до 5000 пиксели.
Фајловите .bmp, .png и .gif треба да
се со ширина од 64 до 1024 пиксели и висина од 64 до 1024 пиксели.
Филмски фајлови
Филмски фајлови што може да се репродуцираат
се .avi, .mpg, .mp4, .divx, .xvid
и .wmv.
Резолуцијата на фајловите треба
да биде меѓу 720 пиксели ширина и
576 пиксели висина. Брзината на
репродукција треба да биде
помала од 30 fps.
Употребливи кодеци се divx, xvid,
mpeg-1, mpeg-4 (mpg4, mp42,
mp43) и wmv9 (wmv3).
Формати на аудио што можат да се репродуцираат се .mp3, .ac3, .aac
и .wma.Формат на титли што може да се
прикаже е .smi.
Репродукција на звук Дополнителен уред
Активирање на приклучокот AUX
Ако дополнителниот уред не е
поврзан со Инфозабавниот систем, поврзете го уредот 3 34. Се
прикажува изборникот за звук од
AUX и репродукцијата на звучните
записи почнува автоматски.
Во случај дополнителниот уред да
е веќе поврзан.
Ако е потребно, притиснете го
копчето ;, па изберете го
екранското копче Audio (Аудио) за
да го отворите последниот избран
главен изборник за звук.
Ако е потребно, изберете го
екранското копче Source (Извор) за
да отворите паѓачка листа, а потоа изберете AUX за да го отворите
односниот главен изборник за звук.
Репродукцијата на звучните записи почнува автоматски.
Page 38 of 123

38Надворешни уреди
Менување на поставките за тон
Изберете го екранското копче k
Tone settings (Поставки за тон) за
да го отворите односниот
изборник. Побарајте детален опис
3 17.
Забелешка
Поставките за гласност и тон
може да се прилагодуваат преку
Инфозабавниот систем. Сите
други функции треба да се вршат
преку дополнителниот уред.
Уред USB и iPod
Активирање на функцијата за
уред USB или iPod
Ако уредот USB или iPod-от уште
не е поврзан со Инфозабавниот
систем, поврзете го уредот 3 34 . Се
прикажува односниот главен изборник за звук и репродукцијата
на звучните записи почнува
автоматски.
Во случај уредот USB или iPod-от
да е веќе поврзан.
Ако е потребно, притиснете го
копчето ;, па изберете го
екранското копче Audio (Аудио) за
да го отворите последниот избран
главен изборник за звук.
Ако е потребно, изберете го
екранското копче Source (Извор) за
да отворите паѓачка листа, а потоа изберете USB за да го отворите
односниот главен изборник за звук.
Репродукцијата на звучните записи почнува автоматски.
Забелешка
Се прикажуваат обвивки на
албумите ако се компримирани во
звучниот фајл, на пр. MP3.
Прекинување и продолжување на
репродукцијата
Допрете го екранското копче = за
да прекинете репродукција.
Екранското копче се менува во l.
Допрете го екранското копче l за
да ја продолжите репродукцијата.
Page 39 of 123

Надворешни уреди39
Репродукција на следниот или
претходниот запис
Допрете го екранското копче v за
да го репродуцирате следниот
запис.
Допрете го екранското копче t во
првите 2 секунди од
репродукцијата на записот за да се вратите на претходниот запис.
Враќање на почетокот на
моменталниот запис
Допрете го екранското копче t 2
секунди откако почнал да се
репродуцира записот.
Брзо напред и брзо назад
Држете го екранското копче t или
v . Отпуштете го односното копче
за да се вратите во нормалниот
режим за репродукција.
Или може да го движите лизгачот
што ја покажува моменталната
положба на записот со прстот
налево или надесно.Повторување на репродукцијата на
записите
Допирајте го екранското копче r
повеќе пати за да изберете една од
следниве опции.
■ 1: се повторува репродукцијата
на моменталниот запис.
■ СИТЕ : се повторува
репродукцијата на сите записи на уредот.
■ ИСКЛ. : нормален режим на
репродукција.
Произволна репродукција на
записите
Допирајте го екранското копче s
повеќе пати за да ја активирате или деактивирате функцијата.
■ ВКЛ. : сите записи на уредот се
репродуцираат по произволен
редослед.
■ ИСКЛ. : нормален режим на
репродукција.
Гледање информации
За да се прикажат информации за
записот што се репродуцира во
моментот, допрете го екранот. Сеприкажува порака што прикажува
информации што се зачувани со
записот, на пр., за насловот,
изведувачот или албумот.
Користење на изборникот за
музика
Допрете го екранското копче MENU
(ИЗБОРНИК) за да се отвори
односниот изборник за музика.
Се прикажуваат разни категории по
кои се подредуваат записите, на
пр., Folders (Папки) , Artists
(Изведувачи) или Albums ( Албуми) .
Page 40 of 123

40Надворешни уреди
Изберете ја саканата категорија,
поткатегорија (ако има), а потоа
изберете запис.Менување на поставките за тон
Изберете Tone settings (Поставки
за тон) за да го отворите односниот
изборник. Побарајте детален опис
3 17.
Музика Bluetooth
Активирање на функцијата за
музика Bluetooth
Ако уредот Bluetooth уште не е
поврзан со Инфозабавниот систем, воспоставете врска Bluetooth
3 51, па продолжете како што е
опишано подолу.
Во случај уредот Bluetooth да е
веќе поврзан.
Ако е потребно, притиснете го
копчето ;, па изберете го
екранското копче Audio (Аудио) за
да го отворите последниот избран
главен изборник за звук.
Ако е потребно, изберете го
екранското копче Source (Извор) за
да отворите паѓачка листа, а потоа
изберете Bluetooth за да го
отворите односниот главен
изборник за звук.
Репродукцијата на звучните записи почнува автоматски.
Прекинување и продолжување на
репродукцијата
Допрете го екранското копче = за
да прекинете репродукција.
Екранското копче се менува во l.
Допрете го екранското копче l за
да ја продолжите репродукцијата.
Репродукција на следниот или
претходниот запис
Допрете го екранското копче v за
да го репродуцирате следниот
запис.
Допрете го екранското копче t во
првите 2 секунди од
репродукцијата на записот за да се вратите на претходниот запис.
Враќање на почетокот на
моменталниот запис
Допрете го екранското копче t 2
секунди откако почнал да се
репродуцира записот.
Брзо напред и брзо назад
Држете го екранското копче t или
v . Отпуштете го односното копче
за да се вратите во нормалниот
режим за репродукција.
Повторување на репродукцијата на
песна или фајл
Допирајте го екранското копче r
повеќе пати за да изберете една од
следниве опции.