OPEL Karl Owner Manual (GMK-Localizing-EU LHD-9231167) - 2016 -
CRC - 9/9/15
198Нега на возилото
Возила со резервно тркало
Дигалката и прирачниот алат се
во товарниот простор.
Видете Менување гуми 0209
ii.
Видете Компактна резервна гума
0 212
ii.
Тркала и гуми
Состојба на гумите, состојба
на тркалата
Преку рабови возете полека и, ако
е можно, под прав агол. Возењето
преку остри рабови може да
предизвика оштетување на гумите
и тркалата. Не заглавувајте ги
гумите на работ од тротоарот кога
паркирате.
Редовно проверувајте ги тркалата
да не се оштетени. Побарајте
помош од автомеханичар во
случај на оштетување или
необично абење.
Препорачуваме да не се замену-
ваат предните со задните тркала
и обратно, тоа може да влијае врз
стабилноста на возилото.
Секогаш користете помалку
изабени гуми на задната оска.
Зимски гуми
Зимските гуми ја подобруваат
безбедноста на возењето при
температури под 7°Cи затоа
треба да се стават на сите тркала. Во согласност со прописите
специфични за земјата,
залепете
ја налепницата за брзината во
видното поле на возачите.
Ознаки на гумите
на пр. 195/65 R 15 91 H
195: Ширина на гумата, мм
65: Однос на пресекот (висината
на гумата со ширината на
гумата), %
R: Тип на ременот: Радијален
RF: Тип: RunFlat (функционираат
и издишани)
15: Пречник на тркалото, инчи
91: Индекс на оптовареноста, на
пр. 91 одговара на 615кг
Н: Буква-шифра на брзината
Буква на шифрата за брзината:
Q: До 160 км/ч
Ѕ: До 180 км/ч
Т: До 190 км/ч
Н: До 210 км/ч