Page 81 of 123

Вовед81
Местење на распределбатана гласноста меѓу десниот и
левиот дел
Листајте и изберете Balance
(Баланс) .
Наместете ја саканата вредност.
Избирање стил на тонот
Листајте и изберете EQ
(Еквилајзер). Се прикажува
изборникот EQ presets (EQ-готови
поставки) .
Прикажаните опции пружаат
оптимизирани претходни поставки
на басовите, средните и високите
тонови за соодветниот стил на
музиката.
Одберете ја саканата опција.
Местење на поединечни
поставки на „0“ Одберете ја саканата опција и
притиснете го копчето за повеќе
функции MENU-TUNE неколку
секунди.
Вредноста се враќа на „0“.
Местење на сите поставки на„0“ или „OFF (ИСКЛ.)“
Држете го копчето TONE неколку
секунди.
Сите вредности се враќаат на „0“,
меморијата за еквилајзерот се
поставува на OFF (ИСКЛ.).Поставки на гласноста
Прилагодување на гласноста со надоместување според
брзината Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Radio settings (Радио
поставки) а потоа Auto volume
control (Автоматска контрола на
гласноста) .
Функцијата Auto volume control
(Автоматска контрола на
гласноста) може да се деактивира
или степенот на
приспособувањето на гласноста
може да се одбере во прикажаниот
изборник.
Одберете ја саканата опција.
Page 82 of 123
82Вовед
Прилагодување на
максималната гласност при
вклучување
Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Radio settings (Радио
поставки) а потоа Maximum startup
volume (Максимална гласност при поаѓање) .
Наместете ја саканата вредност.
Приспособување нагласноста на сообраќајните
соопштенија
Гласноста на сообраќајните
соопштенија може да се постави да
се зголемува или намалува во
однос на нормалната гласност на
звукот.
Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Изберете Radio settings (Радио
поставки) , RDS options (Опции за
RDS) , а потоа TA volume ( Гласност
на ТА) .
Наместете ја саканата вредност.
Прилагодување на гласноста
на ѕвонењето
Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Изберете Phone settings (Поставки
за телефонот) , Sound & Signals
(Звук и сигнали) , а потоа Ring
Volume (Гласност на ѕвонењето) .
Наместете ја саканата вредност.
Page 83 of 123

Радио83РадиоУпотреба..................................... 83
Пребарување станици ...............83
Списоци за автоматско
зачувување ................................. 84
Списоци со миленици ................85
Изборници за бранови
должини ...................................... 86
Радио податочен систем
(RDS) ........................................... 88
Дигитална аудио дифузија ........90Употреба
Активирање на радиото
Притиснете го копчето RADIO за да
се отвори главниот изборник на
радиото.
Последно пуштената станица ќе се
прима.
Одбирање на брановата должина Притиснете го копчето RADIO
еднаш или повеќе пати за да се
избере саканата бранова должина.
Последно пуштената станица во
таа бранова должина ќе се прима.
Пребарување станици
Автоматско пребарување на станици Накратко притиснете го копчето
s или u за да се пушти
следната станица во меморијата за станици.
Рачно пребарување на
станици Притиснете го и држете го копчето
s или u. Отпуштете го
односното копче кога речиси ќе се
достигне саканата фреквенција на
екранот.
Се врши барање на следната
станица која може да се прими и
таа се пушта автоматски.
Забелешка
Рачно пребарување на станици:
Ако радиото не наоѓа станици,
истото автоматски се префрлува
на ниво за почувствително
пребарување. Ако се уште не
наоѓа станици, фреквенцијата
која последно беше активна се
мести повторно.
Page 84 of 123

84Радио
Забелешка
Бранова должина FM: Кога
функцијата за RDS е активирана,
се бараат само RDS станици
3 88, а кога радио сообраќајната
услуга (TP) е активирана, се
бараат само станици со
сообраќајна услуга 3 88.
Рачно штелување на станици
Во изборникот за радио,
притиснете го копчето MENU-
TUNE за да го отворите односниот
изборник за бранова должина и
изберете FM manual tuning (Рачно
местење FM) , AM manual tuning
(Рачно местење AM) или DAB
manual tuning (Рачно местење DAB) .
Кога ќе се појави фреквенцијата,
вртете го копчето MENU-TUNE и
поставете ја оптималната
фреквенција за прием.Списоци за автоматско
зачувување Станиците што се примаат
најдобро во некое фреквентно
подрачје може да се бараат и
зачуваат автоматски преку
функцијата за автоматско
зачувување.
Секое фреквентно подрачје два
списока за автоматско зачувување
( AS-станици 1 , AS-станици 2 ) во
коишто може да се зачуваат по 6
станици.
Забелешка
Моментално приманата станица
се обележува со i.
Автоматско зачување на
станици Држете го кочето FAV 1-2-3
притиснато додека не се прикаже пораката за автоматско зачување.
12-те најсилни станици во
актуелната бранова должина ќе се
зачуваат на двата списока за
автоматско зачувување.
За да ја откажете постапката за
автоматско зачувување,
притиснете го копчето MENU-
TUNE .
Зачувување на станици,
рачно
Станици може да се зачуваат и
рачно, на списоците за автоматско
зачувување.
Наместете ја станицата која ќе се зачува.
Притискајте го кусо копчето FAV
1-2-3 еднаш или повеќепати за да
се префрлите на саканиот список.
Page 85 of 123

Радио85
За да ја зачувате станицата на
положба во список: притиснете го
соодветното копче за станицата
1 ... 6 додека не се прикаже порака
за потврдување.
Забелешка
Рачно зачуваните станици се
бришат во процес за автоматско
зачувување на станици.
Забелешка
За да ракувате со оваа функција,
функцијата AS-Stations (AS-
Станици) треба да е активирана
(видете подолу).
Повикување на станица Притискајте го кусо копчето FAV
1-2-3 еднаш или повеќепати за да
се префрлите на саканиот список.
Накратко притиснете едно од
копчињата за станици 1... 6 за да се
отвори станицата во соодветната
положба на списокот.
Забелешка
За да ракувате со оваа функција,
функцијата AS-Stations (AS-
Станици) треба да е активирана
(видете подолу).Активирање на функцијата за
автоматско зачувување
станици Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Изберете Radio settings (Радио
поставки) , а потоа AS-Stations (AS-
Станици) за да го отворите
односниот изборник.
Поставете го автоматското
зачувување станици за подрачјата
FM, AM или DAB на On (Вкл.).
Списоци со миленици
Станици од сите бранови должини може да се зачуваат рачно на
списоците со миленици.6 станици може да се зачуваат на
секој список со миленици. Бројот на
достапните списоци со миленици
не може да се намести (видете
подолу).
Забелешка
Моментално приманата станица
се обележува со i.
Зачувување станица
Наместете ја станицата која ќе се
зачува.
Притискајте го кусо копчето FAV
1-2-3 еднаш или повеќепати за да
се префрлите на саканиот список.
За да ја зачувате станицата на
положба во список: притиснете го
соодветното копче за станицата
1 ... 6 додека не се прикаже порака
за потврдување.
Повикување на станица Притискајте го кусо копчето FAV
1-2-3 еднаш или повеќепати за да
се префрлите на саканиот список.
Page 86 of 123

86Радио
Накратко притиснете едно од
копчињата за станици 1... 6 за да се
отвори станицата во соодветната
положба на списокот.
Одредување на бројот на
достапните списоци со миленици
Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Изберете Radio settings (Радио
поставки) , а потоа Radio favourites
(Радио омилени) за да го отворите
изборникот Max. number of
favourites pages (Макс. број
страници со омилени) .
Одберете го саканиот број на
достапните списоци со миленици.
Изборници за бранови
должини
Има алтернативни можности за
избирање станици на располагање
преку изборниците кои се
специфични за брановите
должини.
Забелешка
Следните екрани се прикажани како примери.
Списоци со станици
Кога сте во главниот изборник на
радиото, свртете го копчето MENU-
TUNE за да ја отворите листата
станици за соодветното
фреквентно подрачје.
Се прикажуваат сите AM/FM или станици DAB што може да се
примат во подрачјето.Забелешка
Ако не се создал список на
станици однапред,
Инфозабавниот систем извршува автоматско пребарување на
станици.
Одберете ја саканата станица. Забелешка
Моментално приманата станица
се обележува со i.
Ажурирање на списоците со
станици Во главниот изборник за радиото,
притиснете го копчето MENU-
TUNE за да го отворите
соодветниот изборник за
брановата должина.
Ако станиците чувани во списокот
со станици специфични за
брановата должина веќе не се
примаат:
Изберете ја ставката Update FM
stations list (Ажурирај листа
станици FM), Update AM stations list
(Ажурирај листа станици АМ) или
Update DAB stations list (Ажурирај
Page 87 of 123

Радио87
листа станици DAB) во
соодветниот изборник за
брановите должини.
Почнува пребарување на станици.
Штом ќе заврши барањето, се
репродуцира последната примена
станица.
За да го откажете барањето
станици: притиснете го копчето
MENU-TUNE .
Забелешка
Ако Инфозабавниот систем има
двоен радио-приемник, листите
со станици постојано се
ажурираат во заден план. Не е
потребно рачно ажурирање.
Забелешка
Ако се ажурира список на станици
специфични за бранови должини,
соодветниот список на категории
(ако го има) исто така се ажурира.
Favourites list (Листа омилени)
Во главниот изборник за радиото,
притиснете го копчето MENU-
TUNE за да го отворите
соодветниот изборник за
брановата должина.Изберете го Favourites list (Листа
омилени) . Се прикажуваат сите
станици зачувани во списоците со
миленици.
Одберете ја саканата станица.
Забелешка
Моментално приманата станица
се обележува со i.
Списоци со категории Бројни станици RDS 3 88 и DAB
3 90 емитуваат шифра PTY што
го определува видот на
емитуваната програма (на пр.
вести). Некои станици ја менуваат
и PTY шифрата зависно од
содржината што моментално се емитува.
Инфозабавниот систем ги
зачувува тие станици, подредени според видот на програмата, на
соодветниот список со категории.
За барање вид на програмата
одредена од станицата: изберете
ја опцијата за список со категории
специфична за брановата
должина.
Се прикажува список на видовите
на програмите кои се достапни
моментално.
Одберете го саканиот вид на
програмата.
Се прикажува список на станиците
коишто емитуваат програма од
одбраниот вид.
Page 88 of 123

88Радио
Одберете ја саканата станица.
Се ажурира и листата категории
кога ќе се ажурира односниот
список со станици специфични за
брановата должина.
Забелешка
Моментално приманата станица
се обележува со i.
Соопштенија DAB Покрај своите музички програми,
бројни станици DAB 3 90
емитуваат разни категории
соопштенија.
Сервисот (програмата) DAB што се прима во моментот се прекинува
кога се очекува соопштение од
претходно активирани категории.
Активирање на категориите на
соопштенија
Кога сте во DAB menu (Изборник
DAB) , изберете DAB
announcements (Соопштенија
DAB) за да се прикаже односниот
изборник.
Активирајте саканата категорија на
соопштенија.
Може да се изберат повеќе
категории на соопштенија
истовремено.
Забелешка
DAB соопштенијата може да се
примат ако е активирана
брановата должина DAB.
Радио податочен систем
(RDS)
RDS е услуга на FM станиците која
значително го олеснува наоѓањето на саканата станица и приемот за
неа без грешка.
Предности на RDS ■ На екранот името на програмата на наместената станица се
појавува наместо нејзината
фреквенција.
■ При барање станици, Инфозабавниот систем мести
само станици со RDS.
■ Инфозабавниот систем секогаш ја мести фреквенцијата на
емитувањето со најдобар прием
на наместената станица со
помош на AF (алтернативна
фреквенција).
■ Зависно од станицата што се прима Инфозабавниот систем
прикажува радио текст што може
да содржи, на пр., информации
за актуелната програма.