
Телефон105
Опционално, може да го
притиснете копчето y / @ двапати.
Се прикажува следниов екран.
Штом ќе се открие Телефонскиот
портал на Инфозабавниот систем,
се појавува на листата уред на
вашиот уред Bluetooth. Изберете го
Телефонскиот портал.
Кога ќе се побара, внесете го PIN-
от на вашиот уред Bluetooth.
Уредите се спојуваат и поврзуваат.
Забелешка
Именикот на мобилниот ќе се
преземе автоматски.
Претставувањето и редоследот
на внесовите во телефонскиот
именик можат да се разликуваат
на екранот на системот за
Инфозабава и на екранот на
мобилниот телефон.
Ако поврзувањето преку Bluetooth
е успешно: ако друг уред со
Bluetooth бил поврзан со
Инфозабавниот систем, тој се
откачува од него.
Ако поврзувањето преку Bluetooth не било успешно: почнете
повторно со горе опишаната
постапка или видете во упатството за употреба на уредот со Bluetooth.
Забелешка
Со Инфозабавниот систем може
да се спојат најмногу 5 уреди.
Менување на шифрата за
Bluetooth Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Phone settings
(Поставки за телефонот) а потоа
Change Bluetooth code (Смени шифра за Bluetooth) . Се прикажува
следниов екран.
Внесете го саканиот
четирицифрен PIN и потврдете го
внесеното со ОК.
Поврзување друг споен уред
Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Phone settings
(Поставки за телефонот) а потоа
Device list (Листа уреди) . Се
прикажува список на сите уреди
со Bluetooth што се моментно
споени со Инфозабавниот систем.
Забелешка
Уредот Bluetooth што е
моментално поврзан со
Инфозабавниот систем е означен
со 9.

106Телефон
Изберете го саканиот уред. Се
прикажува подизборник.
Изберете ја ставката Select
(Избери) од подизборникот за да ја
воспоставите врската.
Откачување уред
Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Phone settings
(Поставки за телефонот) а потоа
Device list (Листа уреди) . Се
прикажува список на сите уреди со Bluetooth што се моментно
споени со Инфозабавниот систем.
Забелешка
Уредот Bluetooth што е
моментално поврзан со
Инфозабавниот систем е означен
со 9.
Изберете го споениот уред. Се
прикажува подизборник.
Изберете ја ставката Disconnect
(Прекини врска) од подизборникот
за да го откачите уредот.
Отстранување споен уред Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Phone settings
(Поставки за телефонот) а потоа
Device list (Листа уреди) . Се
прикажува список на сите уреди
со Bluetooth што се моментно
споени со Инфозабавниот систем.
Забелешка
Уредот Bluetooth што е
моментално поврзан со
Инфозабавниот систем е означен
со 9.
Изберете го саканиот уред. Се
прикажува подизборник.
Ако уредот е поврзан, првин треба
да се откачи (видете погоре).Изберете ја ставката Delete
(Избриши) за да го отстраните
уредот.
Враќање на фабричките
поставки
Поставките на телефонот, на пр.
листата уреди, шифрата за
Bluetooth и ѕвонењето може да се
вратат на основните фабрички
поставки.
Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) . Изберете Phone
settings (Поставки за телефонот) , а
потоа Restore factory settings
(Врати фабрички поставки) .
Подизборникот ви поставува
прашање. За да ги вратите сите
вредности на фабричките
поставки, изберете Yes (Да).

108Телефон
По воспоставувањето на врската
меѓу мобилниот телефон и
Инфозабавниот систем,
податоците од мобилниот телефон
се пренесуваат на Инфозабавниот
систем. Тоа може да потрае
неколку минути, зависно од
моделот на телефонот. За тоа
време, ракувањето со мобилниот
телефон е можно само во
ограничена мера преку
Инфозабавниот систем.
Забелешка
Не секој мобилен телефон ги
поддржува сите функции на
Порталот за телефон. Затоа
отстапување од опсегот на
функциите опишани за овие
специфични мобилни телефони е
можно.Предуслови
Следниве предуслови мора да се
задоволени за да се користи
режимот за разговор без раце на
Инфозабавниот систем:
■ Функцијата Bluetooth на Инфозабавниот систем мора да
е активна 3 104.
■ Функцијата Bluetooth на мобилниот телефон мора да е
активна (видете во упатството на
уредот).
■ Мобилниот телефон мора да е поставен на „видлив“ (видете во
упатството на уредот).
■ Мобилниот телефон мора да е поврзан со Инфозабавниот
систем 3 104.
Активирање на режимот за
разговор без раце
Притиснете го копчето y / @ на
контролната плоча на
Инфозабавниот систем. Се
прикажува главниот изборник за
телефонот.Забелешка
Ако нема поврзано мобилен
телефон со Инфозабавниот
систем, се прикажува No phone
available (Нема достапен
телефон) . Најдете детален опис
како се воспоставува поврзување
Bluetooth 3 104.
Многу функции на мобилниот
телефон сега може да се
контролираат преку главниот
изборник за телефонот (и сродните подизборници) и преку контролите
за телефонот на воланот.

Телефон109
Почнување телефонски повикВнесување број рачно
Кога сте во главниот изборник за
телефонот, притиснете го копчето
MENU-TUNE за да го отворите
Phone Menu (Изборник за
телефон) .
Изберете ја ставката Enter number
(Внесете број) од подизборникот.
Се прикажува следниот екран.
Внесете го саканиот број и
изберете y на екранот за да
почнете да бирате.
Забелешка
За да го отворите екранот Search
(Барај) на именикот, изберете 4.
Употреба на именикот
Именикот содржи имиња и броеви на контакти.
Кога сте во главниот изборник за
телефонот, притиснете го копчето
MENU-TUNE за да го отворите
Phone Menu (Изборник за телефон) .
Изберете ја ставката Phone book
(Именик) од подизборникот. Се
прикажува следниот екран.
Како и на телефон или мобилен
телефон, буквите се организирани
во азбучни групи на екранот: abc,
def , ghi , jkl , mno , pqrs , tuv и wxyz .
Изберете ја саканата група букви. Се прикажува именикот и ги
прикажува записите што почнуваат
на една од буквите во групата
букви.
Листајте и изберете го името на
саканиот запис.
Листајте ги броевите во именикот и изберете го саканиот број.
Односниот телефонски број се
бира.
Прилагодување на редоследот на
подредувањето на именикот
Откако ќе поврзете и споите
мобилен телефон со
Инфозабавниот систем, именикот
од мобилниот телефон со
броевите и имињата автоматски ќе се преземе во Инфозабавниот
систем.
Именикот на Инфозабавниот
систем може да се подреди по First
Name (Име) или Last Name
(Презиме) .
Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Phone settings
(Поставки за телефонот) а потоа
Phone book sorting (Подредување
на именикот) .
Одберете ја саканата опција.

110Телефон
Користење на списоците на повициСите дојдовно, појдовни и
пропуштени повици се
регистрираат во соодветен список
на повици.
Кога сте во главниот изборник за
телефонот, притиснете го копчето
MENU-TUNE за да го отворите
Phone Menu (Изборник за
телефон) . Изберете ја ставката
Call lists (Листи повици) од
подизборникот.
Опционално, може да го
притиснете копчето y / @.
Се прикажува следниот екран.
Изберете ја саканата листа повици,
на пр. Missed calls (Пропуштени
повици) . Ќе се прикаже изборник со
односната листа повици.
За да почнете телефонски повик:
изберете го саканиот запис од
списокот. Односниот телефонски
број се бира.
Повторно бирање телефонски број
Последниот биран телефонски
број може повторно да се бира.
Притиснете го копчето 7 на
воланот за да се отвори
изборникот Redial (Повторно
бирање) .
Притиснете го копчето 7 повторно
за да почне бирањето.
Притиснете го копчето xn на
воланот за да излезете од
изборникот Redial (Повторно
бирање) . Опционално, може да го
употребите копчето MENU-TUNE
за да изберете No (Не) на екранот.
Дојдовен телефонски повик
Ако е активен режим за аудио,
на пр. режим за радио или ЦД, во
времето на дојдовниот повик,
соодветниот извор на звук ќе се
стиши и ќе остане стишен додека не заврши повикот.
За одговарање на повик: изберете
Answer (Одговори) на екранот.
За одбивање повик: изберете
Decline (Одбиј) на екранот.
Втор дојдовен телефонски повик
Ако дојде втор повик за време на
повик во тек, се прикажува порака.
За да одговорите на вториот повик
и да го завршите повикот во тек:
изберете Answer (Одговори) на
екранот.
За да одбиете вториот повик и да
продолжите со повикот во тек:
изберете Decline (Одбиј) на
екранот.
Менување тон за ѕвонење
Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .

Телефон111
Изберете Phone settings (Поставки
за телефонот) , Sound & Signals
(Звук и сигнали) , а потоа Ring tone
(Тон за ѕвонење) . Се прикажува
листа на сите достапни тонови за ѕвонење.
Изберете го саканиот тон за
ѕвонење.
Побарајте детален опис за
гласноста на тонот за ѕвонење
3 81.
Функции за време на повик
За време на повик во тек, главниот изборник на телефонот ќе се
прикаже на следниов начин.
Изберете Menu (Изборник) на
екранот за да го отворите
изборникот Connected (Поврзано) .
Изберете Hang up (Затвори) на
екранот за да го завршите повикот.
Активирање на приватниот режим
Во изборникот Connected
(Поврзано) , изберете ја ставката
Private call (Приватен повик) од
подизборникот за да го префрлите
повикот на мобилниот телефон. Се
прикажува следниов екран.
За да го вратите повикот на
Инфозабавниот систем, изберете Menu (Изборник) на екранот, а
потоа Transfer call (Префрли
повик) .
Деактивирање/активирање на
микрофонот
Во изборникот Connected
(Поврзано) , поставете ја ставката
Mute Mic (Искл. звук на микрофон)
од подизборникот на On (Вкл.).
Повикувачот веќе не може да ве
чуе.
За повторно активирање на
микрофонот: поставете ја ставката
Mute Mic (Искл. звук на микрофон)
од подизборникот повторно на Off
(Искл.) .
Мобилни телефони и ЦБ
радио опрема
Упатства за инсталирање и
инструкции за ракување Мора да се придржува кон
Опеловите упатства за
инсталирање и инструкциите за
ракување од производителот на
мобилниот телефон и на уредот за
разговор без употреба на раце кога се инсталира и се ракува со
мобилен телефон.
Неспроведувањето може да ја
поништи сообраќајната дозвола на
возилото (директива на
ЕУ 95/54/EС).

120FlexDockFlexDockОпшти информации.................120
Користење ................................ 121Општи информации
FlexDock се состои од вградена
основна плоча и разни видови
држачи што може да се приклучат
на неа. Со вметнување iPhone или друг паметен телефон во држачот, паметниот телефон може да се
контролира преку Инфозабавниот
систем, контролите на воланот или
допирниот екран.
Детални информации за
користење на држачот може да се
најдат во упатството на држачот
приложено со секој држач.9 Предупредување
Уредите приклучени во
FlexDock треба да се користат
така што нема да му одземаат
внимание на возачот и возилото ќе може да се вози безбедно во
секое време. Секогаш треба да
ги почитувате соодветните
закони и прописи во земјата во
којашто возите. Тие закони
може да се разликуваат од
информациите во ова упатство.
Ако не сте сигурни, запрете го
возилото и ракувајте со уредите додека возилото е во мирување.
Забелешка
Не ракувајте со друг извор на звук преку приклучокот USB
истовремено поради
преклопувањето на двата извори
на звук.
Внимание
За да се избегне кражба, не оставајте го мобилниот
телефон во FlexDock кога ќе го
напуштите возилото.

FlexDock121КористењеЗакачување на држачот со
основната плоча
1. Извадете го капакот од основната плоча.
2. Притиснете го држачот во основната плоча и склопете.
Поврзување паметен
телефон со Инфозабавниот
систем
Универзален паметен телефон
Поврзете го паметниот телефон со држачот со кабелот за поврзување.
iPhone
iPhone се поврзува автоматски кога ќе се вметне во држачот.
Зависно од состојбата на
софтверот и хардверската опрема, функционалноста на iPhone-от
може да биде ограничена.
Ракување со паметниот
телефон Кога паметниот телефон е поврзан
преку FlexDock, ги има сите
функционалности како и да е
поврзан преку приклучокот за USB. Видете ги соодветните инструкции
во упатството на Инфозабавниот
систем за повеќе информации.
За користење на функцијата за
телефон или музика Bluetooth,
треба да е воспоставена врскаBluetooth. Видете ги соодветните
инструкции во упатството за
Инфозабавниот систем и
корисничкиот водич за паметниот телефон за детални информации.
Вадење на држачот од
основната плоча
1. Притиснете го копчето за ослободување и извадете го
држачот.
2. Закачете го капакот на основната плоча.