174Возење и ракувањеНе смее да се пречекори
дозволената бруто тежина на
оските. Оваа тежина е забележана
на идентификациската табличка
3 230.
Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
со којашто приколката ја
оптоварува влечната кука. Може да
се менува со менување на
распоредот на тежината кога се
товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка е забележана на
идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите
на возилото. Секогаш одете на
максимална оптовареност,
особено ако се работи за тешка
приколка. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под 25 кг.Во случај на оптовареност на
приколката од 1200 кг или повеќе,
вертикалната оптовареност на
влечната спојка не смее да биде
помала од 50 кг.
Натоварување на задната оскаКога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено (вклучувајќи ги и сите
патници), дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) не смее да се надмине.
Опрема за влечењеВнимание
При работење без приколка извадете ја влечната кука со
топка.
Чујно предупредување за
опремата за влечење
Кај возилата опремени со опрема
за влечење кога истите се
приклучени до приколка, висината
на тонот на чујното
предупредување се менува при
ракување со трепкачите.
Висината на тонот на чујното
предупредување ќе се смени ако
прегори светло на трепкачите од
приколката или влечното возило.
Помош за стабилноста на приколката
Ако системот открие кривулести
движења, моќноста на моторот се
намалува и комбинацијата возила/
приколка селективно се сопира
додека не престане кривулестото
движење. Додека системот работи, држете го воланот колку што може
постабилно.
Помошта за стабилноста на
приколката (TSA) е функција на
Електронската Програма за
Стабилност (ESP) 3 159.