200Нега на возилото
Податоците за притисокот во
гумите се однесуваат на ладни
гуми. Тоа важи за летни и зимски
гуми.
Резервната гума секогаш пумпајте
ја до притисокот определен за
целосна оптовареност.
ECO притисокот на гумите служи
да се постигне најмалата можна
потрошувачка на гориво.
Неправилниот притисок во гумите ќе ја влоши безбедноста,
управувањето на возилото,
удобноста и економичноста на потрошувачката на гориво, и ќе го
зголеми абењето на гумите.
Притисоците на гумите се
разликуваат, зависно од опциите.
За правилна вредност на
притисокот на гумите, следете ја
постапката опишана подолу:
1. Идентификувајте ја идентификациската шифра намоторот. Податоци за моторот
3 230.
2. Идентификувајте ја гумата.Табелите за притисок на гумите ги
покажуваат сите можни
комбинации на гуми 3 236.
За гумите одобрени за Вашето
возило, видете го Сертификатот за сообразност на ЕК доставен со
Вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Возачот е одговорен за правилно прилагодување на притисокот во
гумите.9 Предупредување
Ако притисокот е пренизок,
гумите може премногу да се
загреат и да се оштетат
однатре, што може да
предизвика цепење на шарите,
па дури и експлозија на гумите
при големи брзини.
Систем за следење на
притисокот на гумите
Системот за следење на
притисокот на гумите (TPMS)
користи радио и сензорска
технологија за проверка на
притисокот во гумите.
Сите четири тркала треба да се опремат со сензори за притисокот
во гумите, и гумите треба да го
имаат пропишаниот притисок.
Сензорите на TPMS го следат
воздушниот притисок во гумите и ги емитуваат резултатите од
мерењата на притисокот до
приемник што се наоѓа во
возилото.
Секоја гума, вклучувајќи ја и
резервната, треба да се проверува секој месец кога е изладена и да се
напумпа до притисокот препорачан на етикетата за притисокот на
гумите.
Контролната сијаличка w се
осветлува кога една или повеќе гуми се значително издишени.
Нега на возилото201
Проверете го притисокот во гумитешто е можно побрзо и напумпајте
ги до соодветниот притисок.
Кога системот ќе открие
неисправност, w трепка околу
една минута, а потоа свети
постојано. Оваа низа ќе се одвива
при секое следно палење на
возилото додека постои дефектот.
Кога свети w, системот може да не
открие или да пријави низок притисок во гумите како што треба.
Работа на системот заследење на притисокот нагумите TPMS е конструиран да го
предупредува возачот кога ќе
дојде до низок притисок во гумите.
Сензорите на TPMS се монтирани
на секој комплет тркало-гума, со
исклучок на резервната гума и
тркало. Сензорите на TPMS го
следат воздушниот притисок во
гумите и ги емитуваат резултатите
од мерењата на притисокот до
приемник што се наоѓа во
возилото.
Кога ќе се открие низок притисок во
некоја гума, свети w. Сопрете што
е можно поскоро и напумпајте ги
гумите до препорачаниот притисок
3 199.
Дополнително, се прикажува
предупредувачка порака или
предупредувачка шифра во
Информативниот центар за
возачот 3 106.
Контролната сијаличка за низок
притисок во гумите и
предупредувачката порака или
шифра се вклучуваат при секое
палење додека гумите не се
напумпаат до правилниот
притисок.
Показател за неисправност
на TPMS и порака со шифра TPMS нема да функционира
правилно ако еден или повеќе
сензори на TPMS недостигаат или
не работат. Кога системот ќе
открие неисправност, w трепка
околу една минута, а потоа се
осветлува. Дополнително се
прикажува предупредувачка
порака или шифра.
Укажувањето на показателот за
неисправност на TPMS и
предупредувачката порака или
шифра ќе се палат при секое
палење додека не се поправи
проблемот. Некои од условите што
може да предизвикаат тие да се
појават:
■ Една од гумите е заменета со резервна гума што нема сензор
за TPMS.
202Нега на возилото
■ Споредувањето на сензорите наTPMS не било извршено или не
завршило успешно по ротирање
на гумите. Светлото за
неисправност и
предупредувачката порака или
шифра треба да се изгасат по
успешно завршување на
споредувањето на сензорите.
Видете во „Споредување на
сензорите на TPMS“ подолу во
ова поглавје.
■ Еден или повеќе сензори на TPMS недостигаат или се
оштетени. Предупредувачката
порака или шифра и светлото за
неисправност треба да се
изгасат кога сензорите на TPMS
се инсталирани и споредувањето на сензорите било извршено
успешно. Консултирајте се со
својот сервисер.
■ Заменските гуми или тркала не одговараат со оригиналните
гуми или тркала. Гуми и тркалашто не се препорачани може да
го попречат правилното
функционирање на TPMS.
■ Ракувањето со електронски уреди или престојувањето
блиску до објекти што користат
радиобранови фреквенции
слични на TPMS може да
предизвикаат неисправност на
сензорите на TPMS.
Ако TPMS не функционира
правилно, не може да открие или
да пријави слаба гума.
Консултирајте се со својот
сервисер ако светлото за
неисправност на TPMS и
предупредувачката порака или
шифра се запалат и останат вклучени.
Споредување на сензорите
на TPMS
Секој сензор на TPMS има
единствена идентификациска
шифра. Идентификациската
шифра мора да се спореди со
положбата на новата гума/новото тркало откако ќе се ротираатгумите на возилото или ќе се
заменат еден или повеќе сензори
за TMPS. Споредувањето на
сензорите TPMS треба да се
изврши и откако резервна гума ќе
се замени со гума за патување со
сензор TPMS.
Светлото за неисправност и
предупредувачката порака или
шифра треба да се изгасат при
следното палење. Сензорите се споредуваат со положбите на
гумите/тркалата со користење на
алатката за повторно учење на
TPMS по следниов редослед:
предна гума од возачката страна, предна гума од совозачката
страна, задна гума од совозачката
страна и задна гума од возачката
страна. Консултирајте се со својот
сервис за сервисирање или
купување на алатката за повторно
учење. Потребни се две минути за споредување на првата положба
на гума/тркало и пет минути вкупно
за да се споредат сите четири
положби на гуми/тркала. Ако трае
Нега на возилото203
подолго, споредувањето
престанува и мора повторно да се
почне.
Споредувањето на сензорите на
TPMS е:
1. Затегнете ја рачната сопирачка.
2. Вклучете го палењето.
3. Со копчето MENU на рачката за
трепкачите изберете Vehicle
Information Menu (изборник за
информации за возилото) на
Информативниот центар за
возачот (DIC).
4. Со тркалцето дојдете до изборникот за притисокот на
гумите.
5. Притиснете го копчето SET/
CLR за да почне
споредувањето на сензорите.
Треба да се прикаже порака
што ќе побара прифаќање на
процесот.
6. Притиснете го копчето SET/
CLR повторно за да го
потврдите изборот. Сиренатасе огласува двапати за да
сигнализира дека приемникот е
во режим на повторно учење.
7. Почнете со предната гума од возачката страна.
8. Ставете ја алатката за повторно учење до страната на
гумата, блиску до вентилот.
Потоа притиснете го копчето за
да го активирате сензорот на
TPMS. Кус сигнал од сирената
потврдува дека
идентификациската шифра на
сензорот е споредена со таа
положба на гума и тркало.
9. Продолжете со предната гума од совозачката страна и
повторете ја постапката од
чекор 8.
10. Продолжете со задната гума од
совозачката страна и повторетеја постапката од чекор 8.
11. Продолжете со задната гума од
возачката страна и повторете ја постапката од чекор 8.
Сирената се огласува двапати да укаже дека
идентификациската шифра насензорот е споредена со
задната гума од возачката
страна и споредувањето на
сензорите на TPMS веќе не е
активно.
12. Исклучете го палењето.
13. Прилагодете го притисокот во сите четири гуми според
препорачаните вредности
прикажани на етикетата за
притисок во гумите.
Длабочина на шарата Редовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од безбедносни причини при
длабочина на шарите од 2-3 мм
(4 мм за зимски гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да
не се разликува повеќе од 2 мм.