Page 57 of 75

Телефон57Исто така, следете ги посебнитепрописи кои важат во конкретни
области и секогаш исклучувајте
го мобилниот телефон ако
употребата на мобилни
телефони е забранета, ако
мобилниот телефон
предизвикува пречки или ако
дојде до опасни ситуации.9 Предупредување
Мобилните телефони имаат
дејства врз Вашата средина.
Заради тоа, подготвени се
безбедносни прописи со кои
треба да се запознаете пред
користењето на телефонот.
Bluetooth
Телефонскиот портал е
сертифициран од Bluetooth Special Interest Group (SIG).
Повеќе информации за
спецификацијата ќе најдете на
интернет, на
http://www.bluetooth.com
SMS (Услуга за куси пораки)
Со технологијата на
синтетизирање глас, вградениот
читач на пораки SMS 3 61 на
инфозабавниот систем може да ги
чита дојдените текстуални пораки
на вашиот мобилен телефон со
Bluetooth преку звучниците на
возилото.
Со функциите на читачот на
пораки SMS се управува со
контролите на воланот или со
говорни команди.
Не сите мобилни телефони го
поддржуваат говорното читање
пораки SMS . Видете ги упатствата
за ракување во прирачникот на
вашиот мобилен телефон или
посоветувајте се со својот
оператор.
Поврзување
Со системот за телефонирање без
раце треба да биде поврзан
мобилен телефон за да можат да
се контролираат неговите функции
преку инфозабавниот систем.Со системот не може да се поврзе
телефон ако претходно не бил
спарен. Видете во делот
Поврзување Bluetooth (3 58) како
се спарува мобилен телефон со системот за телефонирање без раце преку Bluetooth.
Кога палењето е ставено во
положбата MAR, системот за
телефонирање без раце ги бара
спарените телефони во близина.
На мобилниот телефон треба да е
активирано Bluetooth за да може
системот за телефонирање без раце да го препознае телефонот.
Пребарувањето продолжува
додека не се најде спарен
телефон.
Пораката Се поврзува , на екранот
укажува дека се поврзува телефон. Потврдата на поврзувањето на
екранот ги прикажува деталите за
спарениот мобилен телефон.
Забелешка
Кога е активно поврзувањето
Bluetooth, користењето на
системот за телефонирање без
Page 58 of 75

58Телефон
користење на рацете побрзо ќе ја
испразни батеријата на
мобилниот телефон.
Автоматско поврзување
За да може вашиот телефон да се
поврзе автоматски кога ќе се
вклучи системот, може да биде
неопходно да ја активирате
функцијата за автоматско
поврзување со Bluetooth на вашиот
мобилен телефон. Видете во
упатството за ракување со вашиот
мобилен телефон.
Ако поврзувањето не успее: ■ Проверете дали телефонот е вклучен
■ Проверете да не е празна батеријата на телефонот
■ Проверете дали телефонот е веќе спарен.
Функцијата Bluetooth на мобилниот
телефон и на системот за
телефонирање без раце треба да
биде активна и мобилниот телефон
треба да биде наместен за
прифаќање на барањето за
приклучување на системот.Поврзување Bluetooth
Bluetooth е радио стандард за
безжично поврзување на, на пр., мобилен телефон со други уреди.
Компатибилни мобилни телефони
му овозможуваат на корисникот да
упатува и прима повици и да слуша говорни пораки користејќи ги
контролите на воланот или
интеракција со говор. Информации
како листата контакти и листата
повици од мобилниот телефон
може да се пренесат во меморијата на инфозабавниот систем и да се
прикажат на екранот.
Забелешка
Функционалноста може да биде
ограничена, зависно од марката и
моделот на телефонот.
Спарување на мобилен
телефон со системот за телефонирање без раце
Забелешка
Пред да спарите мобилен
телефон, додајте контакти во
именикот на мобилниот за даможете да ги повикувате
користејќи го системот за
телефонирање без раце.
За да го користите вашиот систем
за телефонирање без раце, треба
да се воспостави врска помеѓу
мобилниот телефон и системот
преку Bluetooth , т.е. мобилниот
телефон треба да се спари со
возилото пред да се користи. За
таа цел, мобилниот телефон мора
да поддржува Bluetooth.
Погледнете во упатствата за
ракување за вашиот мобилен
телефон.
За да се воспостави поврзување
Bluetooth , системот за
телефонирање без раце треба да биде вклучен и Bluetooth треба да
биде активирано на мобилниот
телефон.
За да спарите мобилен телефон,
користете ги следниве контроли на воланот:
1. Â / MENU : Притиснете
2. R / S : Притиснете за да се
движите горе/долу по екранот
Page 59 of 75

Телефон59
3.SETTINGS (ПОСТАВКИ) :
Изберете опција
4. SRC/OK : Притиснете за да го
потврдите изборот
5. R / S : Притиснете за да се
движите горе/долу по екранот
6. PAIRING (СПАРУВАЊЕ) :
Изберете опција
7. SRC/OK : Притиснете за да го
потврдите изборот
На екранот ќе се прикаже Се
поврзува додека системот ги бара
достапните уреди преку Bluetooth.
Ако системот за телефонирање без раце го нашол мобилниот
телефон, на екранот ќе се прикаже
4-цифрен PIN.
Внесете го PIN-от на тастатурата
на мобилниот телефон и ќе
примите потврда на екранот, на кој ќе се прикажат детали за
мобилниот телефон што бил
успешно спарен.
Забелешка
Инфозабавниот систем го
одредува PIN-от што се користи за
спарување со мобилен телефонпо случаен избор секогаш кога се
спарува нов телефон, затоа не
мора да го помните. Ако го
изгубите, пак ќе може да го
користите системот за
телефонирање без раце.
Забелешка
Ако не се внесе PIN за неколку минути, операцијата се откажува
автоматски.
Постапката за спарување може да
се активира и со системот за
препознавање на гласот 3 46.
Забелешка
Ако друг телефон се поврзе
автоматски во текот на
процедурата за спарување, тој
автоматски ќе се исклучи за да
овозможи да продолжи
процедурата за ново спарување.
Забелешка
За да ја прекинете постапката за
спарување во кој било момент,
притиснете го копчето Ã / q на
воланот. На екранот ќе се прикажепорака за грешка што потврдува
дека спарувањето не било
успешно.
Првиот пат кога ќе се спари
мобилен телефон, системот
прикажува порака за добредојде
штом ќе се поврзе. Пораката нема да се прикаже при следните
поврзувања на истиот мобилен
телефон.
Треба да го спарите телефонот само еднаш. Потоа, системот без
раце ќе се поврзува автоматски
секојпат кога ќе го свртите клучот
за палење во положбата MAR.
Забелешка
Функцијата Bluetootn на
мобилниот телефон мора да биде
активна, така што инфозабавниот
систем ќе го препознае
телефонот секогаш кога ќе
влезете во возилото и ќе го
ставите клучот за палење во
положбата MAR.
Page 60 of 75

60Телефон
Забелешка
Ако спарувањето не успее,
проверете дали уредот го
наведува телефонскиот систем
на возилото.
Може ќе треба да се избрише
уредот од листата уреди и да се
спари како нов уред.
Кога системот ќе заврши со
спарувањето, ќе ве праша дали
сакате да ги префрлите контактите
од телефонот што сте го спариле.
3 61.
Кога ќе заврши спарувањето,
телефонот автоматски се поврзува со системот за телефонирање без
раце. Потоа со мобилниот телефон
може да се ракува преку
контролите на инфозабавниот
систем на воланот.
Отпарување на мобилен
телефон од системот за
телефонирање без раце Ако е искористен максималниот
број спарени телефони, нов
телефон може да се спари само
ако се отпари постоечки телефон.За да отпарите мобилен телефон,
користете ги копчињата на
воланот:
1. Â / MENU : Притиснете
2. R / S : Притиснете за да се
движите горе/долу по екранот
3. SETTINGS (ПОСТАВКИ) :
Изберете опција, а потоа притиснете го копчето SRC/OK
за да потврдите
4. R / S : Притиснете за да се
движите горе/долу по екранот
5. Кориснички податоци :
Изберете ја опцијата, а потоа
притиснете го копчето SRC/OK
за да потврдите
6. R / S : Притиснете за да се
движите горе/долу по екранот
7. Избриши корисници : Изберете
ја опцијата, а потоа притиснете
го копчето SRC/OK за да
потврдите
Избришете го уредот од листата
уреди со Bluetooth на мобилниот
телефон. Погледнете во
упатствата за ракување за вашиот
мобилен телефон.Отпарувањето на телефонот ги
брише сите негови преземени
контакти и поранешни повици од
системот за телефонирање без
раце.
Итен повик9 Предупредување
Воспоставувањето на врската
не може да се гарантира во сите
ситуации. Затоа, немојте да се
потпрете исклучиво врз
мобилен телефон кога се
работи за мошне битна
комуникација (на пр. итен
медицински случај).
Во некои мрежи може да биде
неопходно правилно да се
вметне важечка SIM-картичка во мобилниот телефон.
Page 61 of 75

Телефон619Предупредување
Имајте на ум дека можете да се
јавувате и да примате повици со мобилниот телефон ако истиот
е во подрачје со услуги со
доволно силен сигнал. При
извесни околности не може да
се започнат повици за итни
случаи на сите мрежи за
мобилни телефони; возможно е
дека тие не можат да се
започнат кога не се активни
извесни услуги на мрежата и/
или телефонски функции.
Можете да се распрашате за тоа
кај опслужувачите на локалната мрежа.
Бројот за јавување во итни
случаи може да биде поинаков
зависно од регионот и
државата. Ве молиме да се
распрашате однапред за
правилниот број за јавување во
итни случаи за соодветниот
регион.
Јавување во случај на
опасност Вртете го бројот за итни повици
(на пр. 112).
Телефонската врска со центарот
за повици во случаи на опасност се воспоставува.
Одговорете кога персоналот од службата Ве праша за опасноста.9 Предупредување
Не го завршувајте повикот
додека од Вас не се побара да
го сторите тоа од страна на
центарот за повици за итни
случаи.
Ракување
Вовед
Кога ќе се воспостави поврзување Bluetooth меѓу вашиот мобилен
телефон и системот за
телефонирање без употреба на
рацете, со функциите на вашиот
мобилен телефон може да се
ракува главно преку контролите на
инфозабавниот систем и на
воланот.
Со системот за телефонирање без
раце може да се ракува и со
говорни команди 3 46.
Потоа може, на пр., да се внесат
контактите и да се ажурираат
телефонските броеви и контактите
од вашиот мобилен телефон во
системот за телефонирање без раце.
По поврзувањето, податоците од
мобилниот телефон се
пренесуваат во системот за
телефонирање без раце. Тоа може да потрае некое време зависно од
моделот на телефонот. За тоа
време ракувањето со мобилниот
телефон е возможно само во
ограничена мерка.
Забелешка
Не секој мобилен телефон ги
поддржува функциите на
системот за телефонирање без
употреба на рацете. Затоа, можни се отстапувања од опсегот на
опишаните функции.
Page 62 of 75

62Телефон
Контроли на телефонот
Најважните контроли на
телефонот се следниве:
Контроли на воланот: ■ Â / MENU : Активирање на
изборникот на телефонот,
потврда на избрана опција од
изборник, прифаќање повик,
менување телефонски разговор,
избор на прикажана порака,
одбивање/завршување повик
3 21
■ SRC/OK : Потврда на избрана
опција од изборник, пренос на
телефонски разговор од
системот за телефонирање без
раце на мобилен телефон и
обратно, бирање на прикажана
порака SMS 3 21
■ Ã / q : Исклучување на
препознавањето глас, прекин на
говорна порака/читање на
текстуална порака, излез од
изборникот на телефонот, излез
од подизборник и враќање на
претходниот изборник, излез од
моменталното избраното без
сочувување, исклучување/повторно вклучување на
микрофонот за време на
телефонски разговор,
стишување на ѕвонењето за
дојдовни повици 3 21
■ s: Активирање на
препознавањето глас, прекин на
говорна порака и давање нова
говорна команда, повторување
на последната репродуцирана
говорна порака 3 46
■ < / ]: Прилагодување на
јачината 3 21
■ R / S : Листање изборник,
листање низ текстуални пораки
3 61
Поставки на телефонот
Изберете го изборникот со опции
за поставки на телефонот:
1. Â / MENU : Притиснете
2. R / S : Притиснете за да ја
изберете опцијата SETTINGS
(ПОСТАВКИ)
3. SRC/OK : Притиснете за да
потврдитеКога се потврдени саканите
прилагодувања на поставките на телефонот, притиснете го копчетоà / q на воланот за да излезете од
телефонскиот изборник и да ги
зачувате промените.
Враќање на стандардните
поставки на телефонот
Избришете ги сите податоци и
контакти од сите спарени
телефони и вратете го системот за телефонирање без раце на
првобитните поставки со бирање
на следниве опции:
1. Â / MENU : Притиснете
2. R / S : Притиснете за да ја
изберете опцијата SETTINGS
(ПОСТАВКИ) , па притиснете го
копчето SRC/OK за да
потврдите
3. Изберете ја опцијата Кориснички податоци , па
притиснете го копчето SRC/OK.
4. Изберете ја опцијата Избриши
ги сите , па притиснете го
копчето SRC/OK за да
потврдите
Page 63 of 75

Телефон63
На екранот ќе се прикаже
прашањето Да се избришат сите? .
За да ги избришете сите податоци, потврдете со притискање на
копчето SRC/OK или откажете со
притискање на копчето Ã / q .
Забелешка
Не може да се избришат
корисничките податоци за
единечен мобилен телефон ако е
тој единствениот што е спарен со
инфозабавниот систем.
Контрола на гласноста
Фиксната јачина на телефонот
може да се прилагоди со избирање
на опцијата Јачина на говорот со
копчињата на инфозабавниот систем 3 21.
Функцијата Јачина на говорот ви
овозможува:
■ да ја прилагодувате претходно поставената јачина;
■ да го прилагодувате нивото на јачината на телефонот за време
на разговор, додека возилото е
во движење;■ привремено да ја прилагодувате претходно поставената јачина наповик во тек;
■ да ја прилагодувате јачината на говорно соопштение во тек.
Телефонски изборник За да ги прикажете ставките од
телефонскиот изборник, користете
ги копчињата на воланот:
1. Â / MENU : Притиснете
2. R / S : Притиснете за да се
движите горе/долу по екранот и да ја нагласите саканата опција
3. SRC/OK : Притиснете за да го
потврдите изборот
4. Ã / q : Притиснете за да
излезете од телефонскиот
изборник
Работа на екранот Опциите на телефонскиот
изборник прикажани на екранот се
следниве:
■ LAST CALLS (ПОСЛЕДНИ
ПОВИЦИ) : листање на
последните повици, упатени илипримени. Листата може да се
преземе од меморијата на
вашиот мобилен телефон и се
ажурира при користењето на
телефонирањето без раце.
■ PHONEBOOK (ИМЕНИК) :
овозможува да ги видите
броевите во вашиот именик и да
изберете некој за да упатите
повик. Имињата во именикот се
групирани по азбучен ред.
■ MESSAGE READER (ЧИТАЧ НА
ПОРАКИ) : ви овозможува да ги
читате последните примени
текстуални пораки, да го
повикате испраќачот на пораката
или да ги избришете. Може да
зачувате до 20 текстуални
пораки во посебна дојдовна
папка и да ги слушате подоцна,
да го повикате испраќачот или да ги избришете. Можете да го
поставите и начинот за
известување за примените
пораки SMS.
■ SETTINGS (ПОСТАВКИ) : ви
овозможува да управувате со имињата во вашиот именик,д а
Page 64 of 75

64Телефон
спарите нов уред или да
пристапите до PIN-от на
системот за телефонирање без
раце.
Вртење на телефонски број Неколку опции се достапни за
бирање на телефонските броеви.
Во нив спаѓаат следниве:
■ Повикување контакт од именикот
■ Повикување на повикувачот или примачот на последните повици
■ Повикување на испраќачот или примачот на порака SMS
Притиснете го копчето Â / MENU
на воланот за да се прикажат
опциите на телефонскиот
изборник.
Изберете опција од следнава листа за да бирате телефонски број:
■ LAST CALLS (ПОСЛЕДНИ
ПОВИЦИ) : Оваа опција дава
листа броеви поврзани со
последните телефонски повици
што сте ги упатиле и примиле.Може да содржи најмногу
10 примени повици, 10 упатени
повици и пет пропуштени повици
■ PHONEBOOK (ИМЕНИК) : Ако
ископираниот именик содржи повеќе од 1000 имиња, системот
може да работи побавно
■ MESSAGE READER (ЧИТАЧ НА
ПОРАКИ) : Во посебна дојдовна
папка може да се меморираат до 20 текстуални пораки и да се
слушаат подоцна
Може да пристапите до секоја од
горните опции за да упатите
директен повик.
Изберете го саканиот примач и
притиснете го копчето Â / MENU на
воланот.
Со функцијата за бирање може да се ракува и со говорни команди
3 46.
Именик
Именикот содржи листи со
контакти што се достапни само за
моменталниот корисник на
возилото. Поради причини на
тајност, секој список на преземениконтакти може да се погледа само
кога соодветниот телефон е
приклучен.
Откако ќе ја поставите врската,
листата контакти на мобилниот
телефон може да се ископира во
системот за телефонирање без раце.
Кога системот ќе ве праша дали да
ја ископира листата контакти,
притиснете го копчето SRC/OK
( Да ) или Ã / q (Не ) на воланот.
Инаку, може да кажете „ Yes (да)
“ или „ No (Не) “ користејќи ги
говорните команди 3 46.
Откако листата контакти од
мобилниот телефон ќе се ископира
во системот за телефонирање без
раце, секогаш кога ќе се поврзе
телефонот, именикот на системот
се ажурира автоматски.
Забелешка
Не сите мобилни телефони ги
копираат имињата на контактите
во именикот автоматски, туку
мора да се пренесат рачно, со
користење на тастатурата на
телефонот. Ако системот побара,