
96Инструменти и контролиСвети ако е потребно чистење на
филтерот за дизелски честички и
не дојде до автоматско чистење
3 141.9 Предупредување
Нека Ви ја отстрани причината
на дефектот автомеханичар
веднаш.
Екран за сервисирање
Свети и контролната сијаличка o
во DIC кога преостанатото
растојание до следниот сервис ќе
достигне 0 км или е време за
сервис.
Пораката SERVICE DUE (ТРЕБА
СЕРВИС) се појавува во DIC.
Екран за сервисирање 3 90.
Гаснење на моторот
C свети црвено.
Свети накусо кога ќе се вклучи
палењето.
Ако C свети (можеби заедно со W
и/или R), сопрете го возилото и
исклучете го моторот што е можно
поскоро.9 Предупредување
Нека Ви ја отстрани причината
на дефектот автомеханичар
веднаш.
Зависно од видот на дефектот, може да се појави и
предупредувачка порака на
Информативниот центар за
возачот (DIC) 3 100.
Систем на сопирачки R свети црвено.
Свети накусо кога ќе се вклучи
палењето.
Контролната сијаличка R и
понатаму свети откако ќе се вклучи палењето ако е затегната
сопирачката за паркирање 3 154.
Кога ќе се отпушти паркирната
сопирачка, R свети (можно е
заедно со C) ако нивото на
течноста за сопирачките е
прениско 3 180.9 Предупредување
Застанете. Не го продолжете
патувањето. Посоветувајте се со автомеханичар.
Систем на сопирачките 3 153.
Систем за деблокирање
на сопирачките (ABS)
u свети жолто.
Свети накусо кога ќе се вклучи
палењето. Системот е подготвен
за работа кога ќе се изгасне u.
Ако контролните сијалички u и
A се палат со пораките CHECK
ABS (ПРОВЕРЕТЕ ГО ABS) и
CHECK ESP (ПРОВЕРЕТЕ ГО
ESP) на Информативниот центар
за возачот (DIC) 3 100 , има дефект
на ABS-от. Системот на

Инструменти и контроли97сопирачките останува
функционален, но без регулирање
ABS.
Ако контролните сијалички u, A ,
R и C се палат, ABS -от и ESP-то
се деактивирани и пораката
BRAKING FAULT (ДЕФЕКТ НА
СОПИРАЧКИТЕ) се прикажува.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Систем за деблокирање на
сопирачките 3 153.
Менување во поголема брзина
k или j свети жолто.
Свети кога се препорачува
ставање во поголема брзина за да
се заштеди гориво.
ЕКО-режим 3 132.
Предупредување за напуштање лента
ì свети кога системот е вклучен и
готов за работа.Звучи предупредувачка мелодија заедно со ì кога системот
препознава ненамерни промени на
лентата.
Предупредување за напуштање
лента 3 166.
Електронска програма за стабилност
b трепка или свети жолто.
Свети накусо кога ќе се вклучи
палењето.
Трепкање за време на
возењето
Системот е активно вклучен.
Моќноста на моторот може да се намали и возилото може да сопре
автоматски до мал степен 3 157.
Свети за време на возење
Системот не е достапен.
Може да свети заедно со
контролната сијаличка A 3 95. На
Информативниот центар за
возачот (DIC) исто така се појавува и соодветна порака 3 100.ESP® Plus
3 157, Систем за
контрола на пролизгувањето
3 155.
Електронската програма
за стабилност е исклучена
Ø свети зелено.
Ако ESP® Plus
е деактивирана со
Ø на таблата со инструменти,
контролната сијаличка Ø свети и
се појавува соодветна порака во
Информативниот центар за
возачот (DIC) 3 100.
ESP® Plus
3 157, Систем за
контрола на пролизгувањето
3 155.
Температура на течноста за ладење
W свети црвено.
Свети накусо кога ќе се вклучи
палењето.

Инструменти и контроли101● контрола на нивото намоторното масло 3 89
● екран за сервисирање 3 90
● пораките за возилото 3 101
● патен компјутер 3 103
Некои од прикажаните функции се разликуваат кога возилото се вози
или е во мирување. Некои функции
се достапни само кога возилото се
вози.
Троен информативен екранГо прикажува времето,
надворешната температура и
датумот кога палењето е вклучено.Пораки за возилото
Пораките се појавуваат на
Информативниот центар за
возачот (DIC), во комбинација со
контролната сијаличка A или C.
Информативни поракиИнформативни поракиBATTERY MODE: ECONOMY
(РЕЖИМ НА АКУМУЛАТОРОТ:
ЕКОНОМИЧЕН)ESP OFF (ИСКЛ. ESP)AUTO LIGHTS DEACTIVATED
(СВЕТЛАТА СЕ ИСКЛУЧЕНИ)OIL LEVEL CORRECT (НИВОТО
НА МАСЛО Е ДОБРО)
Пораки за дефект
Се прикажуваат во комбинација со
контролната сијаличка A. Возете
внимателно и побарајте помош од
автомеханичар.

102Инструменти и контролиЗа да се отстрани пораката за
дефект, притиснете го копчето на
крајот од рачката на бришачите. По неколку секунди пораката може да
ја снема автоматски и A останува
запалено. Тогаш дефектот ќе се
зачува во системот
на автомобилот.Пораки за дефектCHECK ESP (ПРОВЕРЕТЕ ГО
ESP)CHECK FUEL FILTER
(ПРОВЕРЕТЕ ГО ФИЛТЕРОТ ЗА
ГОРИВО)CHECK GEARBOX (ПРОВЕРЕТЕ
ГО МЕНУВАЧОТ)CHECK AUTO LIGHTS
(ПРОВЕРЕТЕ ГИ СВЕТЛАТА)
Предупредувачки пораки
Тие може да се појават со
контролната сијаличка C или во
комбинација со други
предупредувачки пораки,
контролни сијалички или чујно
предупредување. Изгаснете го
моторот веднаш и побарајте
помош од автомеханичар.Предупредувачки поракиINJECTION FAULT (ДЕФЕКТ НА
ИНЈЕКТИРАЊЕТО)ENGINE OVERHEATING
(ПРЕГРЕВАЊЕ НА МОТОРОТ)GEARBOX OVERHEATING
(ПРЕГРЕВАЊЕ НА МЕНУВАЧОТ)
Систем за контрола на притисокот
во гумите 3 200.
Предупредувачки
мелодии
Кога се пали моторот или
додека се вози
Се огласува само една
предупредувачка мелодија
одеднаш.
Предупредувачката мелодија за
неврзан безбедносен ремен има
приоритет врз другите.
● Ако не е врзан безбедносен ремен 3 54.
● Ако е надмината извесна брзина при затегната
сопирачка за паркирање
3 154.
● Ако помошникот за паркирање открие предмет или присуство
на грешка 3 162.
● Ако возилото има автоматизиран рачен менувачи температурата на куплунгот е
превисока 3 148.
● Ако брзината на возилото накратко надмине определено
ограничување 3 87.
● При затворање на електричната шибер врата
3 29.
● Ако шибер-вратата е отворена и паркирната сопирачка е
отпуштена 3 29.
● При активирање или деактивирање на алармот што
ја набљудува наваленоста на
возилото 3 35.

Возење и ракување153Сопирачки
Системот на сопирачки се состои
од две независни кола за
сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање,
возилото се уште може да се сопре со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога ќе го притиснете педалот за
сопирачките цврсто. Значително
повеќе сила треба да користите за
тоа. Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од
автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува штом
педалот за сопирачките ќе се
притисне еднаш или двапати.
Дејството на сопирањето не е
намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка R 3 96.Систем за деблокирање
на сопирачките
Antilock Brake System -от (ABS)
(Систем за деблокирање на
сопирачките) не дозволу тркалата
да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на
процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го педалот за сопирање докрај
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз
педалот.
Контролна сијаличка u 3 96.Дефект
Ако контролните сијалички u и
A се палат со пораките CHECK
ABS (ПРОВЕРЕТЕ ГО ABS) и
CHECK ESP (ПРОВЕРЕТЕ ГО
ESP) на Информативниот центар
за возачот (DIC), има дефект на
ABS-от. Системот на сопирачките останува функционален, но без
регулирање ABS.9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Ако контролните сијалички u, A ,
R и C светат, ABS-от и ESP-то се
деактивирани и пораката BRAKING
FAULT (ДЕФЕКТ НА

Возење и ракување155сопирањето автоматски се
намалува кога се отпушта педалот
за сопирачките.
Серво кочењето не е достапно за
време на Autostop. Систем за
сопирање-поаѓање 3 135.
Помош при поаѓање на
угорници
Системот помага во спречување на ненадејните движења при возење
на закосени површини.
При ослободување на педалата на
сопирачката при запирање на
закосени површини (со менувачот во брзина или рикверц),
сопирачките остануваат активни за дополнителни 2 секунди.
Сопирачките се отпуштаат
автоматски штом возилото ќе
почне да забрзува.Внимание
Помошта при поаѓање на угорници не може целосно да го спречи движењето на возилото
во сите ситуации (екстремно
стрмни делови од патот, итн.).
Ако е потребно, притиснете ја
педалата на сопирачката за да
спречите вртење на возилото
нанапред или наназад.
Помошта при поаѓање по
нагорнини не е активна за време
на Autostop. Систем за сопирање-
поаѓање 3 135.
Системи за контрола
на возењето
Систем за контрола на пролизгувањето
Системот за контрола на
превртувањето (TC) е составен дел од Електронската програма за
стабилност (ESP® Plus
) која ја
подобрува стабилноста на
возењето кога е потребно, без
оглед на видот на површината на
патот или прилепувањето на
гумите, со спречување на
шлајфувањето на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да шлајфуваат, излезната силата на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу шлајфува поединечно
се сопира. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини.
TC функционира штом палењето е вклучено и контролната сијаличка
b се гасне во групата инструменти.

Возење и ракување157TC исто така се активира повторно
следниот пат кога ќе се вклучи палењето.
Дефект
Ако системот забележи дефект,
контролната сијаличка b 3 97
постојано свети заедно со A 3 95
во групата инструменти и
соодветна порака се појавува во
DIC 3 100.
Системот за контрола на
пролизгувањето (ТС) не работи.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Пораки за возилото 3 101.
Електронска програма за стабилност
Електронска програма за
стабилност ( ESP®Plus
) ја подобрува
стабилноста на возењето кога е
потребно, без оглед на видот на
површината на патот или
прилепувањето на гумите. Го
спречува и шлајфувањето на
погонските тркала.Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење/нагло
свртување), излезната сила на
моторот се намалува и тркалата се закочуваат посебно. Тоа
значително ја подобрува
стабилноста при возење на
возилото на лизгави површини.
ESP® Plus
функционира штом
палењето е вклучено и контролната сијаличка b се гасне
во групата инструменти. На
Информативниот центар за
возачот (DIC) исто така се појавува и соодветна порака 3 100.
Кога се активира ESP® Plus
, b
трепка.9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 97.
Помош за стабилноста на
приколката (TSA) 3 172.
Подобрена функција на
пролизгување
Ако е потребно, ако има меко тло,
кал или патот е покриен со снег,
ESP® Plus
може да се деактивира за
да се подобри тракцијата:
Притиснете Ø на таблата со
инструменти.

158Возење и ракување
Контролната сијаличка Ø свети на
групата инструменти и соодветна
порака се појавува во DIC 3 100.
Кога брзината на возилото ќе достигне 50 км/ч, системот
автоматски преминува од
подобрена функција на
пролизгување на ESP® Plus
работа.
Контролната сијаличка Ø во
групата инструменти се гаси.
ESP® Plus
повторно се активира со
повторно притискање на Ø.
Контролната сијаличка Ø се гаси.
ESP® plus
исто така се активира
повторно следниот пат кога ќе се
вклучи палењето.
Дефект
Ако системот забележи дефект,
контролната сијаличка b 3 97
постојано свети заедно со A 3 95
во групата инструменти и
соодветна порака се појавува во
DIC 3 100.
Електронската Програма за
Стабилност (ESP® Plus
) не е во
функција. Нека Ви ја отстрани
причината на дефектот
автомеханичар.
Пораки за возилото 3 101.Системи за помош на
возачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат вниманието на возачот.
Возачот има целосна
одговорност кога го вози
возилото.
Кога се користат системите за
помош за возачот, секогаш
внимавајте на моменталната
сообраќајна ситуација.
Контрола на патувањето
Контролата на патувањето може
да сними и задржи брзини од
30 км/ч и нагоре. Може да дојде до
отстапувања од снимените брзини кога се вози по угорници или
удолнини. Зачуваната брзина ќе
трепка на информативниот центар
за возачот (DIC) 3 100.