264Нега на возилотоСите големини на гуми се
дозволени за зимски гуми 3 301.
Ознаки на гумите
На пр. 225/55 R 18 98 V225:широчина на гумата во мм55:профил (сооднос на
височината со широчината
на гумата) во %R:вид ремен: РадијаленRF:вид: RunFlat (функционира и
издишана)18:пречник на тркалото во инчи98:индекс на оптоварувањето,
на пр. 98 одговара на 750 кгV:буква на шифрата за
брзината
Буква на шифрата за брзината:
Q:до 160 км/чS:до 180 км/чT:до 190 км/чH:до 210 км/чV:до 240 км/чW:до 270 км/ч
Изберете гума соодветна за
најголема брзина на Вашето
возило. Видете во Сертификатот
за сообразност на ЕК доставен со
возилото или во другите
национални документи за
регистрација. Дополнителната
опрема може да ја намали
максималната брзина на возилото.
Еднонасочни гуми
Еднонасочните гуми треба да се
монтираат така што ќе се вртат во
правилна насока. Правилната
насока на вртење ја покажува
симбол (на пр. стрелка) од
страната на гумата.
Притисок на гумите
Проверувајте го притисокот во
гумите кога се студени, најмалку на 14 дена и пред секое подолго
патување. Не заборавајте го
резервното тркало. Тоа важи и за
возилата со систем за контрола на
притисокот во гумите.
Притисок во гумите 3 301.
Податоците за притисокот во
гумите се однесуваат на ладни
гуми. Тоа важи за летни и зимски
гуми.Резервната гума секогаш пумпајте
ја до притисокот определен за целосна оптовареност.
Неправилниот притисок во гумите
ќе ја влоши безбедноста,
управувањето на возилото,
удобноста и економичноста на
потрошувачката на гориво, и ќе го
зголеми абењето на гумите.
Притисоците на гумите се
разликуваат, зависно од опциите.
За правилна вредност на
притисокот на гумите, следете ја
постапката опишана подолу:
1. Идентификувајте ја идентификациската шифра на
моторот. Податоци за моторот
3 298.
2. Идентификувајте ја гумата.
Табелите за притисок на гумите ги
покажуваат сите можни
комбинации на гуми 3 301.
За гумите одобрени за Вашето
возило, видете го Сертификатот за сообразност на ЕК доставен со
Вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.