Page 145 of 235

Возење и ракување143Помошта за паркирање не
открива предмети надвор од
опсегот за откривање.
Деактивирање
Возможно е да се деактивира или
привремено да се деактивира
системот.
Привремено деактивирање
Привремено деактивирајте го
системот со притиснување на
копчето r на таблата со
инструменти кога палењето е
вклучено и менувачот е ставен во рикверц . Контролната сијаличка во
копчето свети.
Кога менувачот се става во
рикверц, нема да се огласи звучен
сигнал, означувајќи го
деактивирањето.
Функцијата одново се активира со
притиснување на копчето r
повторно или следниот пат кога
палењето ќе се вклучи.
Постојано деактивирање
Трајно деактивирајте го системот
со притиснување и држење на
копчето r на таблата со
инструменти околу 3 секунди кога
палењето е вклучено и менувачот
е ставен во рикверц. Контролната
сијаличка во копчето свети
постојано.
Системот е деактивиран и нема да работи. Кога менувачот се става во рикверц, нема да се огласи звучен
сигнал, означувајќи го
деактивирањето.Функцијата се активира одново со
притиснување и држење на
копчето r за околу 3 секунди.
Дефект Ако системот открие
функционална грешка, ќе се огласи непрекинат звучен аларм околу
5 секунди кога се става во
рикверц. Посоветувајте се со
автомеханичар за да Ви ја
отстранат причината на дефектот.Внимание
Кога се вози во рикверц, во
околината не смее да има
пречки кои може да го удрат
долниот дел на возилото.
Ударот на задната оска, кој
можеби не е видлив, може да
доведе до некарактеристични
измени во управувањето со
возилото. Во случај на таков
удар, посоветувајте се со
автомеханичар.
Page 146 of 235

144Возење и ракувањеРетровизорска камера
Камерата обично е инсталирана
под калапот за регистерската
табличка, а мониторот е монтиран
на возачкиот штитник за сонце.
Функционалност
Системот на ретровизорската
камера овозможува возачот да го
гледа задниот дел на возилото на
монитор додека оди наназад.
Системот може да се вклучи или
исклучи со избирање на копчето
Старт/Стоп од десната страна на екранот.
Преостанатите копчиња на
мониторот овозможуваат
корисникот да избере извор AV1
или AV2 и да ги прилагоди
осветленоста и контрастот на
мониторот.
За да се постигне оптимална
видливост, ретровизорската
камера не смее да е попречена од
нечистотија, снег или мраз.9 Предупредување
Системот е наменет за помош
при возењето наназад и не го
заменува видот на возачот.
Не дозволувајте оваа функција
да ве наведе да преземате
ризици кога возите наназад.
Ако не се внимава при возењето наназад, може да дојде до
оштетување на возилот,
повреда или смрт. Секогаш
проверувајте на страничните и
главниот ретровизор и
погледнете преку рамо пред да
почнете да возите наназад.
Системите за помош на возачот не го ослободуваат возачот од
целосната одговорност за
ракувањето со возилото.
Page 147 of 235

Возење и ракување145Гориво
Гориво за мотори на
дизел
Користете само дизел гориво што е усогласено со EN 590. Горивото
треба да има мала содржина на
сулфур (најмногу 10 ppm). Може да
се користат еквивалентни
стандардизирани горива со
биодизел (= FAME според
EN14214) со содржина од најмногу
7 % по волумен (како DIN 51628 или
еквивалентни стандарди).
Во земјите надвор од Европската
унија, користете дизел гориво со
концентрација на сулфур под 50
ppm.Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 590 или
слично може да доведе до
губење на моќноста на
возилото, зголемено абење или
оштетување на моторот и може
да влијае врз гаранцијата.
Не употребувајте бродска дизел
нафта, нафта за домаќинства или
сосема растителни дизел горива,
како на пример масло од семе на репка или биодизел, „аквазол“ и
слични раствори на дизел со вода. Дизел горивата не смеат да серазредат со горива за бензински
мотори.
Протокот и способноста за
филтрирање на дизел горивата
зависат од температурата. Кога е
ниска температурата, наполнете
со дизел гориво со гарнтирани
зимски својства.
Полнење гориво9 Опасност
Пред да полните гориво,
исклучете ги моторот и сите
надворешни грејачи со комори за согорување. Исклучете ги
сите мобилни телефони.
Следете ги упатствата за
ракување и безбедноста на
бензинската пумпа кога полните
гориво.
9 Опасност
Горивото е запаливо и
експлозивно. Пушењето е
забрането! Забранети се гол
пламен и искри.
Ако намирисате гориво во Вашето возило, нека Ви ја
отстрани причината на тоа
автомеханичар веднаш.
Page 148 of 235

146Возење и ракувањеВнимание
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето.
Грлото за полнење на резервоарот со бајонет капаче се наоѓа од
левата предна страна на возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако
возилото е отклучено и вратата е
отворена. Отворете ја вратичката на резервоарот со рака.
Извадете го капачето на
резервоарот со вртење обратно од насоката на стрелките на
часовникот.
Капачето на резервоарот за гориво
може да се обеси на долната кука
на вратичката на резервоарот.Внимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
Кога полнењето на гориво е готово,
вратете го капачето и свртете го во
насоката на стрелките на
часовникот.
Затворете ја вратичката на
резервоарот.
Потрошувачка на
гориво - CO 2-испуштање
За вредностите за вашето возило,
видете го Сертификатот за
сообразност на ЕК доставен со
вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Општи информации
Официјалната потрошувачка на
гориво и дадените специфични
бројки за емисиите на СО 2 се
однесуваат на основниот модел за
ЕУ со стандардна опрема.
Податоците за потрошувачка на
гориво и испуштање CO 2 се
одредуваат според прописот
715/2007 692/2008 А, со земање
предвид на тежината на возилото
кога работи, како што е одредено
со прописот.
Бројките не смеат да се земаат
како гаранција за фактичката
потрошувачка на гориво на некое
возило. Дополнителната опрема
Page 149 of 235

Возење и ракување147
може да резултира со малку
повисоки резултати од наведената
потрошувачка и од бројките за
СО 2. Понатаму потрошувачката на
гориво зависи од личниот стил на
возењето, како и од условите на
коловозот и сообраќајот.Кука за приколки
Општи информации
Употребувајте само опрема за
влечење одобрена за Вашето
возило. Доверете му го
монтирањето на влечната опрема
подоцна на автомеханичар. Може
да биде потребно да се извршат
измени кои делуваат врз системот
за ладење, топлоотпорните
обвивки или друга опрема.
Возни карактеристики,
совети за влечење
Во случај на приколки со
сопирачки, закачете го кабелот за
приврзување.
Пред да закачите приколка,
намачкајте ја влечната топка со маст. Меѓутоа, не подмачкувајте ја
ако се користи стабилизатор,
којшто дејствува на влечната
топка, за придушување на
шлајфувањето. Кај приколки сослаба стабилност при возење
употребата на стабилизатор се
препорачува.
Максималната брзина од 80 км/ч не смее да се надмине, дури и во
држави каде што се дозволени
поголеми брзини.
Ако приколката почне да се
занесува, возете побавно, не
обидувајте се да го исправите
возилото и сопирајте нагло, ако е
потребно.
Кога возите по удолнина, возете во
иста брзина како да возите на
угорница и возете со слична
брзина.
Дотерајте го притисокот во гумите
до вредноста определена за
целосна натовареност 3 221.
Влечење на приколка Товарење на приколката Дозволената оптовареност на
приколката е максимална вредност која зависи од возилото и моторот
и не смее да се пречекори.
Фактичната оптовареност на
Page 150 of 235

148Возење и ракување
приколката е разликата помеѓу
бруто тежината на приколката и
актуелната оптовареност на
влечната спојка кога е приклучена приколката.
Дозволената оптовареност за
товарот на приколките е
определена во документите на
возилото. Воопшто, тие важат за
стрмнини до најмногу 12 %.
Дозволената оптовареност на
приколката важи до определената
стрмнина и до надморска височина
од 1000 метри. Бидејќи моќноста на моторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување,
дозволената тежина за влечење
исто така се намалува за 10 % на
секои 1000 метри дополнителна
надморска височина. Бруто
влечната тежина не мора да се
намалува кога се вози по патишта
со мали стрмнини (помали од 8 %,
на пр. автопатишта).Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина на
оските. Оваа тежина е забележана
на идентификациската табличка
3 200.
Вертикална оптовареност на
влечната спојка Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
со којашто приколката ја
оптоварува влечната кука. Може да
се менува со менување на
распоредот на тежината кога се
товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка е забележана на
идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите
на возилото. Секогаш одете на
максимална оптовареност,
особено ако се работи за тешка
приколка. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под 25 кг.Во случај на оптовареност на
приколката од 1200 кг или повеќе,
вертикалната оптовареност на
влечната спојка не смее да биде
помала од 50 кг.
Натоварување на задната
оска
Кога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено (вклучувајќи ги и сите
патници), дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) не смее да се надмине.
Опрема за влечењеВнимание
При работење без приколкаизвадете ја влечната кука со
топка.
Page 151 of 235

Возење и ракување149
Чујно предупредување за
опремата за влечење Кај возилата опремени со опрема
за влечење кога истите се
приклучени до приколка, висината
на тонот на чујното
предупредување се менува при ракување со трепкачите.
Висината на тонот на чујното
предупредување ќе се смени ако
прегори светло на трепкачите од
приколката или влечното возило.
Помош за стабилностана приколката
Ако системот открие кривулести
движења, моќноста на моторот се
намалува и комбинацијата возила/
приколка селективно се сопира
додека не престане кривулестото
движење. Додека системот работи, држете го воланот колку што може
постабилно.
Помошта за стабилноста на
приколката (TSA) е функција на
Електронската програма за
стабилност 3 137.Дополнителни
функции
Турбо поаѓање
За да го активирате, кога возилото
е неподвижно и моторот е во лер:
■ Изберете лер (MTA = N)
■ Притиснете ја педалата за куплунг
■ Притиснете го прекинувачот на таблата со инструменти
■ Отпуштете ја педалата за куплунг
Брзината на вртежите на моторот
во лер се зголемува на
1200 врт/мин.
Ако системот не работи, повторете
ја постапката или постепено
отпуштајте ја педалата за куплунг.
За да исклучите, притиснете ја
педалата за куплунг и притиснете
го прекинувачот на таблата со
инструменти.
Page 152 of 235

150Нега на возилотоНега на возилотоОпшти информации.................150
Прверки на возилото ...............151
Замена на сијалиците ..............159
Електричен систем ..................168
Прирачен алат ......................... 171
Тркала и гуми ........................... 172
Палење со кабли ......................187
Влечење ................................... 189
Нега за изгледот ......................191Општи информации
Додатоци и
модификации на
возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на
возило. Не можеме да оцениме или гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Не вршете преиначувања на
електричниот систем, на пр.
измени на електронските
контролни уреди (чип тјунинг).Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
■ Измијте го и полирајте го возилото.
■ Нека Ви ја проверат заштитата со
восок во моторниот простор и
подвозје.
■ Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
■ Сменете го моторното масло.
■ Сад за течноста за миење на шофершајбната.
■ Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
■ Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста определена
за полна натовареност.
■ Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или во
рикверц. Спречете го возилото
од тркалење.