154Вовед
Вклучување или исклучување
на Инфозабавниот систем
Притиснете го копчето e.
Последниот поставен аудио извор
се репродуцира.
Вклучување и исклучување со
клучот за палење (автоматско
вклучување)
Ако е овозможено автоматско
вклучување, Инфозабавниот
систем може да се исклучува и
вклучува со палењето.
Врската меѓу радиото и палењето
е поставена фабрички, но може да
се исклучи.
■ Ако е исклучено автоматското вклучување, Инфозабавниот
систем може да се вклучи само
со копчето e или со вметнување
диск, а да се исклучи со копчето
e .
■ Ако е исклучен Инфозабавниот систем кога е исклучено
палењето, без оглед на
моменталните поставки наавтоматското вклучување, тој може да се вклучи само со
копчето e и со вметнување диск.
■ Автоматското почнување е секогаш вклучено откако
Инфозабавниот систем ќе се
откачи од работниот напон и
повторно ќе се поврзе.
Вклучување/исклучување на
логиката на палењето
Само ТИД:
1. Притиснете го копчето SETTINGS за да се прикаже
Audio .
2. Притиснете го копчето n за да
се прикаже System.
3. Притискајте го копчето OK
повеќепати додека не се
прикаже Ign.Logic ON или OFF
(во зависност од тековната
поставка).
4. Изберете го саканиот статус со копчињата m n .
По неколку секунди ќе се прикаже
Audio заедно со релевантниот
аудио-извор.Или:
Притиснете едно од функциските
копчиња TUNER, MEDIA или BC за
да се прикаже релевантната функција.
Само ГИД: 1. Притиснете го копчето SETTINGS за да се прикаже
изборникот Settings.
2. Притиснете го копчето n за да
го изберете System.
3. Притиснете го копчето OK, а
потоа копчето n повеќепати
за да изберете Ign. logic.
4. Притиснете го копчето OK за да
ја смените тековната поставка.
По менувањето на поставката:
Притиснете го копчето n, а потоа
копчето OK за да излезете од
изборникот Settings.
Или:
Притиснете едно од функциските
копчиња TUNER, MEDIA или BC за
да се прикаже релевантната
функција.