Page 171 of 213

Нега на возилото169Еднонасочни гумиМонтирајте еднонасочни гуми, така што тие ќе се вртат во насоката на
патувањето. Правецот на
тркалањето е означен со симбол
(на пр. стрелка) од страната на
гумата.
Притисок на гумите Проверувајте го притисокот во
гумите кога се студени, најмалку на 14 дена и пред секое подолго
патување. Не заборавајте го
резервното тркало. Тоа важи и за
возилата со систем за контрола на
притисокот во гумите.
Извртете го капачето на вентилот.
Притисок во гумите 3 201.
Етикетата со информации за
притисокот на гумите на рамката на
вратата (ако одговара) укажува на оригиналните гуми и на
соодветните притисоци во гумите.
Податоците за притисокот во
гумите се однесуваат на ладни
гуми. Тоа важи за летни и зимски
гуми.Резервната гума секогаш пумпајте
ја до притисокот определен за
целосна оптовареност.
Неправилниот притисок во гумите
ќе ја влоши безбедноста,
управувањето на возилото,
удобноста и економичноста на
потрошувачката на гориво, и ќе го
зголеми абењето на гумите.
Притисоците на гумите се
разликуваат, зависно од опциите.
За правилна вредност на
притисокот на гумите, следете ја
постапката опишана подолу:
1. Идентификувајте ја идентификациската шифра намоторот. Податоци за моторот
3 195.
2. Идентификувајте ја гумата.
Табелите за притисок на гумите ги
покажуваат сите можни
комбинации на гуми 3 201.
За гумите одобрени за Вашето
возило, видете го Сертификатот за сообразност на ЕК доставен со
Вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.Возачот е одговорен за правилно прилагодување на притисоците на
гумите.9 Предупредување
Ако притисокот е пренизок,
гумите може премногу да се
загреат и да се оштетат
однатре, што може да
предизвика цепење на шарите,
па дури и експлозија на гумите
при големи брзини.
Систем за следење на
притисокот на гумите
Системот за следење на
притисокот на гумите (TPMS)
користи радио и сензорска
технологија за проверка на
притисокот во гумите.
Внимание
Системот за следење на
притисокот во гумите само
предупредува за послаб
Page 172 of 213

170Нега на возилотопритисок и не е замена за
редовното одржување на
гумите од страна на возачот.
Сензорите на TPMS го следат
воздушниот притисок во гумите и ги емитуваат резултатите од
мерењата на притисокот до
приемник што се наоѓа во
возилото.
Сите четири тркала треба да се
опремат со сензори за притисокот во гумите, и гумите треба да го
имаат пропишаниот притисок.
Табела за притисок во гумите
3 201.
Забелешка
Во земјите каде што системот за
следење на притисокот на гумите е законска обврска, користењето
тркала без сензори за притисокот
ќе го обезважи одобрението за
типот на возилото.
Состојба на низок притисок на
гумите
На откриена состојба на низок
притисок во гума укажува светење
на контролната сијаличка w 3 92
заедно со предупредувачка
мелодија. Кај возилата со
повеќефункциска верзија на
Информативниот центар за
возачот (DIC) се појавува и
соодветна порака.
Ако се запали w, сопрете штом
можете и напумпајте ги гумите
според препораките 3 201.
Откако ќе се напумпаат, може да
биде потребно возење за да се
ажурираат вредностите на
притисокот во гумите во системот.
За тоа време може да свети w.
Ако свети w при пониски
температури и се изгасне по
одредено време возење, може да
биде показател дека се
приближува состојба за низок
притисок во гумите. Проверете го
притисокот во сите четири гуми.
Ако притисокот во гумите мора да
се намали или зголеми, исклучете
го палењето.
Монтирајте само тркала со сензори
за притисок, инаку вредностите на
притисокот во гумите нема да се
препознаат од системот и w трепка
неколку секунди, а потоа свети постојано. Кај возилата со
повеќефункциска верзија на DIC се
појавува и соодветна порака.
Резервното тркало и привременото резервно тркало не се опремени со
сенсори за притисок. TPMS не
работи со овие тркала. За другите
три тркала TPMS останува
функционален.
Page 173 of 213

Нега на возилото171Резервно тркало 3 178, Менување
тркала 3 176.
Контролната сијаличка w и
(зависно од верзијата) соодветна
порака се појавуваат при секој
циклус на палење додека гумите не
се напумпаат до правилниот
притисок.
Информативен центар за возачот
(DIC) 3 95.
Зависност од температурата Притисокот во гумата зависи од
нејзината температура. За време
на возењето, температурата и
притисокот на гумите се
зголемуваат.
Вредностите за притисокот во
гумите на ознаката за информации
за гумите и табелата за притисок
на гумите се важечки за ладни
гуми, а тоа значи на 20 °C.
Притисокот се зголемува за речиси 10 kPa (0.1 бар) за покачување на
температурата за 10 °C. Тоа мора
да се земе во предвид кога се
проверуваат топли гуми.Функција за повторно учење
По менување тркала, TPMS треба
одново да направи пресметки.
Процесот на повторно учење
одзема до 20 минути возење со
минимална брзина од 24 км/ч.
Ако се појавуваат проблеми за
време на повторното учење,
контролната сијаличка w трепка
неколку секунди, а потоа свети
постојано и (зависно од верзијата)
се прикажува предупредувачка
порака во DIC.
Информативен центар за возачот
(DIC) 3 95.
Општи информации Употребата на синџири за гуми или
течните комплети за поправање на
гуми што се достапни во трговијата може да го влоши
функционирањето на системот.
Може да се користат комплети за
поправање гуми одобрени од
фабриката.
Комплет за поправање гуми 3 173,
Синџири за гуми 3 173.Надворешна моќна радио опрема
може да предизвика пречки кај
TPMS.
Секогаш кога се заменуваат гумите сензорите на TPMS треба да седемонтираат и да се сервисираат
во сервис.
Длабочина на шарата
Редовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од
безбедносни причини при
длабочина на шарите од 2-3 мм
(4 мм за зимски гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да не се разликува повеќе од 2 мм.