Возење и ракување193Чујно предупредување за
опремата за влечење
Кај возилата опремени со опрема
за влечење кога истите се
приклучени до приколка, висината
на тонот на чујното
предупредување се менува при
ракување со трепкачите.
Висината на тонот на чујното
предупредување ќе се смени ако
прегори светло на трепкачите од
приколката или влечното возило.
Помош за стабилноста на приколката
Ако системот открие кривулести
движења, моќноста на моторот се
намалува и комбинацијата возила/
приколка селективно се сопира
додека не престане кривулестото
движење. Додека системот работи,
држете го воланот колку што може
постабилно.
Помошта за стабилноста на
приколката (TSA) е функција на
Електронската Програма за
Стабилност (ESP) 3 176.Дополнителни
функции
Погонски приклучок
АктивирањеЗа да го активирате погонскиот
приклучок, со возилото во
мирување и моторот во празен од:
● Ставете ја рачката на менувачот во лер (возилата со
автоматизиран рачен менувач:
рачката на менувачот во
положба N).
● Притиснете ја педалата за куплунг.
●Притиснете го прекинувачот на
таблата со инструменти, LED-
сијаличката во прекинувачот
се пали по околу две секунди.
● Отпуштете ја педалата за куплунг.
Брзината на вртежите на моторот
во лер се зголемува на
1200 врт/мин.Внимание
При работа на погонскиот
приклучок, не поместувајте ја
рачката на менувачот од лер
(возила со автоматизиран рачен менувач: рачката на менувачот
во положба N) за да се избегне
оштетување на преносот.
Ако биде потребно менување
брзина, на пр. за да се
прилагоди брзината на
возењето, секогаш треба прво
да се исклучи погонскиот
приклучок.