Вовед149
користи и од мрежниот оператор.
Дополителни информации се
дадени во упатствата за ракување
за мобилниот телефон и во
упатствата за посебниот
телефонски адаптер и може да се
добијат од мрежниот оператор.9 Предупредување
Инфозабавниот систем мора да
се користи така што возилото да
може да се вози секогаш
безбедно. Ако не сте сигурни,
запрете го Вашето возило и
ракувајте со Инфозабавниот
систем додека возилото е во
мирување.
Ракување со мобилниот
телефон Мобилните телефони влијаат врз
вашето окружување. Поради оваа
причина се изготвени
безбедносните правила и прописи. Пред да ја користите телефонската
функција треба да се запознаете со соодветните прописи.
9 Предупредување
Употребата на уредот за
разговор без раце додека
возите може да биде опасна
зашто Вашата концентрација се намалува кога телефонирате.
Паркирајте го Вашето возило
пред да го користите уредот за
разговор без раце. Почитувајте
ги условите на државата во
којашто се наоѓате во моментов.
Не заборавајте да ги следитепосебните прописи кои важат во
конкретни предели и секогаш
исклучувајте го мобилниот
телефон ако употребата на
мобилни телефони е забранета, ако мобилниот телефон
предизвикува пречење или ако
дојде до опасни ситуации.
Bluetooth™
Порталот на мобилниот телефон
поддржува Bluetooth™ Handsfree
Profile V. 1.5 и е определен за
Bluetooth™ групата со посебни
интереси (SIG).
Дополнителни информации за
спецификацијата може да се најдат на интернет на адресата
http://qualweb.bluetooth.org.
Bluetooth™ квалификацискиот код
за мобилниот портал е B02237.
Кога се поврзуваат уредите,
случајно избран PIN-код од
најмалку четири бројки треба да се
избере поради безбедносни
причини.
Изјава за сообразноста
Со ова изјавуваме дека порталот
за мобилниот телефон е усогласен со основните барања и останатите
одредби од директивата 1999/5/ЕЗ.
Ракување на системот за
препознавање говор Не го користете системот за
препознавање на говорот во
вонредни состојби затоа што во
стресни ситуации вашиот глас
може да се промени до таа мера
што нема повеќе да биде доволно
препознатлив за да може бараната врска да се воспостави доволно
брзо.
Вовед151
Порталот за мобилен телефон
може да се ракува дополнително преку системот за препознавање
говор 3 162.
Поврзување
Мобилниот телефон може да се
поврзе со Инфозабавниот систем
преку:
■ адаптер специфичен за телефонот
■ Bluetooth™ врска под услов ако мобилниот телефон и порталот
за мобилен телефон ја
подржуваат оваа функција
За да се воспостави врската,
порталот за мобилен телефон треба да биде вклучен и мобилниот телефон треба да биде приклучен.
Порталот за мобилен телефон се
вклучува и исклучува сам преку
батеријата. Ако палењето е
исклучено, мобилниот телефон
може да го вклучите и исклучите
преку Инфозабавниот систем. Кога
палењето е исклучено, времето на
работа е ограничено на еден час.Кај повеќето мобилни телефони,
адаптерот се користи единствено
како уред за полнење на
батериите. Во овој случај врската
мора да се воспостави преку
Bluetooth™ 3 152.
Информации за достапните
адаптери што се специфични за
вашиот мобилен телефон може да
добиете од вашиот Opel партнер.
За информации за Bluetooth™
функцијата за вашиот мобилен
телефон, ве молиме видете ги
упатствата за ракување за
мобилниот телефон.Поставување на
специфичниот адаптер за
телефонот на основната
плочка
Специфичните упатства за
монтирање за секој адаптер се
приложени со производот. Пред да го монтирате адаптерот, ве
молиме прочитајте за посебниот
процес на монтирање во
упатствата.
Прицврстете го адаптерот до
основната плочка
152Вовед
Уверете се дека контактите се
правилно поврзани. Мора да
слушнете карактеристичен звук за
заглавување кога се вметнува
адаптерот
За отстранување на адаптерот,
притиснете го копчето за
откачување на основната плочка.
Вметнување на мобилниот
телефон во специфичниот адаптер за телефонот
Вметнете го мобилниот телефон
во адаптерот
Уверете се дека контактите се
правилно поврзани. Мора да се
слушне карактеристичниот звук на
заглавување кога се вметнува
мобилниот телефон
За да го извадите мобилниот
телефон, притиснете го копчето за откачување на адаптерот.
Поврзување Bluetooth Мора да биде вклучена Bluetooth™функцијата на мобилниот телефон,
видете ги упатствата за ракување
за мобилниот телефон.
Bluetooth™ претставува радио стандард за безжично поврзување
на, на пр., мобилен телефон со
друга опрема. Може да се
пренесуваат информации како
телефонскиот именик, списокот со
повици, мрежниот оператор и
интензитет на мрежната
покриеност. Во зависност од видот на опремата, функциите може да
бидат ограничени.Креирање врска
Во главното мени изберете го
симболот за телефон од
заглавјето.
Кога мобилниот телефон ќе се
постави во адаптерот,
телефонското мени или
Bluetooth ™ менито се појавува на
екранот.
Ако мобилниот телефон не е
поставен во адаптерот, на екранот
се појавува менито Bluetooth™.
Изберете ја ставката Bluetooth.
Вовед153
Ако е исклучен Bluetooth™,
постапете на следниов начин:
1. Изберете ја ставката Bluetooth.
Ако Bluetooth™ е вклучен, на
екранот се појавуваат преостанатите ставки од
менито.
2. Изберете ја ставката Bluetooth
PIN (PIN за Bluetooth) .
3. Внесете случајно избран
Bluetooth™ PIN-код и потврдете
го со OK.
Од безбедносни причини, треба да се употреби случајно
одбран PIN-код со најмалку
четири бројки.
4. Уверете се дека Bluetooth™ функцијата на мобилниот
телефон е активирана и дека е
одбрана поставката „видливо“.
5. Изберете ја ставката Start
searching (почни пребарување) .
Во текот на процесот за
пребарување на Bluetooth™
уреди, се прикажува зборот
Searching... (се пребарува) .
Кога ќе заврши процесот на
пребарување, Bluetooth™
уредите се испишуваат во
Found devices (најдени се
уреди) менито.
6.Одберете го бараниот мобилен
телефон.
Додека се креира врската, на
екранот се појавува пораката
The connection will be established... (ќе се воспостави
врска) .
„Ве молиме внесете го
Bluetooth™ PIN-кодот“ или
слично барање се појавува на
екранот на мобилниот телефон.
7. Користејќи ја нумеричката тастатура на мобилниот
телефон, внесете го истиот
Bluetooth™ PIN-код како за
Инфозабавниот систем и
потврдете го со OK.
Пораката „Додадете уред на
познатите уреди?“, или слична
154Вовед
порака, се појавува на екранот
на мобилниот телефон.
8. Потврдете го тоа на тастатурата на мобилниот
телефон со притискање на OK.
Откако врската ќе се воспостави
успешно, на екранот се појавува
пораката is added to paired devices
(е додаден на споени уреди) .
Врската меѓу мобилниот телефон и Инфозабавниот систем сега е
воспоставена.
Во списокот може да се додадат
најмногу пет уреди.
Прекинување на врската 1. Во Bluetooth ™ менито,
изберете Paired devices ( споени
уреди) .
На екранот се прикажува Paired
devices (споени уреди) менито.
2.Одберете го бараниот мобилен
телефон.
На екранот се прикажува
Bluetooth ™ менито.
3. Деактивирајте го Connect
(поврзи) .
Се појавува пораката
Disconnected! (прекината
врска) по којашто повторно
следи Bluetooth ™ менито.
4. Изберете Remove (отстрани) .
Се појавува пораката Removed!
(отстрането) по којашто
повторно следи Bluetooth™
менито.
UHP видлив Со активирање на оваа функција се
овозможува детекција на порталот
за мобилниот телефон од страна
на други Bluetooth™ уреди. На овој
начин, на пр., може да се
воспостави Bluetooth™ врската од
мобилниот телефон до порталот за мобилен телефон.
1. Во Bluetooth ™ менито,
изберете UHP visible (видливо
UHP) .
Порталот за мобилен телефон
е видлив за другите уреди во
следните 3 минути.
2. Активирајте ја функцијата за пребарување Bluetooth™ уреди
на мобилниот телефон (видете
го упатството за ракување со
мобилниот телефон).
Вовед155
Пораката „Device found:UHP“ (Пронајден уред: UHP) се
појавува на екранот на
мобилниот телефон.
3. Активирајте ја функцијата за поврзување на мобилниот
телефон (видете го упатството
за ракување со мобилниот
телефон).
4. Внесете го Bluetooth PIN (PIN
за Bluetooth) во Инфозабавниот
систем).
5. Внесете го „Bluetooth PIN- кодот“ во мобилниот телефон.
Воспоставена е Bluetooth™
поврзување меѓу мобилниот
телефон и Инфозабавниот систем.
Freespeech (слободен говор) Телефонската врска е активна.
Поместете го тркалцето за
регулација.
Се отвора менито на контекстот.
Вклучи Freespeech (слободен
говор) . Звукот се испраќа до
звучниците во автомобилот.Итен повик9 Предупредување
Воспоставувањето на врската
не може да се гарантира во сите
ситуации. Затоа немојте да се потпрете исклучиво врз
мобилен телефон кога се
работи за мошне битна
комуникација (на пр. итен
медицински случај).
Во некои мрежи може да биде
неопходно за важечка SIM
картичка да се вметне правилно во мобилниот телефон.
9 Предупредување
Имајте на ум дека можете да се
јавувате и да примате повици со мобилниот телефон ако истиот
е во подрачје со услуги со
доволно силен сигнал. При
извесни околности не може да
се започнат повици за итни
случаи на сите мрежи за
мобилни телефони; возможно е
дека тие не можат да се
започнат кога не се активни
извесни услуги на мрежата и/
или телефонски функции.
Можете да се распрашате за тоа
кај опслужувачите на локалната мрежа.
Бројот за јавување во итни
случаи може да биде поинаков
зависно од регионот и
државата. Ве молиме да се
распрашате однапред за
правилниот број за јавување во
итни случаи за соодветниот
регион.
Повици во итни случаи
Бирајте го бројот за итни повици (на пр. 194).
Се воспоставува врска со центарот
за итни повици.
Одговорете доколку персоналот од службата ве праша за каков итен
случај се работи.
156Вовед
Завршување на итните
повици Изберете ја ставката Hang-up
(затвори) .
Или:
Притиснете го копчето p.9Предупредување
Не го завршувајте повикот
додека од Вас не се побара да
го сторите тоа од страна на
центарот за повици за итни
случаи.
Ракување
Вовед
Веднаш штом ќе се воспостави врската меѓу мобилниот телефон и Инфозабавниот систем преку
посебниот телефонски адаптер
или преку Bluetooth™, може да
управувате со повеќе функции на
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем.
На пример, преку Инфозабавниот
систем може да воспоставите
врска со телефонските броеви што
се зачувани во мобилниот
телефон, или да ги смените
телефонските броеви.
По правило, можете и да
продолжите да ракувате со
системот со употреба на
мобилниот телефон, на пр., преку прифачање повици или
поставување на нивото на звукот.
Откако ќе се воспостави врската
меѓу мобилниот телефон и
Инфозабавниот систем,
податоците од мобилниот телефон се пренесуваат во Инфозабавниот
систем. Ова може да одземе
определено време, во зависност
од марката на телефонот. За
време на овој период, со
мобилниот телефон може да се
ракува само ограничено преку
Инфозабавниот систем.
Некои телефони не ги поддржуваат
сите функции на порталот за
мобилниот телефон. Како резултат на тоа, овие телефони може дафункционираат поинаку од она што
е опишано во прирачникот. За
дополнителни информации,
видете ги упатствата за
телефонскиот адаптер.
Повиците што пристигнуваат или
се вршат додека мобилниот
телефон се поставува во
посебниот телефонски адаптер се
зачувуваат и се пренесуваат
веднаш штом мобилниот телефон
ќе биде поставен во адаптерот.
Покрај ракувањето преку
далечинскиот управувач на
воланот, со определени функции
може да се ракува и со употреба на системот за препознавање на
говорот 3 162.
Ако е воспоставена врска преку
телефонскиот адаптер,
функционалноста на мобилниот
телефон може да биде ограничена
(во врска со ова, видете ги
упатствата што се приложени со адаптерот).
Вовед157
Кога постои Bluetooth™ конекција,
функционалниот опсег на
мобилниот телефон може, исто
така, да биде ограничен.
Внесување на PIN-кодовите
Кога мобилниот телефон ќе се
вклучи по неговото поставување во
телефонскиот адаптер, PIN-кодот
сепак мора да се внесе.
Инфозабавниот систем е вклучен.
На екранот се појавува No PIN
(нема PIN) . Изберете го симболот
за телефон од заглавјето.
На екранот се појавува Please enter
your PIN Code! (потврдете го PIN-
кодот) .Внесете го PIN-кодот со тркалцето
за регулација и потврдете го ова со
притискање на OK.
PIN-кодот може, исто така, да се
внесе со изговарање со
посредство на системот за
препознавање говор 3 162.
На екранот се појавува PIN
verification, please wait... (се
проверува PIN-от, почекајте) .
Ако PIN-кодот се внесе неправилно
трипати, SIM картичката се
блокира.
На екранот се појавува SIM locked
(SIM-картичката е заклучена) .
■ Блокираната SIM картичка може да се ослободи единствено преку
внесување на PUK-кодот во
мобилниот телефон, видете ги
упатствата за ракување за
мобилниот телефон.■ Кога ќе се внесе и потврди коректниот PIN-код, на екранот
се прикажува претходно
одбраното мени.
■ Некои мрежни оператори ви дозволуваат да го исклучите
барањето за внесување PIN-код. Дополнителни информации за
оваа тема може да се најдат во
упатствата за ракување за
мобилниот телефон и може да се побараат од локалниот мрежен
оператор.
Вршење телефонски повици На располагање се три различни
можности кога се врти телефонски
број:
■ бирајте го телефонскиот број рачно
■ изберете го телефонскиот број од телефонскиот именик
■ изберете го телефонскиот број од списокот на повици
(остварени повици, примени
повици и испуштени повици)