Page 5 of 205

Вовед3Податоци што се
специфични за возилото Ве молиме да ги внесете
податоците на Вашето возило на
претходната страница за да се
чуваат лесно достапни. Тие
информации се наоѓаат во
поглавјата „Сервис и одржување“ и
„Технички податоци“, како и на
идентификациската табличка.
Вовед Вашето возило е планирана
комбинација на напредната
технологија, безбедноста,
екологијата и економичноста.
Овој Сопственички прирачник Ви ги дава сите потребни информации
за да можете да го возите Вашето
возило безбедно и ефикасно.
Уверете се дека Вашите патници
се свесни за можните ризици од
несреќи и повреди што може да
произлезат од неправилната
употреба на возилото.Секогаш морате да ги исполнувате
специфичните закони и прописи на земјата во којашто се наоѓате.
Закониве може да бидат поинакви
од информациите во овој
Сопственички прирачник.
Кога Прирачников споменува
посета кај автомеханичар, го
препорачуваме Вашиот Партнер
на Opel Service.
Сите Партнери на Opel Service пружаат првокласни услуги по
пристапни цени. Искусните
механичари обучени од Опел
работат според посебни Опелови
упатства.
Пакетот со литературата за
купувачот секогаш треба да се чува
при рака во возилото.
Користење на
прирачников ■ Овој прирачник ги опишува сите опции и својства достапни за овој
модел. Извесни описи,
вклучувајќи ги оние за функциите на екранот и изборниците, може
да не важат за Вашето возилопоради верзијата на моделот,
спецификациите на земјата,
специјалните опреми или
додатоци.
■ Поглавјето „Накратко“ ќе Ви даде
првичен преглед.
■ Содржината на почетокот на прирачников и во секое поглавје
покажува каде се наоѓа
информацијата.
■ Индексот ќе Ви овозможи да пребарувате специфични
информации.
■ Овој Сопственички прирачник прикажува возила со воланот од
левата страна. Ракувањето со
возилата со воланот од десната
страна е слично.
■ Сопственичкиот прирачник ги користи фабричните ознаки на
моторот. Соодветните
комерцијални ознаки се наоѓаат
во поглавјето „Технички
податоци“.
Page 78 of 205

76Иинструменти и контролиЕкран за сервисирање
Екранот за сервисирање е
достапен кај возилата со
повеќефункционална верзија на
Информативниот центар за
возачот 3 85.
Кога е вклучено палењето,
преостанатото растојание до
следниот сервис се покажува
накусо. Врз основа на условите за
возење, периодот при којшто ќе се
укаже на сервисирање може да
варира во голема мера.
Кога преостанатото растојание до
следниот сервис е помало од
2000 км, се појавува Serv. на
Информативниот центар за
возачот. Потсетникот за сервисот
се повторува по секои следни
200 км и станува почест кога
преостанатото растојание е под
200 км.
На возилото му треба
сервисирање. Побарајте помош од автомеханичар.
Преостанатото растојание до
следниот сервис може да се види
на Информативниот центар за
возачот со избирање на SERVICE
(Сервис) од опциите на изборникот за поставки 3 85.
Препоставување на екранот
за сервисирање По сервисирање, екранот за
сервисирање треба да се ресетира
во сервисот.Контролни сијалички
Контролните сијалички што се
опишани ги нема во сите возила. Описот важи за сите верзии на
инструментите. Во зависност од
опремата, положбата на
контролните сијалички може да
биде различна.
Кога палењето се вклучува,
повеќето контролни индикатори ќе
се запалат за кратко време како тест за функционирањето.
Боите на контролната сијаличка
значат:црвено=опасност, важен
потсетникжолто=предупредување,
информација, дефектзелено=потврдување на
активирањетосино=потврдување на
активирањето
Page 93 of 205

Иинструменти и контроли91
Кога ќе се преактивира, возачот
и/или совозачот се известуваат со
тон кога соодветниот безбедносен
ремен не е врзан.
Потсетник за безбедносниот ремен
3 78.
SERVICE (Оддалеченост до
следниот сервис)
Пристапете до оваа опција на
изборникот за да го видите
преостанатото растојание до
следниот сервис.
Растојанието до следниот сервис се прикажува автоматски и кога
растојанието ќе достигне 2000 км и
се повторува по секои следни
200 км.
Екран за сервисирање 3 76.
PASSENGER AIRBAG
(Активирање и деактивирање на
совозачките предни и странични
воздушни перничиња)
Активирајте ги предните совозачки воздушни перничиња ако возрасно
лице седи на совозачкото седиште. Деактивирајте ги воздушнитеперничиња кога на тоа седиште е
наместен систем за врзување
деца.9 Опасност
Ризик од смртоносна повреда за
дете кое користи систем за
врзување на деца на седиште со
активирано воздушно перниче
за совозачот.
Ризик од смртоносна повреда за возрасно лице на седиште со
деактивирано воздушно
перниче за совозачот.
Откако ќе дојдете до оваа опција на изборникот, активирајте ги или
деактивирајте ги воздушните
перничиња ( Bag Pass On (вкл.) или
Bag Pass Off (искл.)) и потврдете.
На екранот се појавува порака за
потврда. Изберете YES (за да ја
потврдите промената) или No (за
да ја откажете промената).
Деактивирање на воздушното
перниче 3 49.
СВЕТЛА ЗА ДНЕВНО ВОЗЕЊЕ
Активирајте ги светлата за дневно возење за да ја зголемите
видливоста на возилото дење
(поставете на On). Деактивирајте
кога не е потребно (поставете на
Off ).
Светла за дневно возење 3 97.
ИЗЛЕЗИ ОД ИЗБОРНИКОТ
Изберете ја оваа опција за да
излезете од изборникот за
поставки.