Вовед............................................ 4
Радио .......................................... 26
ЦД-уред ....................................... 34
AUX приклучок ............................ 38
USB приклучок ............................ 40
Препознавање на гласот ...........46
Телефон ...................................... 56
Индекс ......................................... 72Содржина
4ВоведВоведОпшти информации.....................4
Функција за аларм при кражба .... 6
Преглед на контролните
елементи ....................................... 8
Употреба ..................................... 14
Поставки на тонот ......................20
Поставки на гласноста ............... 21Општи информации
Инфозабавен систем
Инфозабавниот систем Ви пружа
најсовремена инфозабава во
автомобилот.
Радиото е опремено со 6 копчиња
за меморирање радио станици на
брановите должини FM и АМ,
Autostore - функција за автоматско меморирање на радио станици - и
Радио податочен систем (RDS) за подобрен прием и сообраќајни
информации.
ЦД-плеерот може да репродуцира
аудио ЦД-а, CD-R и CD-RW и, во
зависност од верзијата, исто така
репродуцира и ЦД-а со МР3.
Дигиталниот обработувач на
звукот има претходно одредени и
овозможува кориснички
определени режими на
еквалајзерот за оптимизација на
звукот 1)
.Добро обмислената конструкција
на контролните елементи и јасните екрани ви овозможуваат да го
контролирате системот лесно и
интуитивно.
Систем без раце со
мултимедија
Системот за телефонирање без
раце е компатибилен со Радио со
ЦД/МР3-плеер и овозможува да
ракувате со разни функции на
телефонот и на аудиото со
контролите на воланот или со
системот за препознавање глас.
Системот за телефонирање без
раце е опремен со технологијата
Bluetooth за ракување со мобилни
телефони, читач на пораки SMS,
плеер на медиуми за USB и е
програмиран да препознава разни
говорни команди.
Технологијата Bluetooth
овозможува да воспоставите врска
меѓу мобилен телефон со
Bluetooth и системот за1)
Само Радио со ЦД/МР3-плеер .
Вовед5
телефонирање без раце, така што
може да го пренесете ракувањето
со телефонот на возилото.
Читачот на пораки SMS користи
синтетизиран говор и технологија
Bluetooth за да ги чита дојдовните
текстуални пораки на мобилниот
телефон преку звучниците на
возилото.
Забелешка
Не сите функции на системот за
телефонирање без раце се
поддржани од секој мобилен
телефон. Можните телефонски
функции зависат од релевантниот
мобилен телефон и операторот.
Видете во упатството за ракување
во прирачникот на вашиот
мобилен телефон или
посоветувајте се со својот
оператор.
Плеерот за медиуми овозможува
да репродуцирате и контролирате
дигитални звучни записи зачувани
на уред USB. Надворешните
мемориски уреди, на пр. iPod илиплеер за MP3 може да се поврзат
со плеерот за медиуми преку
портата USB.
Системот за Препознавање глас
овозможува да упатувате и
примате телефонски повици, да
пристапувате кон пораки SMS и да
ракувате со плеерот за медиуми со
низа говорни команди за поголема
безбедност и практичност.
Други надворешни уреди, на пр.
преносни ЦД-плеери, исто може да се поврзат со приклучокот AUX и да
се репродуцираат преку
инфозабавниот систем.Важни информации за
ракувањето и безбедноста на
сообраќајот9 Предупредување
Возете безбедно секогаш кога
ракувате со инфозабавниот и со системот за телефонирање без
раце.
Ако имате сомнежи, сопрете го
возилото пред да ракувате.
Користење на прирачников
■ Ова упатство ги опишува достапните опции и функции.
Извесни контроли и описи,
вклучувајќи ги симболите,
екраните и функциите на
изборниците, може да не важат
за вашето возило поради
верзијата на моделот,
спецификациите на земјата,
специјалните опреми или
додатоци.
16Вовед
Контролни операции за Радио
со ЦД/МР3-плеер Инфозабавниот система е
опремен со функции за радио, ЦД-
плеер (вклучително
компатибилност за ЦД-а со MP3),
плеер за медиуми од USB и AUX и
разни прилагодливи поставки за
радиото и звукот.
Инфозабавниот систем се
контролира со вртливо копче,
функциски копчиња и со
изборниците прикажани на
екранот.
Вклучување / исклучување
Притиснете го копчето X ON/OFF
за да го вклучите инфозабавниот систем. Се активира последниот
користен извор на звук.
Притиснете го X ON/OFF за да го
исклучите.
Автоматско исклучување
Ако инфозабавниот систем се
вклучи додека е исклучено
палењето, тој ќе се исклучиавтоматски по приближно
20 минути за да се избегне
празнење на акумулаторот.
Јачина
Вртете го вртливото копче R / S за
да ја прилагодувате јачината.
Актуелната поставка се покажува
на екранот.
Максимална јачина при
вклучување
Кога ќе се вклучи инфозабавниот
систем, наместена е последната
одбрана јачина, ако таа била
помала од одредената
максималната јачина при
вклучување.
Автоматско прилагодување на
јачината
Ако јачината се прилагодува за
време на сообраќајно соопштение,
новата поставка останува само за
време на соопштението и
автоматски се враќа на
претходната поставка на јачината.Стишување / пауза
Притиснете го копчето MUTE за да
го стишите радиото или за да го паузирате ЦД-плеерот или плеерот
за медиуми. На екранот се
прикажува Mute или Pause.
За пуштање на звукот и
продолжување на репродукцијата,
притиснете го MUTE повторно.
Забелешка
Прилагодување на јачината
автоматски ја откажува
функцијата за стишување/пауза.
Јачина зависно од брзината на
возилото
Кога е активирана јачината
зависно од брзината ( 3 21),
јачината се прилагодува
автоматски за да ja компензира
бучавата од патот и ветрот.
Изборници на екранот
Пристапувајте и движете се низ
изборниците на екранот и
прилагодувајте ги вредностите со
функциските копчиња на
инфозабавниот систем:
Вовед17
■ Притиснете го AUDIO за да
пристапите до изборникот за поставки на звукот 3 20.
■ Притиснете го MENU за да
пристапите до изборникот за
напредни функции 3 29.
■ Притискајте го R или S за да ги
листате опциите на изборникот.
■ Притискајте го _ или 6 за да ги
прилагодувате вредностите на
ставките.
Промените се зачувуваат и се
излегува од изборниците
автоматски по кусо време.
Начини на работењето Радио
Ракувајте со радиото користејќи ги
функциските копчиња:
■ Притиснете го FM за да го
смените изворот на звукот во FM
радио.
Притискајте го FM повеќепати за
да го менувате фреквентното
подрачjе за FM (FM1, FM2, FMA
Autostore).■ Притиснете го AM за да го
смените изворот на звукот во АМ
радио.
Притискајте го AM повеќепати за
да го менувате фреквентното
подрачје за AM (AM1, AM2).
■ Притискајте ги копчињата за станици 1...6 за да ги повикувате
меморираните радио станици.
Притиснете и држете 1...6 за да
меморирате радио станица.
■ Притиснете го _ или 6 за
автоматско пребарување радио
станици.
■ Притиснете го R или S за рачно
пребарување радио станици.
Користење на радиото 3 26.
Аудио плеери
Ракувајте со аудио плеерите
користејќи ги функциските
копчиња:
■ Притискајте го MEDIA
повеќепати за да го смените
изворот на звук во ЦД-плеер,
Плеер за медиуми или AUX.■
Притиснете го _ или 6 за да
одите на претходната/следната
песна.
Притиснете и држете за брзо мотање назад / напред (ЦД-
плеер).
■ Притиснете го R или S за да
одите во претходната/следната
папка (ЦД-а со MP3) или
изведувач, жанр и сл. (Плеер за
медиуми).
■ Притиснете го f за да исфрлите
ЦД.
Користење на ЦД-плеерот 3 35.
Користење на приклучокот AUX
3 38.
Користење на Плеерот за
медиуми USB 3 42.
40USB приклучокUSB приклучокОпшти информации...................40
Репродукција на зачувани
аудио папки ................................ 42Општи информации
Радио со ЦД/МР3-плеер
Достапна е порта USB за
поврзување со надворешни извори на звук.
Забелешка
Штекерот секогаш треба да се
чува чист и сув.
Плеер за MP3, уред USB или iPod
може да се поврзат во портата
USB.
Поврзаниот надворешен аудио
уред ви овозможува да
репродуцирате дигитално аудио
што припаѓа на одредена
категорија, на пр. по изведувач или
музички жанр.
Ако уредот USB содржи многу
датотеки, создавањето библиотека може да потрае неколку минути.
Со уредите USB се ракува со
следниве контроли:
■ Изборници на екранот
■ Контроли на воланот 3 8
■ Говорни команди 3 46
Откако ќе поврзете аудио уред
USB, притиснете го копчето
MEDIA за да го смените изворот на
звук во плеер за медиуми.
На екранот ќе се прикажат пораки
да ве известат дека системот го
користи надворешен аудио уред
поврзан преку USB.
Важни информации
Приклучените MP3-плеери и
мемории USB треба да се
усогласени со спецификацијата
Класа на мемориски уреди USB
(USB Mass Storage Class
specification) (USB MSC).
USB приклучок41
Поддржани се само MP3-плеери имемории USB со големина на грозд
помала од или еднаква на 64 kb со податочен систем FAT16/FAT32.
Единиците со тврд диск (HDD) не
се поддржуваат.Надворешни аудио уреди и
мемории USB
Портата USB ги поддржува
следниве формати на звучни
записи:
■ WMA: Ги поддржува стандардите WMA верзија 1 и
WMA верзија 2.
■ MP3: MPEG-1 Layer 3 - фреквенции за урнекување
32 kHz, 44,1 kHz и 48 kHz.
MPEG-2 layer 3 - фреквенции за
урнекување 16 kHz, 22,05 kHz и
24 kHz.
Поддржани брзини на битови:
16 kbps, 32 kbps, 64 kbps, 96 kbps ,
128 kbps и 192 kbps.
Поддржана е и екстензијата
MP2.5 (фреквенции за
урнекување 8 kHz, 11,025 kHz и
12 kHz).■ WAV: Дигитален формат на звучен запис без компресија.
■ AAC / MP4 / M4A: Фреквенции за
урнекување меѓу 22,05 kHz и 48 kHz.
Поддржани брзини на битови:
8 kbps до 529 kbps.
Форматите MP3, WMA, MP4, M4A и AAC содржат мултимедијални
информации, додека WAV не
содржат. Меѓу форматите што се
препознаваат, може да се случи да
не се внесени мултимедијални
информации во звучниот запис
што дозволува такво нешто. Во
таков случај, може да ги листате
звучните записи само по папка.
Не се препорачуваат уреди USB со
лозинка. Ако вашиот уред USB ја
има оваа функција, секогаш
исклучувајте ја.
Плеерот за медиуми ги поддржува
специфицираните формати и не
поддржува звучни записи
заштитени со DRM (Digital Rights
Management - Дигиталноуправување со правата). Ако има
неподдржани звучни записи на уредот USB, ќе бидат запоставени.
Плеерот за медиуми е
компатибилен со повеќето
мемории USB 1.0, 1.1 или 2.0.
Плеерот за медиуми ги поддржува
наставките .m3u и .wpl за музички
листи. Плеерот за медиуми не
поддржува вгнездени или поврзани
музички листи. Поддржани се и релативни и апсолутни патеки допесните во музичките листи.
Не се поддржани музички листи
направени од iPod.
Оптимизирање на iPod
За да го оптимизирате
поврзувањето на вашиот iPod со
инфозабавниот систем, треба да ги извршите следниве едноставни
операции на вашиот iPod:
42USB приклучок
■ Конфигурирајте го iPod да секористи како надворешен диск.
Видете во упатството за
употреба на iPod
■ Ако конфигурацијата е направена на компјутер Apple,
конфигурирајте го на компјутер
со Windows
■ Сочувајте ги песните како звучни
записи компатибилни со
инфозабавниот систем
Овие операции нема да ги намалат
квалитетот на звукот или
употребливоста на песните на
iPod.
Репродукција на
зачувани аудио папки
Плеерот за медиуми открива кога
ќе се поврзе аудио уред USB на
портата USB и се создава
библиотека што се прикажува
автоматски кога ќе се вклучи
палењето.Плеерот за медиуми има само
една библиотека. Кога ќе се вметне нов уред USB, се создава нова
библиотека што ја заменува
постојната.
Штом ќе се поврзе, може да се
користат само контролите на
воланот, контролите на
инфозабавниот систем и
говорните команди за да се ракува
со надворешниот аудио уред.
Контроли на инфозабавниот
систем 3 8.
Контроли на воланот 3 8.
Систем за препознавање глас
3 46.
Работа на екранот
Листајте ги опциите на
изборниците на екранот и
потврдувајте го изборот со
копчињата на контролите на
воланот:
■ Притискајте го R или S за да ги
листате опциите на изборникот.
■ Притискајте го SRC/OK за
потврда на изборите.Промените се зачувуваат и се
излегува од изборниците
автоматски по кусо време.
Почнување репродукција
За да го смените изворот на звук во плеер за медиуми:
■ Притиснете го копчето MEDIA на
Инфозабавниот систем.
- или -
■ Притиснете го копчето SRC/OK
повеќепати на контролите на
воланот.
Кога е активен плеерот на
медиуми, репродукцијата почнува
автоматско кога е вклучена
автоматската репродукција.
Забелешка
Се препорачува функцијата за
автоматска репродукција да е
вклучена, така што звучните
записи ќе се репродуцираат
автоматски кога ќе се вклучи
палењето.