Телефон141префрлите повикот на
Инфозабавниот систем, откажете
го изборот на Telephone mode
(Режим на телефон) .
За да го ставите повикот на
чекање, изберете On hold (На
чекање) за време на повик во тек.
Ако некој повик е ставен на чекање,
ставката во изборникот On hold (На
чекање) се променува во Resume
(Продолжи) . За да вратите некој
повик што е ставен на чекање,
изберете Resume (Продолжи) .
За да се префрлате помеѓу два повика, изберете Switch
(Префрли) .
Мобилни телефони и ЦБ радио опрема
Упатства за инсталирање и
инструкции за ракување
Мора да се придржува кон
Опеловите упатства за
инсталирање и инструкциите за
ракување од производителот на
мобилниот телефон и на уредот за
разговор без употреба на раце когасе инсталира и се ракува со
мобилен телефон.
Неспроведувањето може да ја
поништи сообраќајната дозвола на
возилото (директива на ЕУ 95/54/
EС).
Предуслови за функционирање
без проблеми:
● Професионално вградена надворешна антена за да се
добие најголемиот можен
опсег,
● Максималната снага на предавателот е 10 вати,
● Инсталација на телефонот на погодно место, видете во
соодветната белешка на
Сопственичкиот прирачник,
дел Систем на воздушни
перничиња .
Побарајте совети за претходно
утврдените точки за вградување на
надворешната антена и на држачот на опремата и за начините на
користењето на уреди со
предавателска снага поголема од
10 вати.Употребата на додаток за разговор
без раце без надворешна антена
според стандардите за мобилни
телефони GSM 900/1800/1900 и UMTS се дозволува само ако
максималната снага на
предавателот на мобилниот
телефон е 2 вати за GSM 900 или
1 ват за другите типови.
Од безбедносни причини не го
употребувајте телефонот додека
возите. Дури и употребата на уред
за разговор без употреба раце
може да Ви го одземе вниманието
додека возите.9 Предупредување
Ракувањето со радио опреми и
мобилни телефони кои не ги
исполнуваат горенаведените
стандадри за мобилни
телефони, се дозволува само со употребата на антена сместена
надвор од возилото.